Home Live Најгласните повици за помош за храна се 80 посто неосновани, гладот и...

Најгласните повици за помош за храна се 80 посто неосновани, гладот и бедата се најчесто тивки: Реакции по емисијата „Срце на дланка“

Приказната на малиот Андреј од Штип, чиј татко Љупче раскажа дека го храни со вода и со шеќер затоа што нема пари да му купи млеко, ја трогна целата јавност вона почетокопт од 2021 година.

Откако Оливера Петрушевска и екипата на емисијата „Срце на дланка“ ја раскажаа тажната судбина на таткото и на синот, нивната приказна се заврши со среќен крај: работа за Љупче, градинка за Андреј, нов стан и помош од многу граѓани и институции.

Но, она што Оливера го прикажува во „Срце на дланка“ не се само Андреј и Љупче. Последниве години, додека се среќава со разни човечки судбини, таа вели дека ги голта солзите и се доплакува дома.

Тоа што има син и ќерка, уште повеќе ѝ помага целосно да се внесе во проектот кој со љубов го работи. Оваа млада жена е светол пример дека кога се сака, сè се може, а нејзината емпатија кон тажните судбини, мотивирачки делува на многу луѓе кои се подготвени да помогнат.

Оливера за „Женски магазин“ во една прилика аскажа што се случува зад камерите на „Срце на дланка“, но за и многу нејзини, лични нешта.

-Отсекогаш сум имала вишок емпатија во себе. Паметам од дете не сум сакала да гледам тажни луѓе. Па, на жената што чистеше скали во зградата ќе и соберев мои алишта за да им однесе на ќерките.

Низ годините наназад донирав облека на загрозени семејства. Се случило и тазе купен сендвич на куче скитник да му го дадам, само да не е гладно. Се чувствував пресреќна после секој мој хуман гест.

Поголема за двапати од претходно. Горда. Но, не ни претпоставував дека некогаш таа моја хумана страна некој ќе ја препознае и ќе ме повика да водам ваков социјален проект. Мислам дека претпоставените не згрешија (хаххаа), а, јас нема ги разочарам“, изјави водителката.

На социјалните мрежи деновиве доста се коментира за самохраниот татко од Велес за кој се објави дека му е потребна помош, и сега процури информација дека тој апел е всушносѕ ла-жен, откако се појави во емисикјата „Срце на дланка“.

Миа Костова објави дека станува збор за коц-кар и рече дека таа се потресла од оваа приказна, но отсега ќе биде многу внимателна.

-Апелов го објавивме мислам дека сите! Никогаш не сум кажала кога донирам, ама еве сега ќе кажам дека во истиот момент префрлив пари на сметка.

Се испостави дека се работи за коц-кар, кој дреме по кладилници, своевремено освоил џекпот на апарати од 26.000 евра, со сопругата не е разделен го гледаат низ Велес, самохран татко бил за потребите на снимањето.

Од вакви приказни утре нема да донира некој кај што е навистина потребно.

Јавно барам одговорност од Срце на дланка со она малку новинарско искуство што го имам, како снимаат сторија ако цел Велес знае за каков човек се работи а тие на еден повик одат и прават приказна која вклучува и деца кои судејќи по трпезата и расположението на Тале, не се баш гладни.

Срамота!“, вели Миа за приказната за Тале Витанов која денеска ја коментираат многумина на социјалните мрежи.

– Неколку работи шо увидов наназад 3 години работејќи хуманитарна работа како хоби настрана од мојата примарна професија

1. Најгласните повици за помош за храна се 80 % неосновани. Гладот и бедата се најчесто тивки, повлечени во сопствениот срам и уништената гордост.

2. Најтешкиот дел од донирањето храна е проценката на кого вистински му е потребна. Дури собирањето пари и храна е полесно.

3.Од оние 80% неосновани побарувања за храна , СИТЕ 100% одбиваат било каква работа. Еве пробајте на “здрав прав” просјак на семафори да му понудите надница и ручек за да исцепи дрва.

4. Здравите и физички способните луѓе можат одреден период да останат “на бандаж”. Вреди да се помогне , НО доколку во меѓувреме се бара редовно работно место …

5. Најгласните повици за помош се впрочем најтивките. И најчесто се апелирани од пријатели, роднини, комшии ЗАТОА ДРУГАРИ И ДРУГАРКИ, ВНИМАТЕЛНО СО ПОМОШТА“, се вели во статусот на Трајче Мешков кој се споделува денес.

На социјалните мрежи се уште не е објавена изјава од екипата на „Срце на дланка“ ниту од водителката Оливера Петрушевска.

Previous articleОва е дечкото на пејаката Ани Малинкова кој го крие од јавноста, еве што кажа за него (ФОТО)
Next articleЕве како Димче Мешковски се прости од Мара Попара – денес нејзините колеги и упатија последен поздрав