Home Live Ова го сподели Розета Арсова за својата ќерка Цаци- приказна која е...

Ова го сподели Розета Арсова за својата ќерка Цаци- приказна која е многу интересна и мудра

Розета Арсова е дама на која многумина ѝ се восхитуваат за изгледот, за дамското однесување, за дикцијата и она што ја одржало како едно од најзначајните Тв лица кај нас- квалитетот.

Арсова е една од нашите најпознати Тв новинарки, долги годии заштитно лице на Македонската радио телевизија, од времето кога беше ТВ Скопје, до денес.

Арсова во една прилика со гордост најави дека почнува емитувањето на Детски канал – МРТ 5 како нов ТВ програмски сервис од јавен интерес.

Следејќи го мислењето и реакциите на јавноста, во МРТ е препознаена потребата од специјализирани програми со содржини за деца и млади, што е и основа за креирањето на програмската шема на новиот Детски канал.

-Содржините ќе бидат најразновидни, и едукативни и забавни, наменети за сите возрасти, од најмлади до 18 години.

Во рамки на новиот канал ќе се емитува и ТВ училница, проектот за неформално образование, кој веќе три недели се прикажува на МТВ, откако со мерките за спречување на ширењето на коронавирусот се затворени училиштата и градинките – рече Розета Арсова, уредник на програмата за деца и млади во МТВ.

Таа најави дека јунаци од најпопуларните анимирани серии, ликови од најубавите бајки, сказни и басни, потсетување на народните приказни, многу играње и пеење и по малку и учење, ова е најавата на содржините на Детскиот канал -МРТ5.

Незиниот заштитен е знак- боб фризурата која не ја промени од самите почетоци па до денес, е навистина за пофалба, објави во една прилика Женски магазин.

Секој ден, повеќе од две или три децении ја гледавме на малите екрани. Одлична дикција, глас, став, ненаметливост… Вистински професионалец од водителка. Од неа научија многу оние кои се занимаваат со презентерство на телевизија.

Розета Арсова е лик кој не се заборава. Таа е мајка на познатата водителка на дневникот на Сител, Славица Арсова и се гледа дека мајка и ја научила до перфекција да води така тешки емисии во кои се бара врвна умешност.

Славица Цаци Арсова, нејзиниот сопруг, новинарот Александар Спасовски и ја побара јавно преку медиумот за сопруга.

За успешната кариера на Розета е веќе се познато, а додека нејзиниот сопруг, таткото на Цаци Владо со години еден од главните инженери во јавниот сервис.

Славицa Арсова на својот профил на социјалните мрежи, сподели фотографија од постаро списание, „Котелец“ на кое на насловна страна е нејзината мајка на млади години, и напиша едноставно „Мајка“.

Она што може да се заблежи на Фејсбук профилот на Розета е дека таа ѝ е најголема поддршка на својата ќерка.

Речиси сите објави на Розета се или од промо материјалите на МТВ, или пак од ангажманите и интервјуата кои Цаци ги има на Сител.

Јасно се гледа од кого Цаци ја наследила убавината, но и правилната дикција и држењето пред камера. Розета во една прилика сподели цитат од познатиот црногорски актер Жарко Лаушевиќ кој вели:

– Не можете да ги воспитувате вашите деца онака како што вашите родители ве воспитувале вас. Затоа што, вие сте тогаш воспитувани за светот кој веќе не постои“, а ова секако е посветено на нејзината ќерка.

Previous articleВака Татјана го пофали својот Новица во Австралија- Не дека е мој ама…
Next articleВолку опуштена Дебарлиева не сме ја виделе досега- кабаре танчарки играат околу неа, а и таа заигра со нив (ВИДЕО)