Home Live Ова го кажа Димче Мешковски за својата пријателка Мара Попара, а ова...

Ова го кажа Димче Мешковски за својата пријателка Мара Попара, а ова е приказната за нејзиниот татко, кој се мачел за да успее во животот

Ако се спомене името на Мара Попара или актерката Катерина Крстева која денес се упокои на 85 годишна возраст, асоцира на Димче Мешковски, кој беше нејзин колега и пријател.

Сега Лос Анџелес е неговото постојано живеалиште, тој повеќе од 10 години живее во Америка, ама кога ќе дојде во Скопје сака да рече: Живеам и таму, и тука, на Партизанска. Димче беше во Скопје во 2018 година и раскажа за својот живот близу Холивуд.

– Животот е убав и скап. Особено за нас, затоа што ние заминавме како пензионери, плус со сите мои здравствени проблеми. Веќе не можам да работам за да допиринесувам дома.

Егзистираме скромно, но врзани сме за ќерката и за внуката, затоа сме и таму. Една од причините што заминавме е американската медицина.

Во Лос Анџелес многу добро ме лечат, медицината таму е на највиско ниво. Стручни кадри, стручна екипа, медицинска техника до совршенство.

А јас, бидејќи имам повеќе од 65 години, имам право на бесплатно лекување“, рече Мешковски во интервју за Женски магазин.

Легендата Димче Мешковски, познатиот актер кој за публиката познат како Мешко, во една прилика рече дека мнгу работел, многу шетал, а има многу малку фотографии од сите свои доживувања.

– Не сум водел многу грижа да приберам свој материјал, немам голема архива, за разлика од мојата ќерка Наташа која сè складира.

Сега ми е малку криво што бев така неорганизиран“, рече Димче во емисијата „Нешто плус со Кате“ пред неколу години.

Тој зборуваше за своето семејство. „Татко ми беше службеник, и мајка ми исто, во банка.

Имам прекрасни брат и сестра“, рече Мешковски, и раскажа дека освен по улогите, го паметат и по гласот, по неговата синхронизација на цртани филмови како „Попај“ и многу други.

Мешковски раскажа дека пресметал дека во неговиот театар има одиграно околу 6000 претстави, десетина претстави се по 300 пати играни, меѓу кои се „Болва во уво“, „Солунски патрдии“, „Собирен цетар“, „Викенд на мрт-овци“…

Потоа Мешковски покажа слика со својата колешка Мара Попара од гостување во Австралија. „во Австралија сме биле девет пати, во Канада 4 пати, во Америка исто така многу пати.

Инаку, порталот Дума, во една прилика објави приказна за стар Велес, а во неа е спомнат и таткото на Мара Попара, и раскажана е неговата приказна.

– До Алчевци живееше уште една фамилија Алчеви, Томо со сопругата Родна, ќерката Цвета и синот Ацо. Веднаш до нив се наоѓаше куќата на Мартулкови, на стариот Тодор, кој беше вдовец.

Со него живееше ќерката Коцка која исто така беше вдовица. Таа живееше со нејзината ќерка Нада и синот Киро. Тодор Мартулков беше еден од сопствениците на втората фабрика за масло за јадење во Велес покрај онаа на Ѓошо Органџиев.

Фабриката се наоѓаше на пругата што води кон Штип, под маалото подолу од куќата на Кирови на патот кон железничката станица. Во куќата на Мартулкови како потстанар живееше Стојан Крстев, инаку татко на позната македонска глумица Катерина Крстева.

Крстев беше ученик во таканаречената реална гимназијата во Велес и беше еден од најдобрите ученици. Заради успехот во училиштето Стојан доби стипендија за школување на Вое ната академија во Белград од каде произлегуваа припадниците на Кралската гарда.

Таму стана и офицер“, стои во овој текст на Дума кој го напишал Јосиф Џочков, новинар во пензија.

Previous articleЖалам за нејзината судбина, крајот бескрајно тажен- Блага Петреска раскажа емотивна приказна за Мара Попара
Next articleМаринко ќе беше многу среќен да го дочекаше четвртото внуче, а на пат е и петтото – се породи Сара (ФОТО)