Home Live Ова е дечкото на пејаката Ани Малинкова кој го крие од јавноста,...

Ова е дечкото на пејаката Ани Малинкова кој го крие од јавноста, еве што кажа за него (ФОТО)

Фолк пејачката Ани Малинкова, популарна и кај нас и во дијаспората за време на пандемијата гостиваше на ТВ Сител, и рече дека многу ѝ недостигаат снимањата на познатата емисија „Мерак меана“ на Сител која тогаш не се снимаше.

Пријателите на Малинкова во тоа време ги следеа репризите кои уште се емитуваат.

-Со Вики Среброва редовно се гледам, не можам да го прекинам дружењето со неа затоа што ми е многу интересно, Блага Петреска исто така да ја поздравам, Кате од „Нели ти реков“, рече Малинкова на гостувањето во емисијата „Магазин“, и додаде дека со колешките се дружи онлајн.

– Додека трае пандемијава, јас дома си се забавувам со моите ќерки, си правиме некои специјалитети, за ручек, за вечера, пееме, јас често пеам дома“, реаскажа Ани.

-Исто го користам денот за да одам на Водно, препознатлива сум кога одам на стазата, до Средно Водно. Поретко одам до крстот, ама до Средно Водно секој втор или трет ден“, рече Ани но и откри дека многу дека многу сака да пее староградски песни и странски балади.

Ани својата кариера ја започнала на 17 години, кога од Кавадарци дошла во Скопје и попчнала да настапува во емисијата „Оваа сабота“ на Димитар Масевски.

За оваа емисија таа рече дека била ловец на таленти. Исто така раскажа дека снимила 5-6 албуми со песни од фестивали и благодарници и награди за кои веќе нема место каде да ги стави. „Јас настапував по свадбени веселби, кршетвки.

Цела Америка ја имам прошетано, нема црква во којашто не сум нстапила, кај нашите иселеници што живеат во Америка, во Австралија на тие турнеи. И во Европа, нашите македонци едвај чекаат да дојдеме и да слушнат македонска музика“, рече пејачката.

Таа спомена и дека пее со својата снаа, Наташа Малинкова, познатата пејачка која живее во нивниот роден крај, Кавадарци. „Сега немаме лозје, само јадеме грозје, пиеме вино и пиеме ракија.

Кога бев помала, јас 24 часа бев надвор, се дружев и со машки и со женски. Јас повеќе со машки се дружев“, рече Ани за своето детство. Таа рече дека многу се занимава со социјална мрежа ТикТок и се пофали дека има голема гледаност и контактира со луѓе од целиот свет.

Исто така, раскажа и дека видеата ги снима на својата мејк ап лампа и тоа многу ја разонодува.

-Вежбам дома аеробик. Со мајка ми си правам муабет и ги гледаме рецептите со здрава храна. Многу рецепти имаме заедно, а некогаш и ќерките готват. Миењето садови, ми останува на мене. Имам и миленичиња, куче и мачка, и денот ми е исполнет“. рече пејачката.

– Ќерките најмногу сакаат рижото со пилешко, а сакам и јас, ама многу сакам и да виткам сармички од лозов лист“, се пофали пејачката за својот домаќинлук.

Малинковаво еден период беше во Охрид и на Фејсбук се пофали дека се сликала со важен човек. „Чест ми е во Охрид да се сретнам со Јошка Броз, внукот на Тито“, напиша Малинкова.

Само позитивни работи ми се случуваа, немав никакви падови во изминатата година. Можам да кажам дека ми беше најдобра година во животот, 2023 нека биде уште подобра – за ,,Фокус” раскажа фолк пејачката Ани Малинкова (49), која периодов повторно активно им се врати на настапите.

Во 2022 година на кавадарчанката која живее во Скопје и се случи и голема љубов“; пишува Фокус.

Во февруари минатата година таа за ,,Фокус,, откри дека е вљубена, и осум години по разводот, запловила во хармонична врска со Ѓорѓи Тренески.

Тогаш раскажа дека Ѓорѓи ја освоил со шармот, а најмногу и значело тоа што имал разбирање за нејзината професија и максимално ја поддржувал во работата.

Иако на Фејсбук таа не објавува слики од Ѓорѓи, освен онаа кога објавија дека се во врска, таа сепак е вљубена во својот Ѓорѓи и среќна во врската со него.

Previous articleЕли Танаскоска откри која е најголемата заблуда која луѓето ја имаат за неа- ја кажа целата вистина
Next articleНајгласните повици за помош за храна се 80 посто неосновани, гладот и бедата се најчесто тивки: Реакции по емисијата „Срце на дланка“