Home Live Ирена Спасовска искрено раскажа за љубовта: Го пуштам, и нека си го...

Ирена Спасовска искрено раскажа за љубовта: Го пуштам, и нека си го најде некој друг (ВИДЕО)

– Тешкотии понекогаш имало, но животот е таков. Се’ сум заработила сама со песната, а тоа значи и многу патувања низ Македонија, во странство“, рече нашата позната пејачка Ирена Спасовска во едно интервју за Женски магазин.

Мојот живот во лето два месеци е речиси во кола за да стигнам до одредена дестинација и на местото каде настапувам без ни еден слободен ден. Најчесто сама возам и премногу сум МАЖ ЗА ЕДНА ЖЕНА!

И нека не се чудат после. Ирена била во Египет, Малдиви, Дубаи или било каде..кој работи и може да си дозволи. Мене парите не ми паѓаат од небо. Ретко која жена би издржала или би се осудила“, раскажа Ирена за Женски магазин.

Ирена Спасовска за себеси вели дека по природа е борец, и работи од својата 16-та година. „Како самохрана мајка овие години за мене и Тамара се трудам да обезбедам пристоен живот“, изјавила пејачката на 22 годишната ќерка која е 30 години на естрадата.

Ирена вели дека секогаш кога оди надвор од Македонија, тоа е преубав спој на работа и прошетка, а шопингот е неизбежен.

-Да, има попусти на одредени работи но јас за што се фатив баш тоа немаше попуст хаха.. Си купив неколку парчиња и секогаш гледам да бидат квалитетни, удобни и функционални.

Одамна не се лажам по попусти бидејки тогаш човек купува и што му треба и не треба. Присталица сум на две или три парчиња квалитетни и да знам дека ќе ги носам“, кажа Ирена во една прилика, кога ја посетила Италија.

Овој период сум насочена кон работата и не размислувам толку многу за љубов бидејки мојата среќа и мојот систем на живеење не зависи од некој маж. Самостална сум, приземјена, и тешко дека некој ќе ме прелаже сега хаха…Ако се случи тоа ќе бидам во шок хаха.

Нејзината ќерка Тамара сега има 23 години и студира мулти медија.

-Тоа ја влече. Ја советувам како мајка да се изгради како личност, да се бори за работата што ја сака, да верува во своите соништа“, вели Ирена за Тамара, својата најголема гордост.

Снеже Велков во својата нова емисија „Нешто конретно“ во која беше гостинка и Ирена Спировска, ја праша дали верува дека сите имаме некоја своја половина во животот, и што е со оние кои не ја бараат, туку чекаат самата да си дојде.

-Па добро, јас не сум баш активна на тоа поле. И само за љубовта, би сакала да кажам дека овој пат ќе почекам. Ако треба да дојде, ќе дојде. Ако се појави некој што мисли дека може да ме освои, нека повели.

И нормално ние сме тие- жените кои имаме доста додворувачи, но ако сметам дека е тој вистинскиот, секако дека ќе му дадам знак. Па да, не сум баш многу активна на тоа поле, морам да кажам.

-А, она другото што вели- пушти го едниот да си отиде, а ако бил за тебе ќе се врати. Ти го пушти тој едниот да си отиде, рече Снеже и тука најверојатно мислела на Орце Гелевски.

А Ирена на ова одговори: Па, јас обично тој едниот што го пуштам, не сакам ни да ми се врати. Значи, не чекам. Ако бил мој немало ни да го пуштам. Затоа го пуштам, и нека си го најде некој друг.

Ако е нешто вредно, ќе го задржам за себе, ако не е, го пуштам и нека оди“, одговори Ирена Спасовска во емисијата со Снеже Велков, „Нешто конкретно“. Линкот од ова гостување, можете да го видите ТУКА.

Previous articleКуќата во Владимирово ја претворил во рај- Алачки навистина има сенс за бизнис (ФОТО)
Next articleСани топи калории со Никола во Швајцарија- еве во која романтика ужива нашата пејачка (ФОТО)