Home Live Ели Танаскоска откри која е најголемата заблуда која луѓето ја имаат за...

Ели Танаскоска откри која е најголемата заблуда која луѓето ја имаат за неа- ја кажа целата вистина

Ели Танаскоска е долги години едно од заштитните лица на Македонската радио телевизија, водителка и новинар што ја сакаат сите генерации. Ели во моментов ја води емисијата „Неделен магазин“.

Во едно интервју за „Точка“, Ели зборуваше за себеси и она што ѝ го исполнува времето. „Сум имала различни занимации и сега дури ми е чудно како сум можела сето тоа да го правам. Од собирање на салфетки, до сликање, пишување поезија, љубовни романи.

Сега немам баш толку слободно време, но можам да кажам дека храната ми е хоби. Кујната е моето царство и таму навистина се чувствувам како кралица.

Сега ќе откријам една тајна. Велат до генот е, да, но и до желбата како сакаш ти да изгледаш.

Промената можеш да ја направиш однвнатре. Треба само силен мотив и промената ќе дојде сигурно. Јас цел живот спортувам, практикувам пилатес секојдневно“, рече новинарката.

Ели за ММС.мк изјави дека нејзината најголема гордост се внуките, од нејзината постара ќерка Симона. Ќерката живее во Канада, и Ели е тажна што со внуката не може да се гледа често, но комуницираат редовно, и таа ѝ раскажува приказни онлајн.

Ели има уште една ќерка, Леона која живее во Скопје, а во Канада оди секогаш кога ќе може, а и семејството им доаѓа на посета во Скопје.

Во една прилика, за Женски магазин, Ели откри како ѝ успева толку добро да изгледа секогаш, и како толку добро се држи всушност.

-Обично луѓето ме доживуваат како насмеана, смирена и позитивна личност. Таква сум, сакам да ги прегрнувам драгите луѓе, да им се радувам. Ама во исто време сум и темпераментна, брза.

Својот утрински ритуал го правам секое утро, брзо и со музика. Голема чаша вода, не заради тоа што сега нутрицонистите препорачуваат. Едноставно од дете утрото ми започнува со голема чаша вода.

Истиот момент сум пред туш кабината. Скоро ладен туш, крема на лице и утринска прошетка со мојот миленик Чарли.

Неодамна го открив магарешкото млеко за тело и сапунот од козјо млеко. Органски без хемија.

По нивната употреба не е потребно ништо друго. Спремна сум за работните обврски. Имам квалитетна коса која после фризер трае долго, само ја минувам со прсти, сјај на уста, парфем и влегувам во својот автомобил.

Имам природно долги и густи трепки, но тој умее да ги направи доминантни. Откако работам со нив, ни се јавуваат гледачи од сите страни на светот да прашаат дали станува збор за естетска кор екција“, открила Ели.

-Колку и да се собрало во нас животно искуство, камери, светла, фестивали… потребна е стручна, уметничка рака која ќе ви каже што да скриете, а што да истакнете. Со години имав комплекс заради истакнатите јаболкници.

Се изгладнував до бесвест мислејќи дека ќе спласнат некако. Во ова ново време на хијалурон и ботокс, сите ме прашуваат дали сум ставала јаболчници. Парадокс!

Ама, повторно благодарение на Диме кој секогаш ме разубавува за емисија, ми ги смирува, а ми ги истакнува очите и усните“, рекла Ели за најголемата заблуда која луѓето ја имале за неа.

Previous articleТри браќа и многу тажна судбина- еве зошто убавата актерка Неда Арнериќ реши да си оди од нас
Next articleОва е дечкото на пејаката Ани Малинкова кој го крие од јавноста, еве што кажа за него (ФОТО)