Home Live Кате од „Нели ти реков“ се плашела што ќе речат луѓето за...

Кате од „Нели ти реков“ се плашела што ќе речат луѓето за за неа, а потоа татко ѝ пресекол и ѝ го сменил животот засекогаш

Катерина Танева Ѓорѓиев или попозната како Кате “Нели ти реков” е присутна на нашата музичка сцена повеќе од две децении, и иако од пред една година таа продолжи по војот пат и веќе не пее со оваа група, прекорот уште го носи.

Заедно со кавадаречко-неготинската група ,,Нели ти реков” оставија голем број на хитови во изминатите години, а сега дошло време секој да си продолжи по својот пат.

За ,,Фокус”, минатата година Танева открива која е причината поради која по повеќе од триесет години не настапува со членовите на ,,Нели ти реков” со кои биле како семејство, во добро и во лошо.

,,Нели ти реков,, е нераскинлив дел од мојот живот и мојата музичка кариера, па токму поради бендот и јас станав препознатлива како Кате од ,,Нели ти реков”.

Кога една група на луѓе заедно работи повеќе од три децении, ги дели успесите и падовите, секојдневните настани, заедно се радувала на достигнувањата, сосема природно е да ти биде како дел од семејството.

Со членовите имаме цела ризница од спомени, оставивме белег на македонската фолк сцена – вели Кате.

Кате е секако една од најубавите фолк пејачки на македонската народна сцена, која е скромна, ненаметлива, и може да се пофали со она што е најважно- квалитетни вокални спозобности и убави песни.

Музиката остана нејзината примарна професија, а и покрај многуте испеани песни, публиката најмногу ја памети по легендарната „Запри дожду“.

Освен по песната и гласот како слаевј, кавадарчанката Танева беше препознатлива и по својата природна убавина, а споредено со денес, за Кате како времето да застанало.

Во едно интервју, Кате има раскажано раскажа дека пеела на фестивалот „Златно славјече“, а за неа песна напишале познатите музичари Драган Ѓаконовски- Шпато и Васил Пујовски.

-И ден- денес го носам тој став, таква сум по природа, срамежлива. Тоа беше моето телевизиско искуство“ рече Кате која со групата “Нели ти реков“ почнала да пее кога имала само 18 години, а прво почнала со забавна музика.

-Тогаш немаше многу убаво мислење за пејачите, јас не сакав да работам така, да пеам по ресторани. Меѓутоа, тука беше мојот татко. Кога дошле дечките да ме викаат во групата, јас не бев дома, бев кај сестра ми.

Татко ми се јави и ми рече дека има едни деца што сакаат да работат со тебе. Јас кажав: Тато, нема шанси. Тој ми рече: Јас сум ти родител, народот ќе збори и така и вака.

Ако седиш дома, ќе бидеш проста. Ако си позната личност, ќе збори може и се најлошо за тебе. Ти биди си таква каква што сум те воспитал. Зад добриот коњ се дига прашина. Со негова поддршка ја прифатив понудата.

Пеевме во хотел „Балкан“, татко ми доаѓаше да не слуша и им кажа на колегите:

Влакно не смее да ѝ фали од коса“, раскажа Кате за своите почетоци додека беше во групата „Нели ти реков“.

Previous articleГи дале сите пари кои со години ги собирале за да му помогнат на ова момче- најемотивната приказна за Милена Дравиќ и Драган Николиќ
Next articleДомаќин прва класа, Јордан Митев го покажа својот дом во празничен амбиент (ФОТО)