Home Live За ова нешто Драгана Мирковиќ многу пати и жали- навидум, нејзиниот живот...

За ова нешто Драгана Мирковиќ многу пати и жали- навидум, нејзиниот живот е совршен но не е така

Пејачката Драгана Мирковиќ непропушта да истакне колку е среќна жена. Има хармоничен брак со сопругот Тони, деца со кои се гордее и успешна повеќедецениска кариера.

Наследниците на Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ не сакаат јавно да се експонираат, а нивната одлука ја поддржаа нивните родители.

„Синот не сака да се експонира, но сите го гледаат. Ќерката се повлече, тоа и беше премногу, сепак таа е севојче, а тој се смее на некои работи, не е луд по социјални мрежи.

Нејзе и е непријатно да ја има на порталите, јас не сум влијаела на неа. Мене ми е важно само тие се среќни, ќе бидам најдобра можна свекрва“, изјави пејачката во една прилика за „Ало“.

И покрај тоа што нивните родители се богати, децата на Драгана и на Тонија сакаат да се изборат за сопствената корка леб, па ќерката Мануела, како што еднаш откри пејачката, некогаш работела во хотел.

Ќерката на Драгана Мирковиќ, Мануела Бијелиќ е вистинска убавица, а многумина коментираат дека личи на нејзината мајка. Мануела во една прилика објави видео на Инстаграм на кое позира во тесен розов фустан покажувајќи го своето убаво тело.

Наследничката на популарна пејачка често споделува фотографии од луксузни дестинации, но и нејзините провокативни изданија.

Марко, синот на фолк-пејачката Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ ја наследил љубовта кон луксузните автомобили, а во една прилија на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како вози нов „мајбах“ и тоа 300 километри на час.

Законот не го прекршил со оглед на тоа дека вози на автопат, каде во земјата каде живее, Австрија е дозволена толкава брзина.

Видеото го објавила Драгана, каде се гледаат рацете на воланот на нејзиниот син и бројките кои ја мерат брзината. „Пробно возење“ – напишала Драгана во опис на видеото.

Драгана е среќна жена, но сепак жали за една работа. Драгана е горда мајка на двете деца, но сега си ја отвори душата и призна дека долго патела бидејќи не родила трето дете.

„Добив се во животот освен третото дете, за жал. Малку доцнев со тоа и се преценив. Сите ми велеа: „Ох, изгледаш помладо, не можеш да бидеш на таа возраст“.

И така малку се заборавив и кога сакав да се израдувам со уште едно бебе на четириесет години, биолошкиот часовник ми беше таков што, за жал, не можев да имам трето дете. Тоа е мојата единствена неостварена желба“, откри Драгана за „Стар“.

Пејачката призна дека и требало време да се помири со тоа, но дека сега е зад неа. Сега, како што вели, со нетрпение го чека денот кога ќе стане баба.

„Многу патев некое време, но не повеќе, бидејќи имам прекрасни деца и со нетрпение ги чекам нивните деца, па сето тоа еден ден ќе го надокнадам.

Треба да се забавуваш кога си млада, а кога ќе се омажиш млада, тогаш тој недостаток на забава те фаќа кога не треба, затоа не им препорачувам ним“, искрена била пејачката.

Previous articleНовинарката Мери Јордановска искрено раскажа за својот живот- Ја давам пола плата за нив
Next articleСветлана Бојковиќ има многу тешка животна приказна, правела многу нешта само за да ги задоволи родителите, а живееле заедно со уште една сиромашна жена