Home Live Пејачката Јулија, по загубата на ќерката пак застана на нозе- ова е...

Пејачката Јулија, по загубата на ќерката пак застана на нозе- ова е нејзината светла точка во мракот

– Денес е СВ.СТЕФАН првомаценик, именден на мојата внука, моето сонце Стефанија“, напиша неодамна пејачката и водителка Јулија Мациевска, која минатата година се соочи со тешка болка.

Таа ја загуби својата сакана ќерка Адријана Мациев, која беше ликовен уметник, и долги години се бореше со тешка болест, а Стефанија која е актерка е нејзина ќерка.

– Девојче, кое е олицетворение на прекрасна девојка, не само со убаво и свето име, кое го носи како симбол на добрина, чесност, трудољубивост, храброст, истрајност, искреност, љубов,емпатија, таа е убава од надвор, убава од внатре, тоа е нашата Стефанија.

Нека ја чува и штити нејзиниот заштитник Св.Стефан и сите вас, кои го носите неговото име“, стои во описот на оваа фотографија на Стефанија, кога беше нејзиниот именден, на празникот Свети Стефан.

-Мојот ангел одлета, ми се откорна од срцето, од утробата мојата прва љубов, мојата единствена роза, мојата Андријана.

Мојата зеница, мојата светлина, моето добро девојче, мојата голема уметница… боли, боли, боли“, напиша Јулија кога ќерка ѝ замина во вечноста во мај минатата година.

Само неколку дена пред тоа, Јулија јавно упати апел на социјалните мрежи со цел луѓето да се помолат за влошената состојба на нејзината ќерка Андријана, која храбро се бореше со здравствената ситуација.

-Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина. Молете се за Божје чудо, зашто Андријана во болка се бори за својот живот на Клиниката за онкологија.

Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно сè. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче. Господе помилуј, Оче спаси нас“, напиша Јулија тогаш.

На крајот од минатата година, Јулија се обрати на Фејсбук на своите следбеници со овие зборови:

-Од најголемиот пад, од најболната болка, од најтемната темнина, ме разбуди Светлината на Вечниот извор на животот, за да посведочам за илузијата на животот и повторно да ја најдам сопствената сврха на животот, кога сврхата се губи.

Нема да пишувам што беше во годината која засекогаш ќе остане врежана во секоја меморија на секоја моја клетка, но знам дека во 2023 ке ја напишам приказната за животот, за ангелот и летот, која ќе му ја подарам на светот, која ќе промени многу животи.

Ќе бидам будилник, кој ќе сведочи за светлината, за љубовта, за мудроста, за автентичноста, за вистината од сопствените искуства.

СРЕЌНА НОВА 2023 ГОДИНА, САКАНИ. ЉУБОВ ЗА СИТЕ. Ваша Јулија. Имено, таа сега ѝ се врати на својата емисија „Будење со Јулија“, и објавува слики на Фејсбук, а оваа емисија се емитува на ТВ Сонце.

Емисијата која ја води и внуката секако, се нејзината светлина во мракот, и секоја чест за Јулија што по големата болка што ѝ се случи откако ја загуби ќерката, повторно се исправи на нозе.

Previous articleБарбара Бобак го нараче Дарко Лазиќ ѓубре и откри како е сега, откако тој чека дете со друга
Next articleФилип Миркуловски проговори како му е во Германија и откри што направила жена му за него (ВИДЕО)