Home Live Среде зима облече летни чизми, мини фустан и деколте и настапи надвор...

Среде зима облече летни чизми, мини фустан и деколте и настапи надвор вака облечена- еве зошто Елена Ристеска е уникат (ФОТО)

Нашата позната и атрактивна пејачка Елена Ристеска во моментов е послабо активна во музиката, но нешто сосема друго ѝ го окупира времето на популарната пејачка.

Елена од неодамна е сопственик на своја козметичка линија ЕРА, која го носи името според нејзините иницијали и првата буква од имeто на нејзиниот упокоен татко, Ацко.

Пејачката во неколку интервјуа изјави дека е зафатена со промоцијата на женскиот и на машкиот парфем и нема време за љубов. Но, не ја исклучува можноста повторно да се омажи.

Таа неодамна изјави дека ја нервира што луѓето се полни со предрасуди за јавните личности. Тоа го искажа и во една од нејзините песни „Немаш право да ми судиш“, за која го напиша текстот.

„Луѓето се полни со предрасуди за нас, не знаат во што да веруваат, а во што не од напишаното или кажаното.

Не е ни за осуда таквиот став, денес може да се пише сè и сешто за секого без да се сноси одговорност ниту да се има совест дека се влијае на нечија судбина, па луѓето се во заблуда за нас.

Но, кога ќе ти пријде потенцијален партнер и ќе те разочара со прашања од типот на: „Сум чул за тебе „тоа и тоа” или вистина ли е “тоа” за тебе“, веднаш сфаќаш дека тоа не е дораснат и доволно реализиран партнер за да можеш да градиш иднина со него.

Уште не те запознал тој веќе те осудил со сомнеж. Таквата приказна најчесто не е вистинската. Со целиот тој лавиринт од приказни за нас јавните личности, мислиш лесно е да ти пријде некој сосема нормален партнер?“, изјави Елена за „Женски магазин“.

Во истото интервју таа зборува и за тоа каков би сакала да биде нејзиниот иден сопруг. Важно е, според Елена, оној со кој ќе го помине животот да биде интелегентен.

„Да е исто така еднакво амбициозен како мене за да не ме влече назад во кариерата. Да растеме и да создаваме заедно, да градиме заедничка империја и успеси.

Најголемиот порок да му биде зависност од јадење благо. Да спортуваме заедно. Да има смисла за хумор, бидејќи рецепт за долготраен брак и живот е смеата и интерните шеги.

Да ми биде најдобар другар, бидејќи нели треба да е „брачен другар”. Да можам со него сè да споделам. Безусловно да знае да љуби, бидејќи јас само така умеам.

Да му е важна сегашноста , а не минатото или иднината. Едноставно, јас и тој од едната страна и целиот свет на другата. Звучеше како оглас? Хахаха“, рече пејачката.

– Ако си успешен во нешто, или ќе те копираат, или ќе ти завидуваат, или ќе те мразат”. #Достоевски. Јас немам проблем со ниту едно од трите нешта погоре набројани.

Затоа што во најтешкиот период во целиот свет, одлучив да отворам нов бизнис од нула сосема сама и завртев нова животна страница.

Продолжувам со уште поголема страст и желба да го градам мојот сопствен бренд за козметика“, рекла Елена. Елена Ристеска е горда тетка на Делфина, која ѝ е внука од сестрата Драгица Ристеска- Димитровска.

-Викаат кога ќе станеш мајка се менува животот но кога ќе станеш ТЕТКА дефинитивно се менуваш како човек. Од тој момент повеќе се радувам на името “Тета” отколку на името Елена- напиша Елена на роденденот на својата внука.

– Делфина буди чувство на љубов во мене. Ме потсетува дека децата се најубавото нешто што можело да му се случи на човештвото и најубавата фаза во животот на еден човек. А мајчинските и теткинските чувства се едно исто- додаде Елена.

Елена постојано споделува моменти од дружбите со својата најсакана внука. Таа во една прилика објави фотографија со мајка си и сестра си и објави дека тие се светот на Делфина.

Елена на социјалните мрежи сподели една рекапитулација на годината што измина, и од дружење со нејзинте обожаветли и таа по овој повод напиша:

– Да се потсетиме на еден од најубавите моменти во 2022рата, дружењето со моите обожаватели после долго време. Конкретниот настан е “Новогодишниот базар” во Ист Гејт (East Gate Mall) @eastgatemall.mk . Разгледајте ги фотките можеби ќе се видите на некоја од нив.

Не би можела да замислам да постојам на сцената без љубовта од моите обожаватели. Тоа е најголемиот благослов од Бога. Јавно им благодарам за тоа“, напишала Елена.

Ама, овие слики што ги објавила се уникатни по едно нешто, а тоа е нејзиниот аутфит, тоест фустанот кој го облекла. Без оглед на тоа штѕо пеела во зимски услови, Елена имала на себе краток и отворен фустан.

Но, имала и доста интересни обувки, тоест летни чизми, со отворени прсти, што значи дека Елена е цврста како карпа, и кога е зима, додека пее, неа љубовта ја грее и не ѝ студи.

Previous articleВелевска замеша во црвен, ултра мини фустан со шлиц, па погледна надолу да си го провери деколтето (ФОТО)
Next articleПрија и Анастасија ептен другарки, избегаа од дома за заедно да уживаат на ова супер место