Home Live Тој е многу важен за Елена Ристеска и од срце го сака-...

Тој е многу важен за Елена Ристеска и од срце го сака- ЧОВЕК каков што не се раѓа секој ден!

Покрај тоа што мојот двигател во животот се моите најблиски, мајка ми, сестра ми и мојата внука Делфина и, секако, во најблиски спаѓаат и моите пријатели кои ми се голема мотивација и поддршка, сепак, постојат и други нешта кои ме инспирираат и ме прават среќна.

Музиката е една од нив, која ме движи напред и како нејзин создател и како нејзин љубител“, изјави во едно интервју за Бети.мк, нашата позната музичка ѕвезда Елена Ристеска.

Клучна работа за одржување во форма на физичкото здравје е важноста да се сфати вежбањето како дел од секојдневните навики, како да речеме миење заби навечер и наутро, јадење, вршење физиолошки потреби итн.

Тоа се нешта без кои не можеме да функционираме, така и кога станува збор за вежбањето треба да заборавиме на сите изговори дека не можеме да го применуваме. Автоматски вежбањето влијае и на менталното здравје.

Сето тоа поткрепено со здрава и правилна исхрана креира еден совршен баланс за подобар живот. Секој од нас има свои навики, свои омилени спортови за поголема физичка активност, свои начини на ментална гимнастика.

Но, според мене клучен е и балансот помеѓу работата и одморот. Без тој баланс ниту физичкото ниту менталното здравје ќе биде во совршена форма. Според познатиот писател Ошо, работата е важен дел од нас, но тој вели:

-Секогаш одвојте макар еден ден во неделата посветен на одмор и на Бога.

Ментална гимнастика за мојот ум е читањето книги и учењето јазици. Затоа балансот во сè е потребен.

-Една од најубавите здрави навики за мене е пешачењето. Па секогаш кога немам можност за поголема физичка активност, го користам секој момент за пешачење.

Неважно е дали пешачам кога патувам во други земји или кога сум во Македонија, обожавам да пешачам над 10000 чекори дневно.

Паметам кога бев во Њујорк пред две години, враќајќи се од студиото на Дуке Бојаџиев накај станот на мојата другарка пешачев сама скоро 60 блока, односно околу 4 саати, секако за да го разгледам Њујорк, но и за да го размрдам телото после долгиот авионски лет.

Тоа ми е едно од најубавите искуства и едно од подолгите пешачења без престан.

Здрава навика ми е секое утро откако ќе испијам две чаши вода и кафе за будење, секогаш правам смуди кое содржи здрави состојки. Целиот тој утрински ритуал е за здраво работење на цревата.

Интересно е тоа што сум секогаш „мултитаскинг“, па така додека пијам вода и кафе истовремено подготвувам распоред со обврски, па откако ќе се истуширам пијам смуди и во исто време се шминкам.

Колку што ми дозволува брзото темпо на живот толку и внимавам на редовната исхрана. А здраво се хранам уште од мали нозе, покрај убавата домашна храна подготвена од мајка ми, секогаш имав чувство кои здрави комбинации во исхраната да ги правам.

Но, последниве години научив да не се оптоварувам со броење калории и режими на исхрана. Сепак, добро е да се сфати дека исхраната е индивидуална работа.

Па, така, начинот на исхрана треба да е во сооднос со интолеранција на одредени намирници, во сооднос со здравствената состојба и физичката активност на секој поединечно.

Јас имам една навика која кај мене функционира и не значи дека ќе функционира кај некој друг, а тоа е дека после 19 часот не внесувам во организмот храна, туку само течности. Знам и често како голем љубител на благо да ги прекршам сите здрави навики.

Но, генерално внимавам на комбинирање на состојките во исхраната, бидејќи комбинациите се она што е важно, не толку количината на храна. Водата е, исто така, забрзувач на метаболизмот“, изјавила Елена во ова интервју.

Работата е таа која е дел од мене и без која се случува да западнам во депресија. Од мои 16 години работам и заработувам сама, тоа се скоро 18 години создавање зависност од работа, или некој тоа го нарекува создавање воркохолик. Кога работам се чувствувам жива. И, секако, кога најблиските ми се здрави, живи и среќни, тогаш и јас сум среќна.

Елена ристеска сподели слика со многу важен човек во свокот живот за кого има изјавено дека искрено и со целото своее срце го сака, и нашата позната пејачка, до оваа слика напиша:

-Мој Дани, моја константа, лојалност каква веќе не постои, професионалност од која можат сите да учат, креативност и иновативност на нивото на светските стилисти, а најважното ЧОВЕК каков што не се раѓа секој ден! Добрина каква веќе нема меѓу луѓето“.

Станува збор за Даниел Николовски, нејзиниот стилист кој е доста познат во својата бранша, а Елена доста долги години соработува токму со него- тоест тој е задолжен да ја среди за нејзините настапи, фотосесии итн.

Previous articleЈа паметите ли згодната водителка Дени- Зона Х, и денеска изгледа како авион, а еве со каков добар бизнис се занимава (ФОТО)
Next articleЃорѓе Давид искрено раскажа за неговата релација и поврзаност со Вера Мештеровиќ