Home Live Волку опуштена Дебарлиева не сме ја виделе досега- кабаре танчарки играат околу...

Волку опуштена Дебарлиева не сме ја виделе досега- кабаре танчарки играат околу неа, а и таа заигра со нив (ВИДЕО)

– Родителите треба да ги научат децата на основните вредности на животот и како велат, да ги изведат на вистинскиот пат“, рече во едно интервју за Бети.мк нашата позната презентерка и новинарка Билјана Дебаролиева.

-Денешново време е многу су рово, непредвидливо, со многу опасности, и родителот секогаш стравува за своето дете“, додаде во истото интервју Билјана која пред неколку месеци замина од ТВ Канал 5, а сега е во ТВ 24.

-Но, и родителите треба да учат од децата, јас од моите согледав и научив дека во животот треба да ја користиш секоја можност и прилика што ти е дадена и никогаш да не се откажуваш од целта што треба и сакаш да ја постигнеш.

Да покажеш храброст и одлучност во секоја ситуација, да држиш до својот став, да ја користиш секоја можност и секој миг. Зашто ако во моментот ти се даде шанса, а не ја искористиш, не знаеш дали повторно ќе ја имаш“, откри Билјана.

Мислам дека јавноста отприлика знае доволно за секој од нас, јавните личности, зашто колку и да ја криеш приватноста и да ја чуваш само за себе, не можеш секогаш да се скриеш од будното око на публиката.

Многу сум емотивна, знам да пуштам солза и кога сум среќна и кога сум тажна. Не дозволувам некој да ми го расипе расположението со негативни коментари.

Јас во суштина сум личност која постојано има насмевка на лицето, оптимист сум по природа и во најлошото гледам светла точка, и кога имам некаков проблем си велам: Чекај, застани, не се разочарувај, ќе се најде решение и за ова!“, рекла Билјана.

Во едно интервју за Рингераја, таа исто така зборувала за семејството и за тоа како ги родила своите две деца, Ана и Мики.

– Многу часови, многу денови поминати без децата, но го прифатија тоа како нешто најнормално бидејќи штом сопругот, таткото тоа го прифатил, автоматски и тие го прифаќаат. Кога сум дома им надокнадувам на секаков можен начин.

Да се биде родител е една одговорна улога, но сепак убава, благородна, незаменлива. Секој родител за своето дете е подготвен се да направи.

Според мене не е важно колку време ќе поминете со децата, нека се тоа и два или три часа, но тоа време да биде максимално посветено на нив, убаво искористено со некоја игра, прошетка, купување на некоја интересна играчка, посети на игротеки…

Она што секогаш сум се трудела е да ги научам да бидат културни и воспитани, да имаат почит кон семејството, но и кон другите луѓе во околината, бидејќи во последно време приметувам дека онаа нишка на почит како да се губи.

Ние поинаку сме се однесувале кон родителите, а денешниве деца сосема на друг начин. Имаат некои свои погледи на реалноста.

Сметам дека на секој родител токму ова е најтешката работа да ги научи.

Треба да се истакнуваат позитивните работи, сега веќе отворено се зборува за се, и за сексот, и за дрогата и сите негативни работи кои доаѓаат со нив доколку не се доволно информирани.

Според мене само преку отворен разговор, може да се оствари близина со своите деца. Доколку постојано сме со оној став, ова не смееш, она не смееш, во детето ќе се роди и некој инает токму тоа да го направи.

Ме потсетивте на еден многу убав период од моето детство, кога со душа сум ја чекала таа Лазарова сабота за да одиме во Велгошти. Јас како девојче за сите распусти одев таму и поминував многу време.

И тоа облекување во носијата, пеењето, застанувањето на автомобилите кои ни даваа парички е прекрасен обичај. На крај ги делевме паричките, кои не беа многу, но чувтсвото е незаменливо да се биде дел од тоа.

Кога би имала можност токму на тој празник да одам во Велгошти, за и Ана и Мики да го видат овој обичај, би била пресреќна, но некако и самото време си го прави своето, обврските, па ги запоставуваме патувањата и средбите со роднините“, се присетила Билјана.

Јован Дебарлиев, сопругот на Билјана има споделено видео со кое на своите пријатели им ја честитал Новата година, а на ова видео Билјана е во сосема несекојденвно издание.

Имено, таа се весели, супер е дотерана, и се заедно во весело друшто со сопругот на некое кабаре шоу. И додека кабаре танчерките играат, и Билјана им се придружува и ќе заигра весело со нив на звуците на познат светстки хит.

Previous articleОва го сподели Розета Арсова за својата ќерка Цаци- приказна која е многу интересна и мудра
Next articleМиланка Рашиќ искрено прозборе за својата љубов: Еден човек, кој е целиот твој свет…