Home Live Ваква била Шенка Колозова како млада- досега необјавена слика од нашата позната...

Ваква била Шенка Колозова како млада- досега необјавена слика од нашата позната актерка (ФОТО)

Шенка Колозова вели дека се гордее со нејзината улога како актер, а најсреќна е кога ќе почуствува дека е разбрана и допрена до публиката.

Ова е бидејќи публкиката знае да го надгради секој актер кој умее да го оствари тој контакт и да го исполни просторот во кој секој збор, гест и го следи со внимание и дека иако живее во Скопје сепак најважните моменти од животот и се спомените од родниот крај а останатото е само надополнување.

На прашањето за Аберџија.ком како е да се биде скопјанка од Пробиштип, или ако сакате пробиштипјанка во Скопје?, Шенка Колозова одговори:

Можеби звучи невкусно, но никогаш не сум се чуствувала како вистинска скопјанка.

Зошто? Затоа што не сум скопјанка. Кога некој, што не ме доволно познава, ќе ме праша дали сум скопјанка ќе одговорам не, само живеам во Скопје. Можеби затоа што немам некои спомени од младоста кои ме поврзуваат со оваа наша метропола.

Скопје го сакам на мој начин. Јас сум си од Добрево, односно од мојот крај, од Пробиштип. Таму го осознав убавото од животот. Најважните моменти од животот ми се спомените од мојот роден крај, останатото што следуваше во животот е само надополнување.

Е, сега некој ќе каже па што имало тогаш во тоа време во Добрево. И ќе згреши.

Во Добрево во тоа време, како и во Пробиштип, имаше сè. Во смисла на тоа што и колку човек треба да биде свесен и задоволен од тоа што го има и што му е потребно.

Но, сите тогашни придобивки од цивилизацијата беа достапни и за нас. Имавме библиотека, ресторан за игранки, домашен радио приемник, топол дом. Сум живеела во средина во која ми беше убаво.

Затоа и денес со многу чуство на гордост се сеќавам на тој период од моето детство и мојата прва младост. Е кога веќе се преселивме во Пробиштип јас веќе бев друго битие, кое чекореше по некој свој пат и немаше време да го засака градот на вистински начин.

-И сега е како целина, градска населба. Се сеќавам и затоа го спомнувам оној празен простор од населбата до школото во селото Пробиштип.

Сето тоа сега е полно со новоизградени куќи, но суштински промениalt и содржини нема. Или пак јас, бидејќи не сум постојано таму, не сум во состојба да ги почувствувам.

За жал во последно време многу поретко. Не можам да најдам оправдание. Но, вистината е во тоа што во близина на Охрид купивме куќа и сега почесто сум на релација Скопје – Охрид, отколку Скопје – Пробиштип, како што тоа беше претходно.

Сепак морам да кажам ми недостига Пробиштип, моето Добрево, но и нашето Лесново, каде си го имаме најубавиот христијански православен манастир – вели Шенка.

На Фејсбук страницата на Ѓорѓи Колозов е објавена слика од Шенка од времето кога била многу млада, а таа е и сега, а и тогаш била многу убава жена.

– Да немавме Шенка на македонското глумиште требаше да измислиме една! Сцената навистина би била посиромашна за нејзиниот талент, дикцијата на македонскиот литературен јазик, посветеноста кон делото и сите нејзини украси кои ја красат како актерка.

Шенка се вбројува и останува во редот на најдобрите актерки во Македонија!

Ексклузивно на нашата страница, фотографија од најраните нејзини почетоци на телевизијата!“, стои во објавата.

Previous articleСе огласи МНТ со остра реакција во врска со упокоената Катерина Крстева (Мара Попара)
Next articleТања и Лидија Кочовски во мини сукњи, заедно со Игор Џамбазов- интересна снимка објави познатиот актер