Home Live Марија: Кога празниците ќе завршат сите ќе си заминат дома, странство, ќе...

Марија: Кога празниците ќе завршат сите ќе си заминат дома, странство, ќе си стават торба од проблеми…

Марија Лозаноска е млада девојка код Кичево, доста успешна во својата професија. Таа и е писателка и уметник која израбптува рачен накит и тоа доста успешно, а инаку му е сестра на Влатко Лозаноски, нашиот познат пејач.

Таа чeсто објавува инспиративни статуси кои се интересни и мотивирачки за нејзините следбеници. Во една прилика, таа на овој начин порача дека треба де се сакаме себеси.

Никој нема да те сака како тебе. Никој нема да те уништи како ти самиот. Никој нема да те утеши како што ти можеш.

Никој нема да те мотивира како ти. Никој нема да те излекува освен ти. Никој нема да те сака без разлика на сè освен ти.

Луѓето си заминуваат. Луѓето отсакуваат. Луѓето се премислуваат. Сите сме сами во своите кошмари. И само ние ги гледаме колку сликовито и да ги прераскажуваме. Биди си сè“, стоои во овој статус.

Марија на својот Фејсбук профил споделила една своја приказна, која ја има објавено на нејзиниот блог, а раскажува за празниците и за луѓето, и што се случува откако празниците ќе завршат, и приказната оди вака:

– Кога празниците ќе завршат сите ќе си заминат дома, странство, во другиот град. Ќе си стават торба од проблеми, обврски, омраза и лаги. Кога празниците ќе завршат никој ништо нема да честита.

Ќе чекаат повод, ќе чекаат причина, ќе чекаат слава или повторно празник. Кога празниците ќе завршат ти нема да ме сакаш. Кога празниците ќе завршат ти ќе ме засакаш.

Бидејќи ќе немаш потреба од нежност и внимание, оти не е празник. Бидејќи ќе си заминат сите и ќе ти останам само јас. Кога празниците ќе завршат убавото ќе заврши.

Кога празниците ќе завршат лажното убаво ќе заврши. Лошото не ни завршило никогаш, само се прикрило. Убавото постои и без празник, на убавото не му треба повод. Кога празниците ќе завршат ќе се вратиме на старите ние.

Ќе немаме повод за дотерување, за смеење, за собирање, за сликање полна софра. Кога празниците ќе завршат ќе ставаме лајкови на туѓи објави, ќе немаме лајкови на наши.

Затоа што мислиме дека тие продолжиле да слават, а ние не. Кога ќе завршат празниците другите ќе мислат дека ние немаме време за објави, оти славиме. Ќе стават слики од празно шише вино и две вински чаши полни со кока-кола.

Кога ќе завршат празниците повторно лажно ќе се смееме и ќе чекаме викенд. За да го испиеме кафето мислејќи дека само ние не сме поминале убаво вечерта.

Кога ќе завршат празниците ќе мислиме дека сме пиеле последно за празник. Ќе мислиме дека другите се отрезнуваат од синоќашното славење на животот. А, никој не пиел.

А, никој не славел. А, никој не се заљубил. А, никој не излегол. Само чекаат да дојде следниот празник. Да дојде Велигден, да дојде Први мај, да дојдат матурските.

Некој да побара некоја за жена, некој да закаже свадба. Кога ќе завршат празниците никој нема да празнува.

Освен оние на кои секој ден им е празник. И не чекаат празник за да се веселат и сакаат“, стои во приказната на Марија.

Previous articleИрена Спировска е авион- во овој фустан изгледа подобро и од помладите од неа (ФОТО)
Next articleГи дале сите пари кои со години ги собирале за да му помогнат на ова момче- најемотивната приказна за Милена Дравиќ и Драган Николиќ