Home Live Тања и Лидија Кочовски во мини сукњи, заедно со Игор Џамбазов- интересна...

Тања и Лидија Кочовски во мини сукњи, заедно со Игор Џамбазов- интересна снимка објави познатиот актер

Лидија Кочовска е еден од нашите најквалитетни и најсилни вокали, со фестивалско искуство на ниво на поранешна Југославија. „Што те нема“, „Ти си тој“, „Доволно луд“ станаа евергрини, песни чии кавери ги пеат младите таленти во музичките шоуа.

Ако порано еден „Макфест“, „Скопски фестивал“ па и пошироко – Сплитскиот не поминуваа без Лидија Кочовска, сега нештата се сменија. Лидија е сестра на Тања и ќерка на Невена која се упокои за жал пред неколлку месеци, и Панче од легендарните „Мањифико“.

Лидија во едно интервју за Женски магазин раскажала дека пее само каде што се чуствува ценето. Вработена е во хорот на МОБ, и вели дека е секогаш вљубена, но не планира наскоро повторно да се мажи.

-Се е замрено. Нема веќе фестивали, манифестации, емисии како порано. Прифатив учество на “Макфест” 2014 година, за цена на онаа љубов која ја имав, како моја матична сцена, фестивал кој бил познат и признаен на бившите југословенски простори.

Но, односот на организаторите и атмосферата беа оча јни, а јас од тој настап и до ден денес ги немам добиено моите патни трошоци. Од половината на осумдесетите па до 2000 година, беше идеален период.

Бев присутна речиси на сите фестивали во тогашна Југославија и по распадот. Фестивалите беа причина за дружба, сите бевме едно, владееше љубов. Живеевме за денот кога ќе започнат и со нетрпение го очекувавме секој нареден фестивал. Нема споредба со денес! Тоа беше златно време.

Кога нештата би мрднале од „мр тва точка“ и би тргнало сѐ по нагорна линија, јас сум прва која со задоволство ќе се појави. Сега сум присутна единствено на настани каде што сум вистински почитувана и вреднувана“; рекла Лидија во 2018 година.

Јас сум секогаш вљубена и кога не постои одредена личност. Ако не е реална, тогаш мора да е имагинарна“; изјавила Лидија во ова интревју на тема приватен живот, а потоа додала:

-По моето кусо брачно искуство, сфатив дека потписот не значи буквално ништо. Би живеела и во вонбрачна заедница, како што живее и половина западен свет, но најважно е човекот до мене да е мој лојален партнер.

Љубовта и поддршката се клучниот момент во остварувањето и во опстојување на вистинската релација“.

„Не би сакала да кажам дека нема квалитетни автори. Меѓутоа, за мене квалитетни автори се сите оние кои ги направиле сите тие евергрини.

Да не набројувам. Но, навистина фалат композиции кои луѓето ќе ги паметат, луѓето ќе ги пеат. Пример ќе дадам една своја композиција, да не звучам сега погрешно. 1995 е снимена „Што те нема“. Ја пее 20 годишно дете. Што значи тоа?

Тоа дете не било родено кога се родила „Што те нема“. Значи ја пеат луѓе, ја бараат, опстанува. Клучна е целата драма во таа композиција, и да ја доловиш.

Многумина ми замеруваат што ја пеам на поинаков начин, но нормално е, гласот со текот на годините созрева. Колку поминале од тогаш, 28 години.

Нормално, не може да звучи исто. Лидија тогаш беше 20 годишна, сега сум 47 годишна. И таа композиција е навистина драма. Се очекува да с’ржиш и моменти да ги шепотиш…“, рече Кочовска во едно гостување на ТВ Сител.

Фестивалот „Макфест“ објавил интересна снимка на стори, а Игор Џамбазов ја реобјавил. На него, тој пее заедно на сцена токму со Лидија Кочовска, и со Тања Кочовска, како и со Илија Џон Апелгрин.

Станува збор за нивен настап на овој фестивал, како што пишува, во 1991 година. Тања и Лидија, таму се облечени во мини сукњи, и пеат заддно со Игор и со Џон Апелгрин, и тоа песната „Љубoв запеј ни“.

Во описот на пова видео на Јутјуб, пишува дека таа година на фестивалот се испеале 28 песни, а оваа песна ја имаат компонирано Љупчо Мирковски и Томислав Которчевиќ. Целото видео можете да го видите ТУКА.

Previous articleВаква била Шенка Колозова како млада- досега необјавена слика од нашата позната актерка (ФОТО)
Next articleСопругата на Тони Михајловски пред нов животен предизвик: Храбар човек не е оној што не се плаши