Home Live Куќата во Владимирово ја претворил во рај- Алачки навистина има сенс за...

Куќата во Владимирово ја претворил во рај- Алачки навистина има сенс за бизнис (ФОТО)

Познатиот хармоникаш Горан Алачки во 2021 година на локалните избори ја прифати кандидатурата за градоначалник на Берово од партијата Интегра. Со ова и тој влезе во листата на јавни личности во трката за градоначалници на тогашните локални избори.

Во разговор за „Репортер“, Алачки рече дека се надева на победа во Берово оти сака овој град да го направи светски туристички центар.

На прашањето од каде и како со паријата Интегра, тој вели: „Јас не ја избрав партијата, туку од Интегра ме избраа мене. Ми се јавија за да ме прашаат и јас решив да ја прифатам оваа работа.

Мислам дека моето име и презиме е доволно познато за бидам на оваа функција. Како уметник поинаку гледам на работите. Сакам да го развијам Берово да биде светски центар, туристичко место“, изјави Горан Алачки за „Репортер“, кој живее во селото Владимирово.

Како политички независен кандидат вели: „До сега видовме што направија – ништо. Ни едните што беа на власт ни и другиве што се сега на власт, ништо не покажаа.

А народов тука е разединет, јас сакам да ги спојам луѓето. Имам некој бекграунд, вредности и сум се докажал како уметник. Не сум политички ориентиран.

Да ви кажам искрено, многу луѓе ми се јавија да ми кажат дека не планирале да гласаат, ама кога дознале дека сум кандидат, рекоа дека ќе излезат да гласаат за мене“,  открива Алачки.

На прашањето што ќе биде ако стане градоначалник, ќе ја стави ли настрана музиката, вели: „Јас лани имав седум авионски билети што ми пропаднаа, куп семинари, музички настани, турнеи.

Музиката секогаш е дел од мене, но јас планирам целосно да се насочам на оваа работа.

Откри и дека ја има најголемата поддршка од својата партнерка, новинарката Марина Дојчиновска, со која подолго време е во врска.

Новите слики кои Алачки ги обајвува на Фејсбук се од неговата куќа во Владимрово каде што подолго време тој живее. Тој куќата ја издава на туристи, и ги служи со традиционална македонска храна.

Исто такка, Алачки организирал и музизчки семнирар за кој напишал дека се одржува во „Алачки“. „Македонски бисерен фолк семинар 2022“ заврши, и сега оваа куќа е е и културен центар.

-Ја чуваме традицијата. Се гледаме во 2023. Ве гушкам сите. Утре е нов ден“, стои во неговата објава. На една од сликите, тој ги покажал неговите гости кои биле на фестивалот и прикажал со што ги послужил.

Домашен леб, компир манџа, салата, ракиичка и пиперче- потрадиционално од ова не можело. Алачки секогаш имал сенс за бизнис, нека му е со среќа со новиот.

Алачки објави како сега изгледа неговата куќа во Владимирово, и напиша: Поздра од Владимирово.

Се гелда дека домот, тоест културниот центар го урдил со многу вкус и љубов и дека наистина има сенс за бизнис, кој го претворил во задоволство.

Previous articleПаднав на скали и бев три месеци на штаки- Ребека раскажа зошто не можела да оди на физикална терапија по повредата
Next articleИрена Спасовска искрено раскажа за љубовта: Го пуштам, и нека си го најде некој друг (ВИДЕО)