Home Live Се огласи МНТ со остра реакција во врска со упокоената Катерина Крстева...

Се огласи МНТ со остра реакција во врска со упокоената Катерина Крстева (Мара Попара)

Веста за загубата на легендарната актерка Катерина Крстева , ја растажи јавноста. Крстева беше лик со кој растеа многу генерации, а откако се упокои нејзиниот колега, актерот Гоце Тодоровски за „Фокус” откри детали од нејзиниот живот.

Тој раскажа дека Катерина се омажила кон средината на своите 40-ти години за Мишо Ратковиќ, и кога останала бремена на возраст од 49 години, колегите, но и самата таа знаеле да кажат дека е вистински медицински феномен.

За син и Александар раскажа дека го поминал детството со неа, во театарот, бидејќи татко му се упокоил додека бил доста мал, а мајка му посветено го изгледала“; објави Фокус.

За Фокус, пријатели на Кате ја раскажаа нејзината тажна судбина: Многумина не знаат што се случи, дека Александар се упкои, бидејќи Катерина сосема се повлече по неговата загуба, се осами. Таа го пронајде без живот во нивниот дом, тој беше предобар човек, весел по природа, но имаше свои проблеми“.

Стојна на емотивен начин се прости од својата колешка:

Драга колешке престанаа твоите болки, сега сте сите ангели на небото, сопругот, син ти…Чувај ги !!! Кате лесна ти земја“, напишала Стојна.

Стијна веројатно имала и други постови и изјави, кои поттикнаа МНТ денес да излезе со демант: ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА И МЕДИУМИТЕ

„Во врска со невистинитите наводи и реакции кои се јавија последниве денови за починатата актерка Катерина Крстева, а се поттикнати од пензионираната актерка Стојна Костовска, Македонски народен театар го дава ова известување со цел заштита на угледот на театарот, но и како желба на семејството.

Благодарение на актерката Весна Петрушевска, Македонскиот народен театар беше информиран за влошената здравствена состојба на актерката Катерина Крстева.

Матичната куќа веднаш стапи во контакт со семејството и ги превзема сите чекори во однос на подобрување на нејзината состојба во здравствените институции, со постојан контакт со здравствените работници и во координација со семејството.

За целиот овој период Кате беше опкружена со грижа од нејзината сестра г-ѓа Јелиќ и најблиски роднини.
За жал, нашата Кате не ја доби битката за живот.

Желба на семејството беше последното испраќање да биде во кругот на семејството. Во јавноста беше изнесено дека Стојна Костовска била во постојан контакт со Катерина Крстева во последниот период. Семејството тврди дека првиот контакт и запознавање со Костовска се случил на погребот.

Македонскиот народен театар во договор со г-ѓа Јелиќ – сестрата на Катерина Крстева, ја организира отворената комеморација која ќе се случи на 12 јануари (четврток) во 12:00 часот во МНТ.

Овие изминати три дена, за жал ниту еден медиум не се јави во МНТ да ја слушне и другата страна, со што ја објавуваме реакцијата во координација и одобрување на г-ѓа Јелиќ.

Матичната куќа и семејството на починатата актерка Катерина Крстева ја замолува јавноста да не изнесува понатамошни невистини и да ја оставиме нашата Кате да почива во мир.
РСМ НУ Македонски народен театар.“

Previous articleСани топи калории со Никола во Швајцарија- еве во која романтика ужива нашата пејачка (ФОТО)
Next articleВаква била Шенка Колозова како млада- досега необјавена слика од нашата позната актерка (ФОТО)