Home Live Жалам за нејзината судбина, крајот бескрајно тажен- Блага Петреска раскажа емотивна приказна...

Жалам за нејзината судбина, крајот бескрајно тажен- Блага Петреска раскажа емотивна приказна за Мара Попара

Многу нејзини колеги, пријатели и оние кои ја почитуваа и ја сакаа како актерка денеска се простуваат од Мара Попара, актерката со вистинско име Катерина Крстева, која многу генерации ја засакаа по овој прекар.

За нејзиното упкојување, прв објави Македонскиот народен театар, кој ја раскажа биографијата на оваа наша позната актерка- комичарка која сите ги смееше и ги радуваше.

-Со огромно жалење ја споделуваме веста за смр-тта на актерката Катерина Крстева (1938 – 2023), дамата на македонското актерство – популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“.

Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и веселост на театарската сцена и ТВ екраните ја направија миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика.

Како актерка е вработена прво во Драмски театар, за во 1964 година да премине во НУ Македонски народен театар, Скопје, каде останува сé до пензионирањето.

Првата улога во МНТ и е онаа во драмата „Дон Цезар од Базан“ премиерно прикажана во 1965 година.

Останати нејзини позначајни улоги во МНТ се оние во претставите: „Антица“ (1965), „Градскиот саат“ (1966), „Ревизор“ (1966), „Стапица за осум беспомошни жени“ (1966), „Време од вашиот живот“ (1967)…

„Сенка“ (1967), „Вител“ (1968), „Мајка“ (1968), „Без вина виновни“ (1968), „Бања“ (1968), „Печалбари“ (1969), „Играта на наредникот Мазгрејв“ (1969), „Парите се отеп-увачка“ (1970), „Живиот труп“ (1971), „Херкул и оборите на Авгиј“ (1971)…

„Коштана“ (1971), „Зајдисонце“ (1971), „Фома“ (1972), „Животот на Галилеј“ (1972), „Децата на сонцето“ (1973), „Скуп“ (1973), „Хелдерлин“ (1973), „Ѕидот, водата“ (1973), „Хемиските потписи на човечките организми во воздухот“ (1975)…

„Хеда Габлер“ (1976), „Оте-пвачка“ (1976), „Бесови“ (1978), „Кенгурски скок“ (1979), „Милион маченици“ (1980), „Остен“ (1981), „Молскавици“ (1981), „Граѓанинот благородник“ (1982)…

„Во-ена тајна“ (1984), „Бог“ (1984), „Слободни врски“ (1984), „Иванов“ (1984), „Аудиенција и под нов покрив“ (1988), „Рекламна бајка“ (1989) и последната „Крик“ (1991).

На телевизискиот екран и филмското платно има остварено главни и споредни улоги во сериите и филмовите: „Хихирику“, „Театарче лево коше“, „Трст виа Скопје“, „Македонски народни приказни“, „Поштар“, „Простодушна љубов“, „Погрешно време“…

„Битолски лакрдии“, „Волшебното самарче“, „Шеќерна приказна“, „Учителот“, „Милион маченици“, „Едно лето“, „Случки од животот“, „Тврдокорни“, „Пред дождот“, „Во светот на бајките“…

„Агенција осамени срца“, „Време за плачење“, „Мост“ и други. Меѓу последите улоги и се оние во „Преспав“ и „Дедо и внук“. Информацијата во врска со комеморацијата за актерката Катерина Крстева ќе биде дополнително објавена. Вечна ѝ слава!“, стои во објавата на МНТ.

– Нашата бабичка од култната претстава ЦРВЕНКАПА, денес на 85 годишна возраст замина во вечноста.

Драга Катерина Крстева, драга Мара Попара, драга наша Бабичке, колективот на ТДМ неизмерно ти благодари за твојот особен придонес во развојот на театарот. На 13 јануари, петок претставата ЦРВЕНКАПА ќе ја посветиме во твоја чест.

Поч- ивај во мир“, напиша за Катерина Театарот за деца и младинци од Скопје. „Поч-ина легендарната македонска актерка, Катерина Крстева алиас Мара попара!

Кој не се смеел до солзи невозможно е а да не ја знае царицата на хуморот и сатирата,

Мара попара! Секогаш кога си заминува актер од овој свет си заминува и дел од нас затоа што тие, актерите преку целиот наш живот се дел од нас со нивните безвременски дела, кои носат ведрина, радост, емоција, наше пробудување.

Мара попара е име кое вечно ќе остане во колективната меморија на овој народ! Катерина Крстева (1938-2023) Вечна и слава!“, стои на Фејсбук страницата која е посветена на Ѓорѓи Колозов.

Но, најемотивната посвета за Катерина ја даде Бкага Петреска, која всушност накратко ја раскажа нејзината животна приказна за која рече дека била многу тажна, а ја спомена и нејзината сестра.

-Мара Попара не напушти. Не можам да престанам со жалење за нејзината судбина. Толку Јак дух, толку позитивна, а крајот бескрајно тажен. Кате моја, нека ти е светол патот и ете не можеше без Цале и побрза кај него. Сочувство до сестра ти“, стои во посветата на Блага.

Previous articleЗа малку ќе бил со неа место со Јелена Томашевиќ- оваа убавица е несудената љубов на Иван Босиљчиќ
Next articleОва го кажа Димче Мешковски за својата пријателка Мара Попара, а ова е приказната за нејзиниот татко, кој се мачел за да успее во животот