Home Live Сопругата на Тони Михајловски пред нов животен предизвик: Храбар човек не е...

Сопругата на Тони Михајловски пред нов животен предизвик: Храбар човек не е оној што не се плаши

Познато е дека нашиот познат актер, Тони Мијаловски е семеен човек, и дека има два сина, Александар и Максим. Помалиот Максим го има со сопругата Александра, а постариот Александар е исто така актер.

Популарниот актер стана дедо во јули во 2017 година, а радосната вест ја објави неговата сопруга Александра. Неговиот син Александар и Ангела се свршија во јануари во 2017 година.

Во октомври во 2017 година, сопругата на Тони Михајловски, Александра Јорева Михајловски на својот Фејсбук профил си ја отвори душата и проговори низ што се поминала во изминатиот период.

Имено, таа збпруваше за борбата со тешката болест од која излезе како вистински победник.

Таа низ статусот кој го објави им се заблагодари на сите оние кои беа секогаш до неа во најтешките мигови, на сите кои ја поддржаа во борбата со тешката болест, на нејзините блиски и оние кои дадоа се од себе за се да заврши како што треба.

Имено, Александра на 24.10.2019 година била примена на гинеколошко акушерскиот оддел во клиниката Аџибадем Систина, каде била опер ирана. После една година напорна борба, сега таа е повеќе од задоволна од луѓето кои беа до неа и и помогнаа се да биде во најдобар ред.

Александра најпрво му се заблагодари на својот сопуг Тони за тоа што постои, и без сомнение најголемата поддрша во оваа борба со болеста ја доби токму од него.

На 24.10.2019 година во Acibadem Sistina Hospital на генеколошко акушерскиот оддел бев примена и оперирана од врвниот тим на чело со мојот гинеколог Митко Ивановски и Костадиновски.

Едно големо благодарам прво на нив за брзата реакција и организација, опера цијата траеше околу 4 ипол часа. Еве ме една година подоцна да се заблагодарам на дел од луѓето во мојот живот, за да се заврши се како што треба.

Прво најголемо фала на Тони за тоа што постои, на Јорев Љубчов Марко и Тамара што беа тука за мене и за Максим во тој период додека јас бев во болница.

Да не заборавам дека многу важен дел во моето будење и лесно поднесување на анесте зијата одиграа и соковите што ги конзумирав по препорака. На тој начин на исхрана и живот бев 7 месеци.

Неможам а да не ја спомнам Natasha Chokrevska Zografska која беше покрај мене во постоперативните денови. И Биљана патологот од онколошката болница во државна која посо перативно брзопотезно организираше се што треба од контроли и снимања…

Ми беше одредена хемотерапија 4 дози од др Дева Петрова, на секоја терапија со мене имав по некоја од моите лавици кои храбро криејќи го стравот за мене седеа со мене по 6 часа…“, рече та и наброја уште многу луѓе значајни за неа, а меѓу нив и е наставничката на синот.

И поклон до земја затоа што дознав колу сум силна и што се можам да издржам и со што се можам да се борам. До сега во оваа година се направени повеќе контроли последната контрола пред не цел месец на чело со професор др. Зоран Трајковски и целиот тим од Систина..

Денес е мојот 1 роденден како сум чиста од кан цер! Благодарна на бога и на мајкичка богородичка. Ви благодарам што постоите луѓе!

Сакајте се чувајте се, правете контроли и навремено реагирајте, телото ни кажува многу работи само треба да го слушаме.

Затоа што борбата е тешка, душата боли а умот има милион прашања. Знам дека не сум веќе иста никогаш и нема да бидам и ваква се сакам повеќе! Да бидеме живи и здрави уште бар 100г“; напиша меѓудругото Александра.

Образовниот центар Brainster на својата Фејсбук страница објави текст кој вели запознајте ги студентуте, а една од нив е токму Александра Јорева Михајловски, која е студент на нивната Академија за Project & Product Management.

Таа решила да собере повеќе знаење за многубројни успешни проекти во иднина. На страницата на овој образовен центар има интервју со Александра во кое таа меѓудругото вели:

Таа учи за професијата ПР маркетинг менаџмент и вели: се решив да го искористам периодов продуктивно и да научам: Да соберам повеќе знаење во нешто што веќе го работам без рамка.

Има едно прашање, кое се однесува на нејзината животна филозофија и на нејзиното претходно искуство со лошиот период кое го споменавме погоре, а на прашањето, кој е нејзиниот омилен цитат, таа вели:

– Научив дека храброста не е отсуството на стравот, туку победување на стравот. Храбар човек не е оној што не се плаши, туку оној што го победува стравот!“.

Previous articleТања и Лидија Кочовски во мини сукњи, заедно со Игор Џамбазов- интересна снимка објави познатиот актер
Next articleЗоки Фаци кажа на што потрошил многу пари во Дубаи, ако беше скапо, дал Господ (ФОТО)