Започнав да пеам на 15 години. За мене како млада личност на мои 15 години, но сум имала голема поддршка од моето семејство, и затоа ми било лесно, како подмачкано.
Без проблем ме пуштиле да пеам, не се противеле, бидејќи виделе дека имам талент“, рече Стојне.
– Сѐ уште не сум го дала својот максимим, затоа што сум многу срамежлива, јас сум девица во хороскоп“, додаде Стојне.
Младата фолкерка која кариерата ја започна пред неколку години во моментов е една од најбараните и најпопуларни пејачки на домашен терен, но и пошироко.
Вели дека е пресреќна поради тоа, но истовремено и е многу жал што нејзиниот покоен татко не може да ги види успесите кои ги постигнала.
Сигурно мојата среќа би била поголема доколку човекот кој е заслужен за досегашниот мој успех може да ја види радоста во моите очи – мојот татко.
Болката и празнината се големи и не можат да се опишат, но јас ќе продолжам понатаму зашто тоа е мојот, а беше и негов сон”, рече Стојне.
Симпатичната струмичанка признава дека нема идоли меѓу домашните повозрасни колеги, но дека исклучително ги цени сечиј напор и труд.
Вели, дека и понатаму ќе ја има и на тезгите, иако сака да се обиде и на домашните фестивали.
За мене се подеднакво значајни и фестивалите и тезгите, затоа што тезгите и покрај тоа што ми се финансиска поткрепа се и место каде што можам да ги истакнам своите вокални квалитети (задоволство ми е да пеам во живо).
Oд друга страна, фестивалите се место за промоција, а и следење на работата на другите колеги, па секако ќе следуваат и настапи на некои од реномираните фестивали кај нас, откри пејачката.
Стојне ја поврзуваа со нашиот познат музичар, Бобан Мојовски- Мојсо, тоест се зборуваше дека оваа наша пејачка е во љубовна врска со својот колега.
За естрадниот магазин Бекстејџ, во една прилика, таа ја раскажа целата приказна и детално објасни како се поврзани.
– Многу од пејачките ги поврзуваат со менаџерите, со продуцентите, со нивните колеги, н не мора секогаш тоа да е така. Но, што е тука е , ние сме јавни личности, мораме да се носиме со нашата професија, на тоа сме се одлучиле, тоа го сакаме да го работиме…
Некогаш дури и не ни е пријатно да слушнеме такви работи, поготово кога тоа е невистина нели“, рече Стојне за Мојсо и додаде:
Ние првенствено сме правно споени, јас сум екслузивец во продукцијата на мојот колега, во Мојсовски продукција.
Потоа сме поврзани и морално. Многу ја почитувам и во оваа прилика ќе ја поздравам и неговата прекрасна сопруга Билјана.
Имаме прекрасен однос, многу поддршка добивам од нејзе, секако и од целата негова фамилија, фамилијата на Бобан.
Сопругата на Бобан нè познава нас двајца, знае ние како функционираме, исто и моите знаат како функционираме и дека сме многу блиски.
Јас можам буквално да кажам дека Бобан и неговата сопруга се мојата втора фамилија“, кажа Стојне, со што ги демантираше таквите гласини.
Стојне неодамна објави емотивно стори на Инстаграм, во кое ги споменува своите браќа, Петре Николов и Александар Николов.
Таа во повеќе наврати има кажано дека тие ѝ биле се кога останале без таткото и се грижеле за неа.
И браќата на Стојне се исто така моги поврзани со сестра си, а Петре го споделил сторито на Стојне кое вели:
Братот е личност која кога ти треба, некој кој те крева кога паѓаш, личност која останува до тебе која никој друг не го прави то. Братот е секогаш пријател“.
Стојне го објави репертоарот за февруари во Америка, а на 4ти таа ќе настапува во Њу Џерси. Но, сепак пејачката е букирана и за средина на февруари каде планира да настапи во Германија.
Се гледа дека Стојне сегде ја бараат и ептен ѝ е турбо со настапи, но во последно време таа сѐ повеќе изненадува со провокативните фустанчиња кои многу добро ѝ стојат.
Стојне објави слика на стори сликана покрај ѕид во тесен, црн фустан и високи потпетици, а на фотографијата се гледаше дека Стојне е многу згодна, па затоа многумина кажуваат дека таа ги има најдобрите нозе на естрадата.
На сликата Стојне напиша: 11.02.23, Германија, повеќе информации наскоро, што значи дека ќе ги израдува и нашинците од таму.