Home Live Во црвени бикини, на плажа на Флорида, Анета Наковска си го живее...

Во црвени бикини, на плажа на Флорида, Анета Наковска си го живее животот (ФОТО)

Познатата македонска фолк-пејачка и поранешна учесничка во балканското реално ТВ-шоу „Велики брат“, Анета Наковска, повторно е во Америка со својот сопруг.

На тој начин паднаа во вода сите оние озборувања на голем број душогрижници за нејзината наводна разделба, за пропаднатиот брак со Спире кој е нашинец кој живее во Америка.

Од тоа нема ништо, а Наковска цути во сиот свој сјај, среќна,задоволна, насмеана. И секако неодамна почестена од сопругот со новиот многу скап автомобил“, објави при крајот на минатата година Вечер прес.

Пејачката го доби автомобилот на подарок во знак на нивната љубов. – Нивниот живот е како во некоја бајка, велат тие што ги познаваат сопружниците, се вели во текстот на Вечер понатаму.

Во овој мкомент, тие се во Америка, а на лето се враќаат во Македонија, поточно во охридско Велгошти каде што во својата куќа ги поминуваат топлите денови.

Наковска се омажи за македонскиот Американец Спиро за кој раскажа дека за прв пат ја бакнал во авион и многу брзо откакко се запознале ја побарал за жена. Нивниот дом во Велгошти сега го претворија во ресторан.

А инаку, има внатрешен базен и голем двор, и таму се организираат доста забави на кои настапуваат нејзините колеги од фолк естрадата. Анета, како што е познато е голема другарка со Благоја Грујовски.

Но, таа е пријателка и со Јасмина Мукаетова, која долги години живее во Америка со сопругот и децата и имаат свој приватен бизнис. А Анета, во една прилика објави слики од дружбата со Јасмина и рече дека таа ѝ е омилена.

Наковска во една прилика, на еден свој оригинален начин успеа да ги заскокотка своите следбеници на социјалните мрежи, а таа тоа често знае да го направи на разни начини.

Таа на својот Фејсбук профил објави од неа и испрати една сосема едноставна порака: Добро утро Македонијо, да е утро благословено.

Усните на Наковска доаѓаат до израз на овие две фотографи, и на двете одлично изгледа. Наковска досега ги нема искоментирано своите полни усни ниту тоа дали има ставено филери.

За двете селфиња, почнаа коментари од фановите во стилот: Добро утро мила Анете, имај убаФ и среќен ден. Потоа: Убаво утро, уште попрекрасен ден ќе биде, но има и еден кој прашува: Сликава од матура ти е?

Едне од коментарите најмногу го фали изгледот на Анета и вели: Заносна од сабајле.

Анета Наковска објави тазе слики од плажа, од Флорида, каде што сега се наоѓа како ужива во убавото време и во сончевите зраци и се релаксира во друштво на пријатели.

Но, она што може да се забележи на сликата, она што привлекува вистинско внимание се нејзините бујни облини како и секогаш,

кои Анета гордо ги истакнува во црвените бикини кои ги облекла.

Previous articleПрија и Анастасија ептен другарки, избегаа од дома за заедно да уживаат на ова супер место
Next articleНов имиџ на Игор Џамбазов- на ептен оригинален начин го смени јавно (ВИДЕО)