Home Live Ова е животната приказната на убавата Стојна Костовска која не може да...

Ова е животната приказната на убавата Стојна Костовска која не може да ја прежали судбината на Мара Попара

Една од нашите најпознати актерки, Стојна Костовска е исктакната и успешна и во областа на телевизијата и треатарот. Но и познатото „Хихирику“ беше нејзино обележје.

Стојна Костовска е родена на 31 март 1954 г. во Крива Паланка. Дипломира на Вишата музичка школа, Скопје, на отсекот за актерска игра во 1978 г. Од 1980 г. работи во Македонскиот народен театар.

Стојна повозрасните генерации ги засмејуваше со радио емисијата „Хихирику“ како дел од оваа екипа на квалитетни актери, на радио повеќе од 40 години, од 1976 до 2017 година.

Таа глумеше и во Македонски народни приказни, потоа „Село гори, баба се чешла“, „Агенција осамени срца“, „Голем и мали“, „Погрешно време“, „Македонски народни приказни“, „Втората смена“, „Театарче Лево ќоше“…

Оваа убава актерка сега ги живее своите пензионерски денови за кои раскажа во интервју за ММС.мк. Таа се пензионирала токму на денот на нејзиниот роденден, па имала двојна причина за славење.

-Задоволна сум со тоа што сум го постигнала со моите 40 години работен стаж, но секако можело и повеќе. На сцена секогаш играв дами кои се скоцкани „Народен пратеник“ од Нушиќ и „Бог“ од Види Ален.

Генот е важен кај човекот, но жена секогаш треба да биде чиста во секоја смисла на зборот, негувана, средена, да има свој стил, движење облекување, однесување со соговорникот, на прво место со домашните, а потоа и со околината“, рече актерката.

За за неа сите велат дека е пример за убава и средена дама, и многумина не можат да ја замислат како пензионерка.

– Со сопругот сме нон стоп заедно, одиме на прошетка, на пазарење, разговараме, правиме планови за животот заедно, го одржуваме домот, обврските не ги делиме на машки и на женски“, рече Стојна.

Таа е која долги години во брак со Зоки и го имаат синот Иван. „Домот постојано треба да се гради, домот треба да мириса на добра храна. Ако не мириса на добра храна, тогаш тоа не е дом, туку обична куќа“, рече Стојна во едно претходно интервју за „Телма“.

-Веќе почнав да ги живеам пензионерските денови. Со оглед на периодот, уметниците паузиравме со работа, па малку навикнав без работа, но тешко ми падна.

Откако го добив решението тогаш навистина сфатив дека сцената веќе не е моја, аплаузите ги нема, костимите ми недостасуваат, се разбира и колегите“, изјави таа.

Потоа, откри што најмногу ѝ недостасува и по кого најмногу жали:

-Хихирику – моја гордост, задоволство, успех, радост и тага, 27 години снимања секоја среда и петок, страшно ми недостасува како емисија која Господинот Карадак беше немилосрден за се што се случуваше во земјава.

Ми недостасуваат Дади, Унџел, Карадак, Ванчо… Солзи искрени“, рече актерката. Ниту народот никогаш не може да ги заборави Иван Карадак, Владимир Ангеловски- Дади, Емин Унџел и Ванчо Петрушевски, детските херои на многу генерации.

Но, сега ѝ недостасува уште еден важен член од таа дружина, а тоа е актерката Мара Попара, тоест Катерина Крстева која се упокои на 85 годишна возраст.

Веста за загубата на легендарната актерка Катерина Крстева , ја растажи јавноста. Крстева беше лик со кој растеа многу генерации, а откако се упокои нејзиниот колега, актерот Гоце Тодоровски за „Фокус” откри детали од нејзиниот живот.

Тој раскажа дека Катерина се омажила кон средината на своите 40-ти години за Мишо Ратковиќ, и кога останала бремена на возраст од 49 години, колегите, но и самата таа знаеле да кажат дека е вистински медицински феномен.

За син и Александар раскажа дека го поминал детството со неа, во театарот, бидејќи татко му се упокоил додека бил доста мал, а мајка му посветено го изгледала“; објави Фокус.

За Фокус, пријатели на Кате ја раскажаа нејзината тажна судбина: Многумина не знаат што се случи, дека Александар се упкои, бидејќи Катерина сосема се повлече по неговата загуба, се осами. Таа го пронајде без живот во нивниот дом, тој беше предобар човек, весел по природа, но имаше свои проблеми“.

Стојна на емотивен начин се прости од својата колешка: Драга колешке престанаа твоите болки, сега сте сите ангели на небото, сопругот, син ти…Чувај ги !!! Кате лесна ти земја“, напишала Стојна.

Previous articleНов имиџ на Игор Џамбазов- на ептен оригинален начин го смени јавно (ВИДЕО)
Next articleНашинците во Америка ја обожаваат Стојне, има и зошто за нив е толку посебна (ВИДЕО)