Home Live Јована од „Сител“ даде искрен одговор на прашањето: кој е љубовта на...

Јована од „Сител“ даде искрен одговор на прашањето: кој е љубовта на вашиот живот?

– Совршено си среќен секој ден кога немаш голема грижа! Големите грижи, тие те прават помалку среќен.

Секој од нас си испишува своја историја“. Ова се мудри одговори од убавата водителка Јобана Стојменовиќ.

Таа, како што е познато е долги години заштитоно лице на ТВ Сител, и во една прилика ова го кажа во интервју за vipheart.mk, а во истото интервју, таа додаде:

– Повремено ме воодушевуваат постапките кои ги прават луѓето кои токму преку тие свои големи постапки можат да се наречат големи, храбри, хумани. Срам ми е да лажам, стојам зад своите постапки, но кога сакам да заштитам некого… дојди да ти шепнам – сокривам информации“.

Таа е едно од лицата со кое се будиме, гледајќи ја во утринската програма на Тв „Сител“, „Ја сакам Македонија“. Одмерена, елегантна и насмеана, Јована Стојменовиќ е една од оние водителки кои секогаш внимаваат на јазикот и на дикцијата.

Тешко ли е да станеш рано, да се дотераш и да бидеш концентрирана пред камерите?, ја прашале Јована во една прилика во Женски магазин, а таа на ова одговорила:

– Потребен е голем влог за сето споменато. Освен за самиот чин на водење на гледачите низ содржините, јас имам голема улога во изборот и креирањето на истите во соработка со моите прекрасни колеги.

Така што презентирањето на содржините е само финале на сето она што претходи на секое издание на „Ја сакам Македонија“, за кое, секако, значајно се подготвувам.

Во април, утринската програма на „Сител“ ќе наполни 17 години, а и јас со неа исто толку години ангажман во создавањето на таа приказна и ангажман во телевизијата, бидејќи сум дел од утринската програма од првата година на нејзиното постоење.

Емисијата оди во живо и постојат многу непредвидени ситуации кои можат да се случат и се случиле.

Лапсуси секако дека имало и ќе има, но не можам да издвојам некој конкретен на кој се сеќавам, веројатно поради тоа што секогаш гледаме да ги заборавиме ситуациите што ни предизвикале да се засрамиме.

Но, имало многу згоди и незгоди на целата утринска екипа што предизвикале и да се нервираме, но и да се смееме до солзи“, кажала таа за Утринската програма.

Јована потоа се сети на времето кога била манекенка и рече: „Се занимавав околу 5-6 години со манекенство пред да почнам да работам на телевизија.

Работев најмногу модни ревии во рамките на модните недели што се организираа тогаш благодарение на модното студио „Црнокрак“ и модната сцена која како да беше поактивна или барем повпечатлива некако, според мене, пред 10 години.

Имам прекрасни емоции кога ќе се присетам на тие настани и на чувството кога ќе излезеш на писта, за да го презентираш моделот на дизајнерот, тоа е навистина посебно.

Работев и фото-сесии, видео спотови итн., но не учествував на избори за убавина. Мислев дека не ми е потребен тој натпревар, бидејќи изборот за убавина во суштина е натпревар кој е поинтересен за набљудувачите отколку за учесниците, па затоа останав набљудувач.

Избори за убавина постоеле отсекогаш и веројатно ќе постојат и понатаму, но ако јас се прашувам, би ги преименувала во „дефиле на убавината“, наместо избор на најубава, затоа што најубава не постои – мислам дека „убавината е во окото на набљудувачот“.

Во интервјуто за vipheart.mк, таа искрено прозборела из а љубовта. „Кои квалитети ги вреднувате кај мажите?“, ја прашале Јована, а таа на ова одговорила: Длабочината.

Потоа, го добила прашањето: Која е Вашата најголема екстраваганција? Се надевам дека еден ден тоа ќе биде симпатична модерна јахта, да одам во уште подлабоко, засега – љубовта.

А, на прашањето: Кој-а е љубовта на Вашиот живот, таа рекла: Мојот живот за моја голема среќа е исполнет со многу љубов, а и се уште трае…

Previous articleЗдравко Чолиќ направи 20 и повеќе концерти на наша сметка, со баснословни суми – познатата новинарка се налути, распали по големиот пејач
Next articleСања од „Ураганките“ лапнала 500 евра за две минути- еве зошто ја викаат кралица на ромските веселби