Home Live Круме Спасовски живее втор живот, по тешката операција повторно застана на нозе...

Круме Спасовски живее втор живот, по тешката операција повторно застана на нозе (ФОТО)

Фолк музичарот Круме Спасовски за неговиот музички проект ,,Круме – вчера, денес и утре” доби 186.000 денари поддршка од Министерството за култура, во рамките на годинашната програма за финансирање проекти од областа на културата.

Како што појасни министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, најмногу средства ќе добијат музичката дејност и издаваштвото“, објави Фокус минатата година.

Спасовски е присутен на естрадата повеќе од пет децении, но најголемиот успех го доживеа со песната ,,Чудна жена беше Вера” која и денес се слуша.

– Морам да кажам дека „Чудна жена беше Вера“ беше снимена во 1974 година, за Радио телевизија Белград затоа што кај нас уште тогаш немаше таква продукција. Инаку продуцент на песната беше Александар Сариевски.

Тогаш се снимаа плочи, „Чудна жена беше Вера“ беше од Б страна, од А страна ја ставив „Тешко ти е сам сине мој“, една прекрасна песна за која се надевав дека таа песна всушнст ќе биде и хит. Меѓутоа, само што излезе плочата, песнава народот веќе си ја засака.

Откако стана хит на неделата, оттогаш не можам да се спасам. „Чуда жена беше Вера“ и крај, рече Круме. Тој кога ја снимил песната имал 30 години, а на сцената е 52 години, од 1969 година, и има голем опус на песни снимени во македонското радио.

-Песната „Еј Заге носам чалгии“ ја снимив за Лешок фестивалот. Песната навистина е наменска, меѓутоа малку е незгодно човек да се фали од својата сопруга.

Но, мојата жена навистина заслува. Да не беше Зага, немаше да бидам она што сум денес на естрадата.

Дури и некој пат сум бил ослободен од некои домашни ангажмани, таа ми викала јас ќе завршам тоа и тоа, и деца сме одгледале и се благодарение за Зага, мислам заслужно е отпеана таа песна.

Со Зага сме 52-52 години заедно, колку што сум јас на естрадата“, рече пејачот во едно интервју на Сител.

Еден од најпознатите македонски фолк пејачи во Македонија, повеќе од 50 години е на сцената и со својот препознатлив глас и голема емоција има испеано многу познати македонски песни, а е одбележје и на една цела генерација познати македонски фолкери.

Неодамна, се соочил со здравствен проблем за кој се обратил во КБ „Аџибадем Систина“, a по извршената интервенција се чувствува витално и добро, благодарен е на целиот тим на болницата, а особено на проф. д-р Александар Николиќ, кој ја следел состојбата и успешно ја извел операцијата на срце на Спасовски.

Првите симптоми што го вознемириле Спасовски биле болка во градите и отежнато дишење, по што веднаш заминува на лекар кој сугерира кардиолошки преглед.

-Отидов, ми направија ехо и ЕКГ на срцето и утврдија дека имам нешто на горниот дел на срцето. Јас обично сум многу плашлив и како и секој човек, се загрижив за својата состојба и за сето она што ќе се случува со мене.

Се обратив во ’Аџибадем Систина’ и не згрешив. Ми сугерираа дека треба да се направи операција, но за мене беше навистина утеха кога ми кажаа дека интервенцијата ќе ја направи проф. д-р Александар Николиќ.

Операцијата помина одлично и по одреден период ми се врати силата, почнав повторно да се чувствувам свежо, бојата на кожата ми се врати, јадам нормално и спијам нормално“, изјавил Круме за сајтот на оваа болница.

Круме сега објавува слики како да живее втпр живот.

Од ресторани,на дружба со пријатели, и на неговото лице нема ни траги од лошата здраствена состојба за која вели дека е зад него.

Previous articleМаријана Новачевска откри што ѝ кажал нејзиниот татко, ова е она што не е за неа
Next articleБарбара Бобак го нараче Дарко Лазиќ ѓубре и откри како е сега, откако тој чека дете со друга