Home Live Три браќа и многу тажна судбина- еве зошто убавата актерка Неда Арнериќ...

Три браќа и многу тажна судбина- еве зошто убавата актерка Неда Арнериќ реши да си оди од нас

Прославената српска актерка Неда Арнериќ се упокои пред 3 години во својот стан во Белград, а нејзиното тело го пронашол нејзиниот брат.

Нејзиниот живот беше исполнет и со професионални успеси и со големи емотивни бури.

Како што е познато, Неда Арнериќ ја глумеше главната улога во филмот „Исправи се Делфина“, познатиот македонски филм кој настана во времето на поранешна Југославија.

Во претходните две години пред да си замине од овој свет, актерката наводно два пати се обидела да си го одземе животот, а за ова медиумите претходно пишуваа, но оваа приказна никогаш не беше јасна до крај.

Еднаш, кога под неразјаснети околности паднала од терасата на својот стан и вториот пат кога испила поголема количина апчиња.

Неда никогаш не криела дека често имала проблеми со деп-ресијата, а како што во една прилика рекла, нејзиниот сопруг бил најголемиот поддржувач во тие моменти.

– Иако сум склона кон деп-ресија, тоа ќе помине. Се затворив во куќата, не комуницирам со никого и се извлекувам, со помош на мојот сопруг со кој сум 35 години – открила еднаш актеркката.

Последната капка во нејзиниот тажен живот беше загубата на нејзиниот сопруг една година претходно.

„Доаѓаш дома, правиш кафе, седнуваш во фотелја, а околу тебе владее тишина. И секој сам избира што е самотија или слобода“, рекла некогаш Неда, потврдувајќи го начинот на кој се бори со тагата.

Неда и Милорад Мештеровиќ беа во брак три и пол децении, а актерката многу тешко ја поднесе загубата на саканиот. Мешторовиќ бил почитуван лекар и претседател на Светската асоцијација на специјалисти за максилофацијална хирургија.

Неда и Милорад се запознале кога тој дошол да ја гледа претставата Мушица во театар во септември во 1981 година. Неда го обожавала и го претставувала како светски човек.

-Прво го одбивав, а потоа го вклучив мозокот и сфатив дека тој е прекрасен, благороден, добар, чесен, светски човек кој многу патувал, кој секогаш ќе ме води и ќе биде чекор пред мене.

Можеби нема да биде така, но ќе имам чувство дека тој е секогаш чекор понапред од мене и ме води“, изјави Неда за Пулс онлајн пред неколку години. Заеднички немале деца, но Неда тоа не го доживеала трагично.

– Немам деца, но тоа не е затоа што не ги сакав, едноставно немав среќа. Меѓутоа, од таа ситуација денес можам да заклучам дека лошото не мора да произлегува од секое лошо.

Гледам дека сега во овој нарушен вредносен систем е тешко да се воспитуваат деца и тоа убаво ми го објасни една другарка.

Околу мене има многу малечки бидејќи покрај децата на мојот пријател, кои ги доживувам како свои, со мене се и наследниците на брат ми – изјави Неда.

Неда водела бурен љубовен живот, па прво се омажила за колегата Дејан Караклајиќ. Се запознале на снимањето на „Република Ужице“, па поради големата љубов му се јавила на агентот и му рекла дека ја одбила улогата бидејќи се мажи.

И следниот брак ја изненади јавноста. Таа го кажа судбоносното „да“ на познатиот актер Раде Марковиќ кој беше 32 години постар од неа, а потоа се појави љубовта на нејзиниот живот.

Previous articleЗоки Фаци кажа на што потрошил многу пари во Дубаи, ако беше скапо, дал Господ (ФОТО)
Next articleЕли Танаскоска откри која е најголемата заблуда која луѓето ја имаат за неа- ја кажа целата вистина