Home Live Зоки Фаци кажа на што потрошил многу пари во Дубаи, ако беше...

Зоки Фаци кажа на што потрошил многу пари во Дубаи, ако беше скапо, дал Господ (ФОТО)

Водителот Зоран Васливески кој е познат како Зоки Фаци, се налути зошто на Инстаграм не му ставаат лајкови, па на оние кои го следат а не го лакјкуваат на Инста стори ги нарече „Клоша-ри провидни“. Зоки тоа на овој начин го објасни:

– Кло-шари провидни. А тоа иде вака: Зоки, шо правиш? Абе, да не имаш илјадарче до први? Јас: Срцка, зашто ме игнорираш на Инста? И одма имаш 30 лајка…“, напиша Зоки.

Зоки – Фаци е познат естраден новинар, кој своја авторска емисија имаше на поранешната А1 телевизија, а особено беше активен и на пропаднатата 1ТВ, на Бојан Јовановски, со кого беа и приватно пријатели.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.

Естрадниот новинар и ТВ водител нема среќа со медиумите. Од печатениот збор ( беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми. Арно ама „А1“ ја растурија, кабловската „Џангл ТВ“ пропадна, а и со последната „1ТВ“, Фаци немаше среќа.

Добро познато е дека Зоран по професија е ветеринар, но животот му носеше друга насока па заврши како новинар.

-Да ви кажам искрено, да ми кажеше некој дека ќе го работам ова што го работам денес немаше да му верувам.

Кога завршив факултет отидов до зоолошка градина да волонтирам, убаво почна се, но со еден оглас во весникот Вест, каде што бараа ветеринар да пишува за животни ми се промени животот. И така започна се.

Премногу сум емотивен, немам ништо заедничко со тоа што го работам. Пред се ми е семејството, на второ место ми се животните, а потоа природата. Кога сум дома читам книги, гледам Анимал Планет и Дискавери.“, рече тој.

„Дедо ми беше сточар, имаше своја фарма и тој ме научи да јавам на шест години. Иако имаше многу внуци, секогаш велеше дека јас ќе бидам негов наследник. Станав ветеринар, но никогаш не работев во струката“, раскажа Зоки за „Репортер“.

Не крие дека во минатото некои луѓе му плаќале за да ги направи ѕвезди. Но, сето ова низ годините му донесе и проблеми. „И кога ќе ме повредат, знам да се носам со тоа достоинствено“, рекол тој за Репортер.

Зоки објави едно виео стори во кое го покажа својот дом, своите растенија, својот кревет каде што спие и кажа што го штити од лоши соништа и од луѓето кои го напаѓаат.

-Отсекогаш сум ви кажувал дека омииленото цвеќе ми е Стерлиција“, кажа Зоки Фаци во своето ново стори на Инста, и го покажа својот дом каде што навистина доминираат овие растенија.

-И, случајно кога бев во Дубаи, влегов во Долче Габана бутикот, и ја најдов оваа блуза со стрелиции на нејзе,

морав да ја купам, ако беше скапичка, дал Господ парички, и си ја носам секој пат кога ќе посакам да имам стерлиција до мене“, кажа познатиот новинар.

-И после напоред ден, време е за кревет, овде спие ѕвездата.

А, ова се моите амајлии, фаќачи на соништа, и кога ме хеј-тате и кога ме пљукате, овие чуда тука ме заштитуваат“, рече тој.

Previous articleСопругата на Тони Михајловски пред нов животен предизвик: Храбар човек не е оној што не се плаши
Next articleТри браќа и многу тажна судбина- еве зошто убавата актерка Неда Арнериќ реши да си оди од нас