Home Live Новинарката Мери Јордановска искрено раскажа за својот живот- Ја давам пола плата...

Новинарката Мери Јордановска искрено раскажа за својот живот- Ја давам пола плата за нив

-Ангажирајте лица во општината кои за секое едно куче со сопственик ќе проверат дали е чипирано! Ако не е, прво казна, па чип! “, порача во својот нов пост новинаркаата Мери Јордановска.

Ова го напиша по немилата случка во Стрига за која доста се коментираа на социјалните мрежи овие два дена, а се однесува на уличните кучиња.

-Забранете на ветеринарите да прегледуваат кучиња со сопственик кои немаат чип! Воведете ригорозна забрана – со пар-ење на кучиња да можат да се занимаваат само регистрирани одгледувачници, за да може да се следи трагата на кучињата!

Стерил изирајте си ги милениците! АХВ, разбуди се од зимски сон и постапувај по стотиците пријави за неодговорно сопствеништво, за фрлање кучиња пред контејнери, за напуштање миленици!

Не со усмена опомена, туку со казни од стотици и стотици евра! Оти вака страдаме сите. Ама баш сите! Поради гн-иди и пси-хопати како од Струга, и факт, поради бројката на улични кучиња која е веќе алармантна“; напиша таа на Фејсбук меѓудругото.

– Што е со нас што доброволно чуваме,храниме и колку можеме ги штитиме без да плачеме по фб? Се е убаво напишано и со години се коментира за ова. Секоја година има инци денти и?

Додека чипови и слично се толку колку се, ништо од ова.свест, контрола и се околу животните ќе биде нула и ќе стр адаат. Многу е подлабок приблемот,тоа е самата држава и индолентниот однос кон животните и љубителите на истите.

Ќе си патиме сите зошто свеста е многу под нивото..уж ас!!!“, вели еден од кометарите на оваа објава на Јордановска.

На ова коментораше проф д-р Мирјана Најчевска, професор/научен советник во Институтот за социолошки и по- литичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

-Нема цивилизирана држава во која шетаат кучиња по улици. Само примитивни држави како нашата може да дозволи такво нешто. Не се работи за сакање или несакање на кучињата.

Едноставно не смее да ги има слободни на улица. И какво е тоа нас илство врз луѓето да мора да сакаат животни? Има луѓе кои не ги сакаат и кои се плашат и на кои им се гадат.“

На ова, и Мери Јордановска дакла свој одговор, тоест во него раскажала за себе и за својот живот, низ овој коментар подолу:

-Па, токму за тоа и зборувам во постот. За тоа како да нема кучиња по улиците, причините зошто ги има и неправењето ништо од страна на институциите.

Никој не сака да има кучиња по улици. Јас, како љубител, не сакам да има зошто стра дам кога тие страдаат, и зошто ја давам пола плата да ги хранам, лекувам, вдомувам.

Некој друг не сака затоа што се плаши. Трет едноставно не сака кучиња.

Сето ова не значи дека треба да се повредуваат туку сите горенабројани институции да направат нешто, ама стратегиски“, напишала Јордановска.

Previous articleМиланка Рашиќ искрено прозборе за својата љубов: Еден човек, кој е целиот твој свет…
Next articleЗа ова нешто Драгана Мирковиќ многу пати и жали- навидум, нејзиниот живот е совршен но не е така