Home Live Маријана Новачевска откри што ѝ кажал нејзиниот татко, ова е она што...

Маријана Новачевска откри што ѝ кажал нејзиниот татко, ова е она што не е за неа

Постојат луѓе кои не играат, како другите што ќе им свираат. Тие не се сечии, било кои и безнадежни.

Толерантни се , свои, храбри и не се плашат од предизвиците на животот, понекогаш тврдоглави а некој би кажал чудни, малку удрени и надмени.

Тие луѓе се сепак мали а големи , необични и упорно свои. Е , баш тие луѓе не ја бркаат среќата затоа што среќата се тие самите“, напиша во една прилика поранешната пејачка Маријана Новачевска од Австралија, која подолго време не се занимава со пеење.

Оваа нејзина мисла ја поддржаа многу пријатели, а меѓу нив е и Росана, сестрата близначка на Маријана која ѝ рече: Сонце мое, душо моја, срце мое, мое се, бравооо!

Заедно со нејзината естрата Росана, Маријана Новачевска е позната по многу убави песни, а секакко најпозната и најпеена и денес е „Признавам“, песна која ја знае и млади и старо.

Повеќе од 30 години, живее во Мелбурн, Австралија. Во Мелбурн, исто така живееше и нејзиниот поранешен сопруг, композиторот Тоде Новачевски, кој ги напиша повеќето од хитовите на Маријана и Росана.

Тосе за жал, по долга и тека битка со болеста овој свет го напушти минатата година, а тие останаа во пријателски односи до самиот крај.

Маријана времето често го поминува со нејзината добра пријателкја, пејачката Татјана Лазаревска, уживајќи заедно на плажа, на прошетка, на кафе или на шопинг.

Маријна неодамна објави фотографија од плажа и рече дека нема влезено во океанот 30 години, но објави и слики како млад стилист го сменил нејзиниот имиџ кој сите го пофалија.

На Велигден во 2020 година, Маријана стана баба.Снаата на Маријана, сопругата на синот Филип, Анастасиа, во Мелбурн ја роди Ива, првата внука на Маријана и на Тоде Новачевски.

Маријана има и ќерка која се вика Магдалена и во една прилика емотивно ѝ го честиташе роденденот.

– Моја драга Меги, мое сонце, мое се, среќен роденден. Ти си прекрасен благослов, специјална среќа, моја љубов и моја гордост. Кога и да почувствуваш дека животот е нефер само запамети дека мама и твојата фамилија секогаш ќе се грижат за тебе.

Покрај другото, фала што ја направи мама помлада на овие фотографии“, напиша Маријана за својата ќерка. Маријана е медицинска сестра на Стоматологија, и ужива во својата работа.

Ева е весело дете, многу се смее и сака да јаде. Таа и внучињата на сестра ми Росана, се нашата најголема радост. Двете уживаме во улогата на баби“, изјави Маријана. Маријана сега искрено раскажа за одржувањето на нејзинта форма, но во нејзин хумористичен стил:

-Зошто не одам во теретана да вежбам:

1. Паркингот за колата е многу далеку 2. Не даваат да се пуши и не служат кафе 3. Не сакаат да ме влечат за раце додека правам трбушњаци а платив да сум таму

4. Немаат чоколадциња за мотивација.

5. Се потам и огладнувам 6. Се нервирам многу кога ќе видам совршено градени тела и делови од телото 7. Фризурата секогаш ми е разлетена. А и татко ми ми кажа дека мускулни и набиени тела не се за жени“, напишала Маријана.

Previous articleЕве како Димче Мешковски се прости од Мара Попара – денес нејзините колеги и упатија последен поздрав
Next articleКруме Спасовски живее втор живот, по тешката операција повторно застана на нозе (ФОТО)