Home Live Здравко Чолиќ направи 20 и повеќе концерти на наша сметка, со баснословни...

Здравко Чолиќ направи 20 и повеќе концерти на наша сметка, со баснословни суми – познатата новинарка се налути, распали по големиот пејач

-Вевчанскиот карневал во суштина е обичај под маска, кој се нарекува „Свети Васиља“ (Василица). Се празнува на 13 и 14 јануари секоја година и е посветен на Св. Василиј Велики“, објавено е на Фејсбук страницата на овој наш традиционален настан.

На тој ден се дочекува новата православна година, а се испраќа старата. Учесниците во него се нарекуваат василичари. Тоа се маскирани поединци и групи од сите возрасти организирани по маала.

-Вевчанскиот карневал подготвен – Вевчани ги чека гостите“, вели во една од поновите обави Фејсбук страницата на Вевчанскиот карневал.

Како наближува традиционалниот датум на оддржување деновите пред Св. Васиља ( Стара Нова година) така и полека но сигурно се спремаме за супер доживување на овогодинешното издание на карневалот.

Подготовките се во финална фаза, маските се спремни, или што би рекле вевчанци, СУРАТИТЕ.

Традицијата стара векови и милениуми продолжува и оваа година, исто како во исконските времиња кога Василичарите од горна и долна маала, покрај традиционалните маски на Глупи Август, Зетот и Невестата и Ѓав олите, во дефилето ги исмеваат и актуелните политички случувања, низ звуците на зурли и тапани.

Карневалот започнува уште од утрото на 13-ти, кога во Василичарските конаци почнуваат да се собираат Василичарите и музичарите, околу пладне сите маскирани одат на влезот на Вевчани, и од тука започнува Василичарското дефиле, односно околу 14:30 часот, поворката почнува да се движи нагоре кон центарот на Вевчани.

Поворката ја водат маскираните во Глупи Август и Ѓа вол, тие со специфичните движења и крици прават ред и место за Василичарите, по нив следат музичарите, зетот и невестата, а потоа сите василичари.

После Василичарското дефиле, зетот и невестата од Горна и Долна Маала ги посетуваат сите домови во Вевчани, посакуваат здравје и бериќет во новата (СУРВА) година, а домаќините ги даруваат.

Дарувањето во минатото било со луканци, леб и пари. Ноќта на 13-ти наспроти 14-ти, се оди на вода во Вевчанските извори. Се верува дека ноќта спроти празникот водата на изворите е света и лековита.

Во минатото жителите на сите околни села независно од верата доаѓале на изворите и полнеле од водата. На Василичарите им се придружуваат и домаќинките кои носат летургија (леб) и ќиска од босилек, дрен и василичарка (бодликаво растение кое е симбол на Вевчани).

Полнат вода со која утрото на 14-ти замесуваат Кашаник (пита печена под сач). На 14-ти денот на Св. Василиј, Василичарите одат на визита (именден), кај сите што го носат името на светецот.

А,потоа во центарот на Вевчани се собираат сите василичари и музичари, заедно го играат Василичарскито оро и ги палат маските, што симболизира злото да не се повтори во новата година.

Музичката програма која претстои и се случува на 12-ти и 13-ти Јануари е веќе потврдена, па на сцената ќе уживаме во музиката на :

– ГИГ ОФФ ( Сашко Гигов -Гиш и пријателите), Венко Серафимов и Прпл Цепелин, реге бендот – БРУКА, ДНК, Ласт Експедишн, Фиц и Студени нозе грејтест хитс, Баклава, Банда ЕнТопика од Грција, Нино Величковски и Кумановските тамбураши, Некст Тајм и Перо Бели.

Не ни преостанува ништо повеќе од тоа да ве поканиме да бидете дел од овој историски настан кој со векови и милениуми го збогатува културно уметничкиот живот на Вевчани. Значи на 12-ти, 13-ти, 14-ти сите потишта водат кон Вевчани“.

Овој традиционален настан го има искоментирано новинарката Валентина Ѓорѓиевска Парго која вели дека слушнала дека на вевчанци годинава имаат помалку буџет од претходноте години, па на Фејсбук напишала:

– Вевчанци се жалеле немале пари годинава. Вевчани? Знаете вие во каква криза сме? Па, не морате 10 концерти. Еден два беа доволни . Не мора истите групи и пејачи што прават по 5 големи концерти на државни пари истите пак исти.

Шо, другиве музичари не треба да живеат ? Не треба да земат некој денар? Сте слушнале какви музичари, академски и естрадни состави имаме? Од она што го видов само Венко заслужува, настрана неспоредливиот квалитет со другите, човекот одамна го немало.

А Здравко Чолиќ па не мора кожата да ни ја oдepe. Во последниве 10 години направи 20 и повеќе концерти на наша сметка, со баснословни суми ,за да се богати ма-фија.

Алооо, стоп! И без него ќе поминеме и без него го Сонце ќе огрее ако не дојде една година.Не ни ги к*р-цајте нашите пари!!!“, стои во Фејсбук објавата на Цалентина која е потпипшана како Валита Хефнер Кеидис.

Previous articleНашинците во Америка ја обожаваат Стојне, има и зошто за нив е толку посебна (ВИДЕО)
Next articleЈована од „Сител“ даде искрен одговор на прашањето: кој е љубовта на вашиот живот?