Home Live Место на моите први чекори, многу изедени сморгоси, безгрижни денови… – Лила...

Место на моите први чекори, многу изедени сморгоси, безгрижни денови… – Лила го покажа скромниот стан во кој се родила (ФОТО)

Лила, каде и да се појави, блеска со нејзината позитивна енергија.

-Ова што го работам мене ми е многу природно. Јас воопшто немам ритуал или начин на кој јас сега ќе бидам професионална и успешна.

Едноставно така функционирам и тоа е мојот начин на работа. Тоа е во мојата природа и карактер што е навистина голема предност. Не сум човек кој има работа што го фрустрира. Мене работата ми е задоволство.

Како што банкарите работат во банка, касиерката во супермаркет, така и јас ја работам мојата работа професионално.

Како што тие мораат да ја завршат работата и да пријават промет на крајот од денот, така правам и јас со мојата работа.

Одговорам за сработеното пред очите на јавноста. Тоа значи дека помеѓу моето водителство и телевизиската работа и која било друга професија, апсолутно не постои разлика, ако пристапот е професионален.

Мојот најголем комплимент сите овие години не е врзан за изгледот, дали сум добра водителка, дали сум пријатна со публиката, туку впечатокот на останатиот свет дека сум професионална и дека сум човек од збор, стигнувам на време, мразам доцнење, го почитувам туѓото, но и своето време.

Кога почнуваш некој проект, со оглед на тоа дека зад мене се 10-тина, секој од нив беше различен, изјави Лила за Хибрид.мк, во една прилика.

Лила е успешна водителка која долги години ја гледаме позади ТВ екраните. Таа последно се појави на МакФест во улогата на водителка, а во таа прилика, Лила облече зелен фустан кој одлично и стоеше и ја подржуваше нејзината фигура.

Лила објави фотографии од погоренаведениот настан, а на сликите изгледаше многу среќно. Како што велат старите, во очите се забележува, кој е навистина среќен, па баш во очите на Лила се гледаше нејзината добра душа и среќата која ја чувствува.

Во описот на сликите, Лила напиша:

„Животот има една вистина и една лага. Јас бирам среќа, наместо тага.“

-Имам неколку омилени книги, но сепак мислам дека секој во куќата треба да има примерок од „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери, бидејќи тоа е роман на вечноста. Тоа е приказна за хуманоста и пријателството.

Книга полна со суштинска мудрост, а една од најубавите е: „Само кога гледаш со срце, го гледаш вистинското, најважното не се гледа со око“, изјавила Лила за српскиот портал „Редпортал.рс“

Петок е денот кога повеќето луѓе чувствуваат некакво олеснување бидејќи завршува друга работна недела и доаѓа викендот. Дали поради тоа или нешто друго, Лила ни кажа дека за неа љубовта е „гравче во петок“. А кој не сака грав?

Дали мислите дека лагата е корисна ако ја користиме за да направиме добра работа и да не повредиме никого- ја прашале понатаму нашата водителка, а Лила на свој начин дала одгвор:

-Тоа се таканаречените „бели лаги“. Само ако е навистина потребно и немате друг излез. И јас ги користам понекогаш, но да не заборавиме дека ако лажеме мора да имаме одлична меморија.

„Лила често ја нарекуваат докторка за шоубизнис во Македонија, па нѐ интересираше ако повторно да се роди, дали повторно ќе ја работи истата работа или пак ќе биде хирург, што своевремено го изрази како своја голема желба.“

-Јас сум човек кој сака промени, па веројатно би ја поздравила таквата промена. Ја сакам медицината, но животот не сакаше да бидам хирург, туку филолог и водител.

Кога би се родила повторно, би била хирург и сигурна сум дека би била популарена и ценета затоа што кога правам нешто, тоа го правам со многу љубов.

Така, на некој начин повторно би била јавна личност. Не знам, или пак да бидам доктор за шоубиз?“

Лила е родена во Гетеборг – Шведска и таму живеела сѐ до својата 12-та година, а и денес знае да отиде таму, односно кај сестра си, која и денес живее таму.

Носталгијата веројатно ги разбудила сеќавањата на нашата популарна водителка, а нив таа несебично ги сподели со своите обожаватели.

За Лила овој град е посебен, но едно место за неа буди многу сеќавања. Тоа е всушност населбата во која се родила Лила и првиот стан во кој живеела со родителите во Гетеборг.

Лила на Инстаграм Стори ја покажа зградата и станот во кој живеела кратко, тоа било нејзиното прво место на живеење, а на сликите се гледа дека се работи за скромна и мирна населба, со мали згради.

Во средина на целиот комплекс има детско игралиште, кое Лила вели дека отсекогаш било многу безбедно за играње. Лила потоа се сликала на ова игралиште и упати емотивни зборови:

-Дневникот на едно детство…. Дворот во Гамлестад … место на моите први чекори, првите пријателства, раскрварени колена од падот од велосипед, многу изедени сморгоси, гудис, безгрижни денови … сликите се избледени но сеќавањата свежи, напиша Лила.

Previous articleAнастасија на трибините залепена до татко му на Немања, Небојша – Можеби со мајка му е скарана, но со идниот свекор си го има муабетот (ФОТО)
Next articleЕве како изгледа првата љубов на Здравко Чолиќ – Јасна го нема заборавено до денес: Здравко е или сечиј или ничиј (ФОТО)