Home Live Вака Татјана го пофали својот Новица во Австралија- Не дека е мој...

Вака Татјана го пофали својот Новица во Австралија- Не дека е мој ама…

Нема македонска веселба во Австралија, а на неа да не пеат Татјана Лазаревска и Новица Василевски, брачниот и музички тандем кој е со години еден од најпознатите на фолк естрадата.

Од празникот Водици во 2015 година, фолк пејачите Татјана и Новица живеат во Мелбурн, во Австралија, со нивните синови Петар и Стефан кои се веќе големи момчиња.

Во едно интервју рекоа дека не им било лесно да ја напушат родната Македонија, но сметале дека така е подобро.

– Главна причина беше: на децата да им се даде можност за поразлична иднина. Нема да кажам поубава, ќе кажам поразлична.

А искрена да бидам Новица и јас често зборувавме како сакаме да живееме надвор од границите на нашата држава, за да ја збогатиме нашата биографија“, рече Татјана во интервју за а svet-australia.com

Само да се потсетиме дека со оваа работа, мислам на музиката се занимавам веќе 25 години, но по образование сум професор за предучилишно образование, па така и овде во Австралија продолжив со образованието во таа област.

И еве сега работам како учителка во градинка и ми е интересно да работам со деца. Секој ден со ново искуство и така заборавам на се’ што се случува во светот“, рече Тања во истото интервју.

-Мојата музичка лична карта е песната „Аце, Аце“. Од кога сум во Австралија снимив неколку песни, но ниту една не го повтори успехот на оваа песна.

Планирам да снимам уште песни, а дали некоја ќе стане хит оставам на публиката да пресуди“, рече Татјана за својот најголем хит, а потоа зборуваше и за својот Новица.

-Коалицијата Лазаревска – Василевски одлично функционира веќе 17 години. Кога има разбирање, поддршка и љубов, тогаш тоа е осудено на љубов“, искоментира таа.

Македонците прават свадби и веселби во Австралија, па работата на познатите фолк-пејачи им оди супер, а Татјана често објавува лајф видеа како настапува.

Нејзиниот драг Новица, во 2021 година прослави јубилеен 50 роденден, и по тој повод Татјана му направи гала журка со сите салтанати.

Балони, торта, шампањско и сите нивни блиски пријатели околу, вака изгледаше оваа забава според сликите и видеата што ги објави Татјана. Меѓу гостите беше и Маријана Новачевска.

Како подарок за својот сопруг, Татјана испеа дует со него, а тоа е песна од Лепа Брена, која таа своевремено му ја посвети на својот син.

Стиховите на оваа песна велат: Ја немам други дом, осим дома у срцу твом, осим тебе никога, на свету немам ја“.

Во видеото, Новица и Татјана играат танго и ја пеат оваа песна.

Татајана објави едно видео од Новица, кое е всушност постаро, а на него тој пее во емисијата „Зајди зајди“ на Тв Алфа, и си го пофали својот маж на еден оригинален начин:

-Не дека е мој Новица Васеилевски, ама најдобар е“, напиша Татјана и доби многу лајкови и пофалби за пеењето на Новица.

Previous articleНоне плете интриги како да му остави бакшиш на келнерот, за неа парите не се ништо, еве што му даде (ФОТО)
Next articleОва го сподели Розета Арсова за својата ќерка Цаци- приказна која е многу интересна и мудра