Home Live Миланка Рашиќ искрено прозборе за својата љубов: Еден човек, кој е целиот...

Миланка Рашиќ искрено прозборе за својата љубов: Еден човек, кој е целиот твој свет…

Миланка Рашиќ (ТВ-авторка, коментаторка и продуцентка), којашто долги години е синоним за висок квалитет, стандард на телевизиски проекти, чија непретенциозност, искреност е препознатлива исто како и нејзиното лице, глас.

Имено, пошироката јавност ја познава како водителка на многубројни фестивали, настани што ги карактеризира гламур – „Браќа Манаки“, „Виенскиот бал“, „Макфест“, „Скопскиот фестивал“, објави во својот нов телст Машки магазин.

Таа, како што е познато го коментира доделувањето на Оскари, Греми, наградите на Европската филмска академија, „Евровизија“ каде што беше раководно лице и на делегацијата и на прес-службата, но и авторка на репортажи.

Се вбројува меѓу првите кои ги интервјуираа Хулио Иглесиас, Синди Крафорд, Џони Логан, Мајкл Јорк. Од мај 2022-ра е водителка и авторка на емисијата за филм „Во кадар“ на МРТ.

-Во Канал 3 ја започнав телевизиската кариера, првата емисија за танц, за филм, музичката „Некогаш и сега“, музичките маратони Топ 100, коментирав MTV Music Awards, American Music Awards, за прв пат Оскарите.

Факт е дека имаме одлични пејачи и докажани автори, но многу често бледа презентација на целата идеја. Сум работела на 15 Евровизии и сум правела анализа на успехот на земјите учеснички.

За добар пласман, треба тим од најдобрите професионалци кои цела година ќе работат на проектот, да се направи квалитетна песна со одлична продукција, која е во стилот на пејачот, а не да се прави со сила вештачки хибрид од икс причини.

Песната мора да има приказна, порака и впечатлива визуелна презентација, целата претходна промоција да е дел од приказната која милионската публика ќе ја види на евровизиската сцена.

Се подразбира дека МТВ не смее да должи на Европската Радиодифузна Унија која е организатор на фестивалот и дека сите рокови треба да се испочитуваат. Во спротивно сите напори понатаму се бесмислени“, се присети таа во едно интервју.

-Има долга листа на филмови кои ме восхитиле, ме допреле, ме терале да размислувам. Имам големо почитување за седмата уметност, но филмовите ги гледам еднаш, најчесто во кино.

Има ретки исклучоци како „Амадеус“ (1984.) на Милош Форман (замислете само колку бев среќна кога снимав репортажа за Прага и бев во студиото Барандов каде што се чуваат и голем број костими од снимањето на филмот) и „Друштвото на мрт-вите поети“ (1989.) на Питер Вир.

Сум ги гледала повеќе пати, тоа се многу инспиративни безвременски приказни. Како дете уживав во црно – белите филмови од педесетите години, ги сакав Одри Хепберн и Грегори Пек во „Празник во Рим“ (1953), како и романтичната приказна во „Сабрина“ (1954).

Од релативно поновите наслови, ќе ги издвојам „Животот на Пај“ (2012.) на Анг Ли, „Соба“ (2015.) на Лени Ебрахамсон и „Девојка од милион долари“ (2004.) на Клинт Иствуд. Интересно е дека сите овие остварувања имаат освоено Оскар во различни категории’, кажала Миланка.

Во новото интервју за Машки магазин, таа го добила прашањето: Според Вас, што е пандан или еквивалент на женската убавина? Машкото срце? Или, можеби, неговиот шарм?

-Шармот и насмевката можат да те освојат во првите три минути од запознавањето. Веднаш потоа се прашуваш зборувам ли со добар човек, можам ли да му верувам. Тоа се битните прашања. Добрината е најважна, како и колку тој маж е спремен да ти подари време, љубов и внимание. Само тоа е бесценето.

Од маж очекувам да има став, морални принципи и храброст да се справи со животот. Ако можам јас, може и тој. Зборувам генерално за машко-женската рамнотежа во животните превирања.

Секогаш прво ги забележувам очите, но и начинот на кој некој те гледа и доживува. Шармантни мажи кои имаат свој стил се привлечни, но ако имаме заеднички теми и можеме да се смееме заедно, тоа е прекрасно! “, рекла Миланка.

Таа јавно не зборува за својот љубовен статус, ама со овие зборови кажала се за својот партнер:

-Кога станува збор за љубов, класичната убавина не е пресудна зашто низ очите на љубовта сите гледаме поинаку. Еден човек, кој е целиот твој свет, станува најубавиот човек за тебе“, кажала Миланка за љубовта.

Previous articleВолку опуштена Дебарлиева не сме ја виделе досега- кабаре танчарки играат околу неа, а и таа заигра со нив (ВИДЕО)
Next articleНовинарката Мери Јордановска искрено раскажа за својот живот- Ја давам пола плата за нив