Home Live Сања од „Брза кујна“ облече венчаница- Кажа ли ДА? (ФОТО)

Сања од „Брза кујна“ облече венчаница- Кажа ли ДА? (ФОТО)

Сања Савеска, нашата шармантна водителка за кусо време успеа да ги освои срцата на гледачите, прво во ТВ 24 , а потоа како нова водителка на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ на ТВ „Сител“.

Сања Савеска вели дека овој ангажман кој ѝ е голема љубов, прво го гледала како предизвик, како и сè во животот, подготвеноста со нејзиниот сакан Томи да се качи на мотор и да открива нови места покрај море.

Како хороскопски рак, Сања за себеси вели дека е преемотивна, раскажува што ја прави среќна освен времето поминато со шефовите од брзата кујна, открива дел од својата приватност.

-Секоја промена носи со себе предизвици, да се дојде на веќе изградена позиција и на место кое веќе е добро прифатено е уште поголем предизвик.

И токму така ја прифатив понудата, како предизвик. Притисок не почуствував, бидејќи долго време ја работам оваа работа, а веќе долго време посакував ваков проект.

Обожавам да поминувам време готвејќи, ме смирува, релаксира и инспирира . Благодарение на моите родители научена сум од мала да ги завршувам домашните обврски сама, па така и доста мала научив и да си направам јадење.

Сакам да готвам и да пробувам нови рецепти, но ги сакам и традиционалните јадења. А дали сум добар готвач ?

Досега никој не се пожалил на стомак, а и ништо не останало недојадено“, рекла во Женски магазин Сања.

– Снимањата течеа со навистина интензивно темпо, се снимаа по 3 емисии дневно, речиси секој работен ден . Првите неколку дена ми беа малку потешки, бидејќи требаше да ја фатам и јас минутажата и да го совладам брзото темпо на шефовите.

Но навистина многу бргу се вклопивме тројцата па секое следно снимање ми беше полесно, додека сега веќе и не чуствувам дека сум на работа, едноставно уживам со целиот тим кој работи на овој проект но и со нашите драги натпреварувачи.

-Типичен хороскопски рак сум, преемотивна и често кога искажувам емоции знам да пуштам солзи.

Тоа би го променила дефинитивно, затоа што денешното живеење е многу сурово и неправедно, па знам поради својата искреност и емотивност да страдам.

Знам да паднам, и повторно да станам, и посилна од претходно, па сметам дека тоа ми е силна особина, што не се откажувам никогаш и упорна сум во се што работам.

Заедно функционираме неколку години,и двајцата сме си поддршка во работата. Томи е спец.неврохирург и има многу потешка работа од мојата и премногу одговорна , и мојата работа исто бара долго отсуство од дома, но секое слободно време сме заедно и ги правиме работите што не опуштаат, возење со мотор и долги прошетки со Маша“.

Ова го кажа Сања за својот дечко со кој е долги години во врска… Сања облече венчаница која ѝ стои супер и се гледа дека нашата водителка би била прекрасна невеста. Овие слики, таа ги објасни на овој начин:

Паричката не ми падна и оваа година, но сепак добив одлична понуда која не се пропушта!!! Кажав ДА за промотивна фотосесија за general.luxury.wedding.studio

Единствената продукција која ќе ги овековечи Вашите најсреќни моменти со високо квалитетна филмска техника, водена од острото и професионално око на единствениот Дарио Јанковиќ и неговиот супер фантастичен тим!

Отсега па натаму не размислувајте кој ќе ги направи вашите свадбени фотографии. Резервирајте си навреме термин за ваква филмска фотосесија“, стои во описот на сликите.

Со оглед на тоа дека венчаницата супер ѝ стои, очекуваме наскоро оваа наша убава водителка пак да ја облече, но не само за сликање, туку за нејзина свадба.

Previous articleКратко летно фустанче среде зима- Дани има совршена причика да скока од радост (ФОТО)
Next articleНемавме пари и бевме психички исцрпени- Емил, синот на Пепи Бафтировски емотивно ја раскажа целата приказна како успеал откако останал без татко му