Home Live Ја паметите ли згодната водителка Дени- Зона Х, и денеска изгледа како...

Ја паметите ли згодната водителка Дени- Зона Х, и денеска изгледа како авион, а еве со каков добар бизнис се занимава (ФОТО)

Една од нашите најатрактивни водителки, а и пејачки (иако кратко се обиде во музиката) беше Даниела прво само Спасовска, а потоа и Гошевска или попозната како Дени Зона Х.

Оние малку повозрасните, или подобро речено што се родени пред 2000 години, сигурно се сеќаваат на девојката која ја гледавме како ТВ водителка во забавно-музичките емисии од типот на (Зона-Х).

Потоа ја гледавме како модел во видеоспотовите, како пејачка во своето видео, ни се смешкаа од насловниците на списанијата и магазините, календарите…“, објави пред извесно време Вистина.мк за нашата атрактивна водителка.

Русокосата убавица со ангелско лице и совршено складно тело, скопскиот „крем“ ја запозна како убавата келнерка од „Чао“, култното скопско кафуле во ГТЦ, каде долго работеше.

Но, Даниела тогаш само Спасовска, денес и Гошевска – Дени беше како создадена за фотомодел. Со лице кна моден камелеон кое трпи исклучителна моќ на трансформации на фотографиите, некои дури и ја споредуваа со тогаш најпоозната манекенка на светот, славната Кејт Мос.

И не беа далеку од вистината, барем според убавината и појавата. Непосредноста, широката бисерна насмевка и секако убавината беа нејзините заштитни знаци, кои од кафулето ја однесоа пред фотобјективите и камерите, па Дени ајнцерот го замени со микрофонот.

Беше една од најатрактивните ТВ водителки и модели од крајот на 1990-тите и почетокот на новиот милениум, но и промотер и пионер на електронска музика или техно музика како што ја нарекуваа во тоа време, со својата емисија „Зона Х“, која го третираше токму тој прогресивен, нов звук и неговите жанрови и правци.

Долгогодишната врска со нејзиното момче, денес сопруг Миле Гошевски, ДЈ, автор и продуцент и еден од пионерите на електронската музика кај нас ќе придонесе водителката да се обиде и како пејачка.

Песната и особено видеото насловени „Овој град е магичен“ на ДСГ (Даниела Спасовска Гошевска) беше своевидна револ-уција за тоа време.

Не заради вокалниот потенцијал на пејачката секако, ама заради сето останато – чекор од „7 милји“ пред другите. Сепак, пејачката кариера на Дени остана само на обид, фотомоделството остана само хоби од минатото, а водителството полека го замени со друга професија.

Стана сопруга, наскоро потоа и за прв пат мајка, се вработи во секторот за продажба на тогашниот Мобимак, па мајка по втор пат…

И така времето полека си минуваше“, се вели во текстот на Вистина.

-Станав сопруга па наскоро потоа и за прв пат мајка, се вработив во тогашен Мобимак во сектор продажба, станав мајка по втор пат…(се смее). И така времето си поминува… Работата како модел која повеќе може да ја наречам хоби остана во мојата глава како минато, убаво, забавно и интересно поминато време.

Сега сум целосно ориентирана кон бизнис сегментот и работите кои се подинамични, во кои се бара многу ангажман, едноставно вложување и на многу енергија и финансии.

Семејството ми е најважното нешто во мојот живот. Среќна сум што имам прекрасен сопруг во секоја смисла на зборот и деца кои ме направија најсреќна личност на светов, така барем јас се чувстувам затоа што ги имам нив.

Семејството ме направи да сум многу јака и силна, ме исполнува со позитивна енергија и со неизмерна љубов, едноставно сум пресреќна… Што човек да посака повеќе…“, изјаво Дени во една прилика за Фешнел.

Денес, Даниела Спасовска Ѓошевска или Дени е семејна, деловна жена и мајка на двете слатките дечиња: поголемиот Максим и помалата Мила. А, според сликите кои ги постира на Фејсбук може да се види дека е доста посветена на семејството.

Синот Максим во декември минатата година наполнил 18 години, па Дени поставила видео во кое на својоата прва љубов му го честита роденденот. А, она што може да се забележи е дека ужова во патувањата.

Дени на Фејсбук често поставува слики од својот бизнис, а тоа е уметничка галеерија, и доста е горда и посветена на својата работа, а во галеријата има слики од наши познати уметници.

Она што е очиледно е дека Дени и денеска изгледа како авион- а тоа е особено видливо на сликите на кои е во бикини. Како вечат, жена, мајка, кралица, а Дени секако го задоволува овој опис.

Previous articleJaсмин ја придружуваше Сузе во Англија, но сега замина на одмор и се огласи што чекал долго време (ФОТО)
Next articleТој е многу важен за Елена Ристеска и од срце го сака- ЧОВЕК каков што не се раѓа секој ден!