Home Live Немавме пари и бевме психички исцрпени- Емил, синот на Пепи Бафтировски емотивно...

Немавме пари и бевме психички исцрпени- Емил, синот на Пепи Бафтировски емотивно ја раскажа целата приказна како успеал откако останал без татко му

Пепи Бафтировски беше еден од најпознатите фолк пејачи на македонската сцена. Се прослави со песната „Сине мој“ која ја снимаше на почетокот од деведесеттите години на минатиот век, како повратник од печалба во САД.

Но и покрај тоа што беше голема ѕвезда во својата држава, Пепи не беше задоволен од третманот на луѓето од естрадата во Македонија и повторно реши да замине „преку големата бара “, но овој пат со сопругата Ава Керш, ќерката Марина и синот Емил.

Тој заедно со семејството во Америка заминува во 2003 година каде е решен да започне нов живот.

Но, по неколку години заеднички живот во туѓина, Пепи и Ава ќе се разделат во 2007 година, а по некое време на пејачот ќе му биде диjaгностициpaна и теш ката бoлecт – кан цер на белите дробови.

Пепи по кратко боледување, ќе ја изгуби битката со болecта во април 2008 година, на 66 годишна возраст и само пет години по неговото повторно доаѓање во Америка.

Пепи и Ава до последниот момент останале блиски, иако беа разделени и не живееја заедно. Последните години, како што велат неговите пријатели тој ги поминал сам, не јавувајќи се никому.

Откако му била дијагнocтицирана болеста, бил хocпитализиран, а неговите пријатели од САД преку Интернет упатија апел за да се соберат финансиски средства за тој да се врати во Македонија, што била една од неговите најголеми желби во неговите последни денови од животот.

Тој тогаш се уште живеел во Чикаго, а во писмото што тогаш кружеше на интернет, со апел за собирање на финансиска помош, пишуваше:

„Сега, кога е болен и осамен, Македонија е неговата последна желба. Помогнете ни да го вратиме Пепи во неговата татковина, во земјата од каде што потекнува. Пепи верува во добрината на нашите луѓе.

Тој се надева дека таа добрина ќе му помогне да се врати дома и таму да го мине времето што му преостанува. Се надева дека ќе се врати меѓу своите луѓе. А надежта последна yм и-pa…“

Сепак, Пепи Бафтировски не дочека последната желба да му се исполни. Никому ништо не згреши, а изгоре… Изгоре во желбата да поч ива на родната грутка земја, во својата мајка Македонија.

Почи на и беше пoг peбан во Чикаго. Зад себе остави голем број на хитови кои и денес се слушаат: ,,Ако згрешам нека изгорам” ,,Друга љубов не сакам”, ,,Заветна” и ,,Сине мој” се само дел од неговите антологиски песни.

Неговата поранешна сопруга Aва Керш, која се уште живе во Чикаго, за „Фокус“, демантираше дека последната желба на Пепи била да по чива во Македонија.

– Чувствувам празнина без него… Го изгубив мојот најголем пријател пред кого пеев, играв, се смеев, и пред кого можев да зборувам со часови, а тој да ме слуша со најголемо внимание.

Јас сум жена која го имаше целото внимание на светот. Со него се чувствував како да снимав филм во кој главната улога ја играв јас. Празните зборови кои сега се пишуваат за нас, повеќе не дозволувам да ме вознемируваат – вели Ава за „Фокус“.

Ава изјавила дека лошите коментари и обви нувања кои ги оставаат читателите на социјалните мрежи, под објавите за наводно неисполнетата последна желба на Пепи, на почеток и паѓале тешко, но повеќе не реагирала, бидејќи ја знаела вистината.

-На некој начин, јас сум веќе навикната на се.

Ова не е ништо во споредба со она што доживеав кога јавноста дозна дека ние сме заедно, со 24 години разлика во возраста. Претпоставувам, тоа е дел од музичкиот живот“, изјавила Керш.

Таа откако со Пепи се пресели во 2003 година работи во здравството, во Лојола Универзитетот, но остана активна и на тамошната сцена и учествува во популарни танцувачки шоу програми.

Марина пак, ќерката на Пепи и на Ава е мажена и има три машки деца.

Таа многу личи со својата мајка и од неа ја населдила убавината, а всушност, таа личи како да е фото модел.

А како денес изгледаат и што прават синот и ќерката на Пепи и на Ава? Синот Емил беше студент по медеицина на Универзитетот во Чикаго, а сега е доктор. И според сликите на неговиот Фејсбук профил, тој личи на манекен.

Според сликите што ги споделува тој е момче кое сака да се дотерува, но е доста посветен на својата професија, зашто има слики со белч мантил.

Сигурно дека Пепи, да беше жив ќе им се радуваше на внуците од ќерката Марина и ќе беше горд на неа, ама и на синот Емил секако, а сега својата гордост, децата и внуците на ФБ ги покажува нивната мајка, Ава.

А инаку, целата приказна за растењето без татко му и за тешката финансиска ситуација во која се наоѓале, тој ја има напишано на својот Фејсбук профил, во една прилика. Оваа приказна, полна со емоции оди вака:

-Преплавен сум од радост, возбуда, нервоза и сè помеѓу. Во периодот на мојата пауза, имав шанса да размислувам за мојот пат да станам студент по медицина. Откако татко ми се упокои, две жени – мајка ми и сестра ми – ме воспитаа.

Кога бевме финансиски поразени, емоционално нестабилни и психички исцрпени, мајка ми и сестра ми некако сè уште веруваа во фактот дека мојата благосостојба ќе биде на прво место.

Нема магија во ваква приказна; реалноста е дека љубовта и грижата што доаѓаат од жената можат да го турнат мажот подалеку од дури и од се што може да сонува. На крајот на денот, ова не е мое лично достигнување, туку достигнување за моето семејство како целина.

Не постои збор во англискиот речник што може да ја сумира мојата благодарност за бескрајната поддршка и жртва што ја дадоа мајка ми и сестра ми.

Доведен сум во ситуација во која навистина можам да го унапредам мојот живот до точка на независност и стабилност, и таа можност се појави поради нив.

-Сè што треба да направам сега е да ги положам сите мои испити, без притисок“, стои во приказната на Емил.

Previous articleСања од „Брза кујна“ облече венчаница- Кажа ли ДА? (ФОТО)
Next articleИрена Спировска е авион- во овој фустан изгледа подобро и од помладите од неа (ФОТО)