Home Live За малку ќе бил со неа место со Јелена Томашевиќ- оваа убавица...

За малку ќе бил со неа место со Јелена Томашевиќ- оваа убавица е несудената љубов на Иван Босиљчиќ

Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ важат за еден од најкомпатибилните парови на домашната јавна сцена, а актерот и пејачката се во брак од 2011 година. Од нивната љубов се роди девојчето Нина.

Иван објави фотографија со својата ќерка Нина, која ја има од бракот со пејачката Јелена Томашевиќ, со која ужива во љубовта.

– Нина е едно исклучително сензибилно дете. Истовремено знае да биде и борбена и онака, да се смири како некое пиленце. Имаме прекрасен однос.

Еве, пред некое време ми рече дека јас сум нејзиниот најдобар другар. Тоа толку ми импонираше, толку многу.

И ќе се трудам тоа да го одржувам. Сите мои претстави, концерти, јас ѝ ги посветив на Нина. Таа е сè уште мала за да го разбере тоа, но јас решив моите настапи да ѝ ги оставам како спомен.

Кога би ѝ оставил нешто на хартија, тоа би било писмо, но ова е како едно парче, една приказна која би сакал еден ден мојата ќерка да ја протолкува и да сфати што сакал татко ѝ да каже со неа“, изјави актерот за Женски магазин.

Кога зборувам за Јелена сите мислат дека кога ќе речам поддршка зборувам само за нашата работа, затоа што и двајцата сме јавни личности. Но, знаете што, нашиот живот е стабилен пред сѐ затоа што сме тука еден за друг.

Љубовта е голем потенцијал за еден заеднички живот, но и љубовта мора да се негува. Тоа е како однос кон едно дрво, кое го залеваат двајца. Па потоа тројца, па четворица, па ако даде Господ и петмина, хахаха“, раскажа актерот.

Бо Театарот на Теразије играм во „Циганите летаат во небо“ и во „Зона Замфирова“. Зоне и Мане се нешто како нашите Ромео и Јулија.

А во Русија исто така снимам голема историска љубовна приказна, која се прикажува на нивниот прв национален канал.

Така што некаде, и понатаму се држам до љубовта. Само што тогаш играв од еден, да речам ергенски агол, а сега позрело ја третирам љубовта како родител, сопруг, и веќе маж во години“, додаде Босиљчиќ.

Сепак, помалку е познато дека овие двајца уметници се забавувале една година пред бракот, извесен период раскинале, а потоа ја обновиле романсата бидејќи сфатиле дека се судени еден за друг.

Во периодот кога не беше со Јелена, тој започна романса со младата балерина Лидија Новаковиќ. Нив ги спои мјузиклот „Циганите летаат кон небото“ во кој Иван го толкуваше главниот лик, а Лидија беше дел од балетската претстава.

Тогашната избраничка на Иван, која учествувала на изборот за Мис на Србија, е родум од Панчево, каде што завршила основно балетско училиште, а подоцна професионалната обука ја продолжила во Белград. И денес балет вежба во Театарот во Теразије.

Повеќе или помалку тајната романса на Лидија и Иван, која траеше неколку месеци, не преживеа.

Иван и Јелена се смирија, започнаа ново поглавје, а набргу потоа ја информираа јавноста дека Јелена е бремена.

Previous articleДомаќин прва класа, Јордан Митев го покажа својот дом во празничен амбиент (ФОТО)
Next articleЖалам за нејзината судбина, крајот бескрајно тажен- Блага Петреска раскажа емотивна приказна за Мара Попара