Home Live Нов имиџ на Игор Џамбазов- на ептен оригинален начин го смени јавно...

Нов имиџ на Игор Џамбазов- на ептен оригинален начин го смени јавно (ВИДЕО)

Да се напише најава за него е тешко, особено што не се штедеше и се раз голи пред сите нас… Се разг оли на страници што секој посака да ги прочита“, напиша Фешнел во една прилика.

Потоа пак, се облече. Како вели, за него започна второто полувреме од животот. А за тоа дали се смета за мудар, за младоста што му недостасува, за семејството, блузот, поразговара за Фешнел. За работи што можеби ги знаевте, но можеби и не – непосреден и искрен. Игор Џамбазов.

– Мислам дека можеби требаше и порано да се случи ова, „облекувањето“. Но, ете така некако се погоди во меѓувреме да влета онаа книга на мојата мачка, која ги поремети плановите за околу две години.

„Облечен човек“ е стара идеја. Всушност, „Облечен човек“ се роди во истиот момент кога завршив со „Го лиот човек“. Се разбира дека го лиот човек еден ден ќе мораше да се облече, и ментално и физички.

Убави се тие кругови во животот што се затвораат понекогаш. Еве кај мене се затвори на еден најубав, најпрецизен начин.

Понекогаш има некои отстапувања, но кај мене за среќа се погоди сè како што треба“, рече Игор кога ја издаде книгата „Облечен човек“.

-Јас можеби сум мудар толку колку што е мудар мојот народ, затоа што јас црпам од него. Се дружам многу со обичните луѓе, а духот на еден народ се наоѓа во обичните луѓе.

Духот на народот не сме ние што се појавуваме по телевизии, дебатни емисии, или новинарите што пишуваат…

Духот на народот е далеку од нас, нешто што ние не го ни есапиме за Македонија. Некаде каде што мислиме дека нема ни луѓе што знаат да размислуваат. Ете од таму доаѓа духот и мудроста на народот.

Ако сум успеал да ја соберам нивната мудрост, а тоа го правам во последните години, тогаш би можело да се каже дека се сметам за мудар човек.

Почна второто полувреме од животот, ако се смета дека сто години е човечкиот живот, оној убавиот, да речеме дека во 51-вата влегуваш во второто полувреме…

Па има некаква мудрост, за која и пред малку зборувавме, искуство што сум го стекнал со години – во работата, во животот…

Ништо повеќе не може да ме изненади, подготвен сум на сè, од секого… Сите та буа се скршени, сите комплекси излечени…

Убаво е да се живее во 50-тите години од животот, но мене ми се случува сега, како што влегувам во второто полувреме, да ми недостасуваат тие некои убави приказни од минатото, цели едни друштва…

Да ми недостасуваат случки, можеби таа носталгија за младоста, за убавото време, пријателства.. Можеби тоа е она што ми недостасува сега, но во шестата деценија од животот си го наоѓаш својот целосен мир, веројатно така и си ги продолжуваш животот.

Токму затоа, јас само и зимно време седам во Скопје. Штом дојде пролетта, веднаш одам на село, каде што сум сигурен дека животот ми се продолжува, барем двојно повеќе од она што би ми се продолжил кога би бил во град.

Како старее човек, сè помалку се гледа во огледало. Баш пред некој ден моите другарки ме искараа зошто во зимската резиденција во Скопје, во бањата немам огледало.

Велам, имам во спална. А зошто немаш огледало? За да не се видам од сабајле (се смее). Веројатно сум најубав кога сум најсреќен. Зборувам за внатрешната убавина, оваа надворешната се прави кај добар шминкер, добар салон, ќе одиш малку на третман, ќе те напарфемираат…

Јас зборувам за внатрешната убавина… Веројатно кога си растеретен од проблеми…“, кажал Игор во интервјуто за Фешнел, но пред да се вљуби во Илина Арсова, нашата позната алпинистка и уметник.

Игор од утрово е разбудил расположен, па решил да сними интересно видео со кое ќе ги орасположи своите следбеници. Имено, тој решил да го смени својот имиџ, и тоа јавно.

Игор објави видео како се бричи и го пуштил познатата дело Севилскиот бербер од Џоакино Росини. Игор си пееше ја мелодијата на оваа позната опера и се избричи пред очите на неговите следбеници.

Сега, тој веќе нема брада, а имаше доста коментари на ова видео на Инстаграм, кое ги орасположило неговите пријатели. „На здравје бричење“, вели еден од коментарите, а некои му рекле и дека треба да си ја среди косата.

Коментирале и Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевсска кои на ова видео се насмеале, а Илина Арсова засега не коментирала. Видеото од новиот имиџ на Игор, можете да го видите ТУКА. 

Previous articleВо црвени бикини, на плажа на Флорида, Анета Наковска си го живее животот (ФОТО)
Next articleОва е животната приказната на убавата Стојна Костовска која не може да ја прежали судбината на Мара Попара