Home Live Велевска замеша во црвен, ултра мини фустан со шлиц, па погледна надолу...

Велевска замеша во црвен, ултра мини фустан со шлиц, па погледна надолу да си го провери деколтето (ФОТО)

Секогаш искрена и за својата професија и за својот приватен живот, кој е доста бурен во послесдно време, откако се разведе од охриѓанецот Марјан. Тоа е Елена Велевска, една од наште најдобри и најпопуларни, и најзгодни фолк пејачки.

Мајка на три деца, Марко, Калија и софија, Елена за најстарата ќерка Софија во една прилика рече дека е доста музикална, и дека најверојатно, таа ќе тргне по нејзините стапки.

-Публиката ми се чини дека никогаш досега не сум ја доживеала дека е толку жедна за пеење, за музика, за софра, пиење, за здравица. Значи, народот сака песна и никој не може да ме убеди дека на народот не му е дојдено до песна.

На народот и тоа како му дојдено до песна, до олабавување, да заборави на сè што се случи, а тоа сето полесно е кога ќе го пренесеме ние преку песна. Ќе ги разнежниме и на тој начин многу е полесно и да си се опуштат со добро вино и убава музика, истакна Елена во едно интервју за ИН ТВ.

Во еден период од нејзината кариера, Велевска се пробиваше и на бугарскиот музички пазар:

– Овде како да достигнав се,а пак го немаме оној гламур кој доликува за вистинска ѕвезда. Знам дека можам и заслужувам многу повеќе.

во еден период имав се почесто настапи во Бугарија, на мое големо позитивно изненадување тамошната публика ме прифати одлично.

Во моментов музичката сцена во Бугарија е на врвот кога е Балканот во прашање, квалитетни видеоспотови, изведувачи, и најбитното имаат голем медиумски простор каде да ги презентираат своите дела.

За жал во Македонија во моментов состојбата е таква како што е, и секое алтернативно решение е добредојдено“, изјави Велевска претходно.

Елена во 2021 година снимаше спот и тоа на убава и екслузивна локација, во хотелот „Изгрев спа“ во Струга, од кој се пружа прекрасен поглед на Охридското еззеро.

Слики од снимањето со Елена објави продукцијата „Томато“. Она што е карактеристично на сликата е стајлингот на пејачката.

Велевска носи високи чизми, џемпер, но не носи ниту панталони ниту сукња, што на оваа фотографија, а и на видеото му дава дополнителна провокација. Таа на Фејбук во една прилика имаше емотивно обраќање:

Драги мои, Сите знаеме дека добрата песна нема рок на трање, секоја песна има творци и кога е презентирана на широката јавност, но дали истата ќе остане да живее и ќе остави трага- нема правила.

На многу песни им е посветено вниамие, но не станале хитови. Добар дел неправедно биле недоволно промовирани, но и после долги години се пеени, препејувани и обновувани.

„Говорот на телото” од првиот ден го имаше внинамието, ама секогаш имав впечаток дека песната не го добила тоа што го заслужува секоја добра песна во ова модерно време на екранизација.

Можеби и подобро е токму сега кога видео-записите кои, иако се направени од вистинските мајстори на својот занет, знаат да ја пренесат душата на песната низ подвижни слики…

Не го следевме трендот на повторно снимање на песната бидејќи оргиналната верзија ја има душата која и после 17 години, ќе речат нескромно е, но навистина парира на денешната продукција.

Единственото што недостасуваше за песнава да биде комплетна е видео-запис кој во моментов Ви го презентираме (да, множина, бидејќи цели тим стои зад ова парче), а воедно сме горди што токму „Говорот на телото” е првото вертикално видео за песна од Фолк етерот. Со почит, Елена Велевска“.

Велевска објави стори од свој настап каде што топ изгледа, во ултра мини црвен фустан, со деколте кое исто така доста го истакнала.

Елена запеа, замеша, позираше на камерата, и во еден момент погледна надолу, да си го провери деколтето…

Previous articleЕве како изгледа првата љубов на Здравко Чолиќ – Јасна го нема заборавено до денес: Здравко е или сечиј или ничиј (ФОТО)
Next articleСреде зима облече летни чизми, мини фустан и деколте и настапи надвор вака облечена- еве зошто Елена Ристеска е уникат (ФОТО)