Home Live Ноне плете интриги како да му остави бакшиш на келнерот, за неа...

Ноне плете интриги како да му остави бакшиш на келнерот, за неа парите не се ништо, еве што му даде (ФОТО)

Слатката велешенка Ноне која пееше во музичкото шоу „Идол“, долго време си пее само за своја душа, а она од што живее е работата на брод. Нема место на светот на кое Ноне не била.

– Јас сум личност што многу брзо се здосадува, без разлика што и да правам и колку и да сум била ентузијастична на почеток, ако понатаму не се случува ништо различно или нешто ново, толку, се префрлувам на нешто ново…“, изјави Ноне во една прилика за „puls24.mk.“

Потоа ја прашаа: Како реагираш на шегите кои ги измислуваат луѓето во врска со твојата висина?

Не реагирам, обично моите другарки и другари реагираат. Некогаш знаеме и да се насмееме заедно. Не сакам да звучам нарцисоидно, ама јас многу си се сакам каква сум!“, рече Ноне.

Таа беше во врска со Рајан со кој раскина пред извесно време, а потоа и во љубов со српски музичар, но зборуваше и за Италијанците, какви мажи се, со оглед на тоа дека среќава многу луѓе од разни националност на бродот.

Италијанците се прави заводници и ништо не ги спречува за провод.“.

-Ме фати еден период криза и реков доста е. Ама секогаш кога ќе си дојдев дома после месец и пол сакав да си одам.

Зборуваше и за тоа каква се гледа за десет години. За десет години здравје Боже се гледам со две дечиња, среќна мајка и сопруга.

-Единствено нешто за што секогаш се враќам назад во Македонија се моите родители и мојот брат. Секако, тука ми се и другарите и другарките што сме поминале убаво детство заедно и секогаш е убаво чувство кога сум опкружена со тие што ги сакам највеќе“, вели Ноне.

– Не може да се научи ширењето на позитивна енергија – не може од човек да излезе она што го нема.

Постојат луѓе кои мислат дека ширењето на позитивна енергија може да се научи, дека постојат фрази, зборови или реченици кои ја создаваат позитивната енергија.

Не е така. Енергијата, позитивна или негативна, се наоѓа во човекот. Не може од човек да излезе она што го нема. За да можеме да шириме мир, мораме најпрво да имаме мир во себе.

За да можеме да шириме радост, мора најпрво да ни биде срцето радосно.

Во спротивно, и зборовите за најголема утеха звучат како напад, од устата на незадоволниот човек“, напиша Ноне во еден свој статус.

Ноне беше во Македонија, а на својот профил објави интересен статус кој го привлече вниманието. Еве за што станува збор:

ЕЛЕКТРИЧАР… да го врати енергетскиот проток меѓу луѓето кои повеќе не зборуваат едни со други.

ГРАДИНАР… да засади добри мисли. ОПТИЧАР… да ги смени нашите погледи на луѓето и светот. СЛИКАР… да нацрта насмевка на сечие лице.

ГРАДЕЖЕН РАБОТНИК… да изгради мир. И за крај, но не и најмалку важно, НАСТАВНИК ПО МАТЕМАТИКА… да нѐ научи како повторно да сметаме едни на други. Имајте убав ден!

Во една прилика за Женски Магазин има раскажано зошто всушност си заминала, и решила да не се занимава веќе со музика, и што видела низ светот од интересните места и култури.

– Првпат заминав да работам на брод во април во 2012 година, и требаше да патувам до Египет, поточно Шарм Ел Шеик.

Никогаш нема да го заборавам чувството кога пристигнав таму.

Бев збунета и возбудена, еден тон емоции кога застанав пред бродот. Сакав промени, затоа се одлучив да заминам.

Пет години бев на македонската естрада. Еден ден си реков- и што по ова!? Зарем ова треба да правам во наредните неколку години!?

Стани, среди се, оди по емисии одговарај на некогаш глупави прашања. Слушај и читај зли коментари, моли се за викенд да имаш букирано некој настап.

Ми требаа нови предизвици и за кратко време од помислата дека треба да сменам нешто, се најдов на брод“, изјави за Женски Магазин, Ноне.

Ноне неодамна си замина од Македонија, по долгиот одмор кој го помина овде и многумина се запрашаа дали засекогаш ќе остане. Сега, Ноне повторно шета и ужива во луксузни ресторани, но покажа и какви интриги плете оваа наша поранешна пејачка со убав глас.

Имено, Ноне била на вечера во некој ресторан, па на крајот кога ја викнала сметката, решила да му остави бакшиш на келнерот, но не во пари, како што прават сите, туку со бакнеж од карминот на салфетка.

Ноне е опасна заводница и навистина знае како да им пристапи на мажите.

Previous articleЃорѓе Давид искрено раскажа за неговата релација и поврзаност со Вера Мештеровиќ
Next articleВака Татјана го пофали својот Новица во Австралија- Не дека е мој ама…