Home Live Филип Миркуловски проговори како му е во Германија и откри што направила...

Филип Миркуловски проговори како му е во Германија и откри што направила жена му за него (ВИДЕО)

Еден од најдобрите македонски ракометари, Филип Миркуловски гостуваше во емисијата на Репортер.мк и откри непознати детали од неговиот приватен живот.

-Во Германија живеам покрај едно мирно место, покрај река, каде што воздухот е чист и здрав. Секогаш кога ќе дојдеме тука во Скопје, јас и моите деца имаме проблем со грло и дишните патишта ама ете мора да се приспособиш и на тоа за да се видиш со своите најблиски.

Прво ми беше тешко да се приспособам во Германија, нели роден сум во Скопје, роден сум тука, живеев 30 години, така да ми беше прво тешко, но после како доаѓа и второ дете, ми беше многу полесно, поинтересно.

Веќе имам запознаено и наши луѓе што живеат таму во околината, има и хрватски ресторан што одиме почесто. Имаме доста забава, но сепак тука е и Франкфурт на 40 минути од нас што има полно наши луѓе таму, забави и журки.

За 13 години можеби ќе бидам првпат и за Нова година и за Божиќ слободен. Знам дека во оваа година репрезантацијата ќе оди во Хрватска, тоа се паѓа секоја година е така.

Нормално е тешко, кај и да си за Бадник дома да си, но сепак тоа ни е традиција меѓу нас, тоа е традиција да си кршиме лепче таму со репрезентативците, така и тоа е еден вид традиција прерасна.

-Kако е да се работи како помошник тренер? Како успеваш со играчите со кои досега си играл да им се наметнеш како авторитет?

-Во мојата ситуација и не е толку тешко. Јас веќе сум изградил некој авторитет како играч. Тоа е разликата кога влагаш од играч на тренер, авторитетот ти доаѓа сам по себе. А не мора да значи дека ќе бидеш добар тренер ако си добар играч, но сепак авторитетот си стои.

Имаат почит спрема мене, со тоа нема проблем, така да има доста забава со нив и мило ми е што ќе работам.

-А од друга страна се дружите ли приватно, да излезете, да седнете некаде, како во Македонија?

Кога бевме соиграчи се дружевме доста. Кај нас имало доста Балканци, 4-5 минимум, така да се дружевме, а сега дека сум помошник тренер, морам да ги држам малце на дистанца.

Не е убаво да се дружиш со играчи од тренерска гледна точка. Премногу ќе се опуштат, па после авторитетот ќе ти биде и нарушен. Така да, сега малце избегавам да сум во друштво на играчи.

Јас искрено немав желба да бидам тренер по текот. Јас гледам и постариве играчи како се однесуваа кои сакаа да бидат тренери. Последните години беа многу вложени во тоа, а јас ја немав таа желба, не знам зошто.

Знам колку е тешко да бидеш тренер, во ракометот добиваш една од две шанси максимум. Се случи тоа што се случи. Прифатив. Сакав да останам во спортот, сепак тоа е најдобро нешто што го знам, го работам или играв 20 години професионално, така да се одлучив да бидам и помошен тренер.

За својот приватен живот, Филип проговори и за сопругата Благица:

Десет години во брак, а заедно сме веќе, повеќе од 17 години сме заедно, од средно школо. Во средно учевме во исти клас.

Во средно почна, на 17 години нашата врска, така да после продолжи и таа со студирање.

Јас бев поназад, она понапред, доста ми помагаше со факултетот.

После во кариерата секогаш имав поддршка, никогаш не ми замерувала за ништо, за патувања, за ваму, за таму, за тренинзи и таква една професионална поддршка ретко кој професионален спортист би успеал во некој спорт.

На правен факултет, ме пријавуваше за испити, јас не ни знаев каде сѐ тоа го правеше. Мое беше да седнам, да научам, колку за 6, 7, да бидам искрен. Ама ете, во тој сегмент доста ми има помогнато, да завршам факултет.

Имавме 28 години кога направивме свадба, веќе бевме во врска долго време. Може и предолго чекавме за свадба. Сега во овој случај да знам дека ќе одам надвор, би направил сигурно порано, и деца и свадба.

Во секој случај, таа се откажа од нејзината кариера, има завршено правен факултет, магистарски студии. Имаше и добро работно место, тука додека играв во Металург, во една банка. Сепак, таа се откажа за мојата кариера, за јас да бидам поуспешен.

Така одлучивме, секоја чест за тоа. Нормално, да се откажеш од своја кариера не е лесно и да му дадеш рака на друг, на својот сопатник. Сепак јас сум многу благодарен што јас успеав во мојата кариера.

-Јас сум доста попустлив по природа, доста смирен и тешко е да ме изнервираш. Во приватен живот сум многу попустлив и од Благица.

Целото интервју може да го погледнете ОВДЕ.

Previous articleПејачката Јулија, по загубата на ќерката пак застана на нозе- ова е нејзината светла точка во мракот
Next articleМногу често останувале гладни: „Ќе се напиеме само вода и ќе си легнеме“ – тажната сторија за Цене од Прилеп ја сними екипата на „Срце на дланка“ (ВИДЕО)