Home Live Еве како Димче Мешковски се прости од Мара Попара – денес...

Еве како Димче Мешковски се прости од Мара Попара – денес нејзините колеги и упатија последен поздрав

На многу колеги и пријатели на познатата актерка Катерина Крстева, во народот позната како Мара Попара, не им било лесно да се простат од неа на комеморацијата која се одржала во нејзина чест, во Македонскиот народен театар, објави Женски магазин.

На 85-годишна возраст на 9 јануари се упкои македонската театарска, филмска и телевизиска глумица Катерина Крстева, која меѓу народот беше позната како Мара Попара.

Веста за загубата на легендарната актерка со која растеа многу генерации ја растажи јавноста, објави Фокус.

Се спомнуваат нејзините значајни улоги во Македонски народни приказни, Поштар, Простодушна љубов, Погрешно време, Битолски лакрдии, Волшебното самарче, Хихириху и многу други.

Но, за приватниот живот на Катерина во јавноста се познати многу малку детали. Ведра жена, надарена со огромен талент за хумор, таа и во приватниот живот секогаш ја гледала позитивната страна, иако животниот пат не и бил лесен.

-Нашата Кате, нашата Мара Попара… И таа си замина во вечноста. Премногу спомени имаме заедно, ја делевме сцената, ги споделувавме животните радости и таги.

Малкумина знаат за нејзиниот приватен живот, за сите беше веселата Мара Попара, на луѓето им остана препознатлива според ликот кој го глумеше. Таа зад себе го остави синот Александар, кого сама го изгледа.

Се омажи доцна, сопруг и беше Мишо кој работеше во Макпетрол.

Кога остана бремена во Александар, тоа беше во време кога имаше над 45 години, можеби и 50, за сите кои ја знаевме, па дури и за неа самата, тоа беше феномен, на таа возраст да се оствари како мајка.

Се роди Александар, му ја даде целата своја љубов, но за жал Мишо по-чина додека тој беше уште многу мало дете. Кате сама се грижеше за синот, го носеше со неа на сите проби, на претстави, тој порасна заедно со нас, актерите.

Ист како неа, со весел дух, беше мило дете – се присетил за Фокус Гоце Тодоровски. Вели дека сепак, Александар во животот останал сам, нема семејство и живеел со мајка му. Потсетува дека Кате имала многу мала пензија, околу 20.000 денари со кои живееле со синот.

Вчера со соопштение за јавноста се огласи Македонскиот народен татар:

-Во врска со невистинитите наводи и реакции кои се јавија последниве денови за починатата актерка Катерина Крстева, а се поттикнати од пензионираната актерка Стојна Костовска, Македонски народен театар го дадава ова известување со цел заштита на угледот на театарот, но и како желба на семејството.

Благодарение на актерката Весна Петрушевска, Македонскиот народен театар беше информиран за влошената здравствена состојба на актерката Катерина Крстева.

Матичната куќа веднаш стапи во контакт со семејството и ги превзема сите чекори во однос на подобрување на нејзината состојба во здравствените институции, со постојан контакт со здравствените работници и во координација со семејството.

За целиот овој период Кате беше опкружена со грижа од нејзината сестра г-ѓа Јелиќ и најблиски роднини. За жал, нашата Кате не ја доби битката за живот.

Желба на семејството беше последното испраќање да биде во кругот на семејството. Во јавноста беше изнесено дека Стојна Костовска била во постојан контакт со Катерина Крстева во последниот период. Семејството тврди дека првиот контакт и запознавање со Костовска се случил на пог ребот“, рекоа од МНТ.

За својата драга пријателка и колешка, телеграма од Америка каде што долги години живее испрати актерот Димче Мешковски.

-Нашата драга актерка и колешка Кате, беше исклучителна личност, која со својот дух, шарм, хумор и моќта за трансформација, остави вечен белег во македонското актерство.

Реализирајќи голем број хумористични улоги, како и сатрирата на Карадак во „Хихирику“, таа стана симбол за народниот хумор не само кај нас, туку и во нашата дијаспора во Европа, во Австралија и Канада. Почивај во мир драга моја Кате“, напиша Димче Мешковски.

Previous articleНајгласните повици за помош за храна се 80 посто неосновани, гладот и бедата се најчесто тивки: Реакции по емисијата „Срце на дланка“
Next articleМаријана Новачевска откри што ѝ кажал нејзиниот татко, ова е она што не е за неа