Home Live Многу често останувале гладни: „Ќе се напиеме само вода и ќе си...

Многу често останувале гладни: „Ќе се напиеме само вода и ќе си легнеме“ – тажната сторија за Цене од Прилеп ја сними екипата на „Срце на дланка“ (ВИДЕО)

Екипата на „Срце на дланка“, која обработува социјални теми, беше во посета на семејство во Прилеп.

Цене Маџуни на 15 години одлучила да влезе во светот на возрасните. Таа е ќерка единка во семејството кое животот го поминала во социјалниот стан од 20м2, во населбата Точила, во Прилеп. Пред повеќе од 20 години го изгубила својот татко и тлото под нозете со неговата загуба.

Цене има два сина од неуспешниот брак зад себе. Поголемиот син Далибор и помалиот, Емил се нејзината најсветла точка во животот. Несреќа го прати и Далибор кој веќе со месеци поради излив на к рв во мозокот е во несвесна состојба во болница во Хрватска.

– Не можам да му обезбедам храна и нормални услови за живот на синот Емил кој има само 13 години и гледа во училиште како се хранат и како живеат неговите соученици.

Цене живее и со својата неподвижна мајка и со нејзината пензија од 12000, во месецот им остануваат само 2000 денари.

Емил секоја вечер паѓа од креветот, јаде само супа или каша од брашно, а најболно е што и кога е ладно, ова младо момче се грее на пареа од вода, загреана во тенџере, доколку има плин во плинската боца.

-Катастрофално ми е тежок животот затоа што немам никакви услови. Второ имам син болен, во Хрватска на операција. Трето, и другото дете ми е исто така болно со срцето.

Приходи, само 2000 денари остануваат од пензијата на мајка ми. Некако се снаоѓам од шишиња. Мора да се проси и да се донесе нешто дома. Сме останувале гладни, ќе се напиеш ако треба вода и ќе си легнеме.

Станот е под кирија, плаќам кирија. Имав за струја 10 години за плаќање, заостанат долг, по 2200. Дали лекарства за детето, дали лекарства за мајка ми. Мајка ми со години се нема симнато во зградата која нема лифт, неподвижна е 12 години.

Во Прилеп сум родена. Од дете живеам во овој стан, немам браќа и сестри. На мојата 15 година се запознавме и така подолго живеев со него. Прво, пријатели, пријатели и после се ставив со него во врска.

Оттогаш се омажив и родив две деца. Не бев среќна во бракот уште кога го зедов. Првите денови беше подобар. Откога ми се роди второто дете, Емил, тој почна да не е добар, да биде скитник, по жени.

Нормално на челото не му пишува каков е и што е. И јас оттогаш си дојдов кај мајка ми.

Кога бев мала, бев помирна, посигурна се чувствував и посреќна бев. Имав и татко и негова поддршка. Сега немам татко, имам и мајка болна.

Далибор, поголемиот син се снајде, работеше и еднаш се врати болен. „Мамо, јас имам ко вид.“ „Добро, реков, сине, оди во болница, јас не можев да појдам.“

И после тоа доби крва вење во мозокот. И со инјекции извадија само 2%, а 50% остана кр вта. После го земаа за опе рација во Хрватска. Почнав да собирам за донација. Фала му на народот, колку што ќе дае, ќе му испратам на докторот.

Докторот ми вели, откога ќе се опе рира, не се знае дали 90% ќе познава или не. После тоа, неколку месеци ќе почне да познава и ќе знае кој е и што е.

Помалиот син, стра даше од срцето. После тоа, почна да го стега градниот кош, премногу. Еднаш на училиште премногу го стегаше градниот кош, тогаш трето/четврто не знам кое беше.

Силно го стегнало, до несвест да падне детето. И после тоа не знам како ме повика наставничката. Го зедов, не се најде лекарства и се бараше понатамошно лекување. Јас со кои пари да го лекувам тоа дете?

Мајка ми зема 12000. Со тие 12, имам извршител, и за станот по 2200. Пред 20 години најдоа струја по 2200, а башка што ќе дојде, како тоа можам да го платам.

Ќе одделиш од пензијата, ама 2000 денари остануваат. Ама дали со 2000 денари се живее? Одам во црква, тоа што ќе ми даде народот, ќе донесам дома.

Ќе се израдувам што моето дете ќе касне нешто. Со супа и каша, нема што да се најади од тоа. Ми е грев што гледа од децата на училиште, некое каснало чоколатце, некое се напило сок, нешто јадело, ама тоа нема. Само може да гледа и ништо друго.

Видеото од оваа тажна сторија, можете да го погледнете ОВДЕ.

Previous articleФилип Миркуловски проговори како му е во Германија и откри што направила жена му за него (ВИДЕО)
Next articleСестрата на нашата најубава водителка од Сител упати посебни зборови за нивните родители, а мајка им е иста како Јована, кога била млада (ФОТО)