Home Live Кога се појави во мојот живот, сакав да го прегрнам целиот свет...

Кога се појави во мојот живот, сакав да го прегрнам целиот свет – Агнеса со емотивна порака за среќата која ја дели со Боби

Јавноста почна да зборува за Aгнеса во времето на ко роната, кога среде разводот нејзиниот поранешен маж ја навреди во статус на Фејсбук.

„Сите сакаат да живеат среќно, никој не сака да е во брак кај што сте како брат и сестра“, рече Агнеса за „Репортер“.

Во најтешкиот период најмногу ѝ помогнале ќерките Вивиен и Тифани, со кои е многу блиска. Вивиен, која ја родила на 20 години, сега е на студии во Словенија, па се слушаат секој ден на видео-повик.

„На почетокот многу плачев, ѝ се јавував по 3-4 пати на ден, ама ми олеснуваше кога ќе ја видев насмеана. За секоја мајка тоа е најважно“, искрена била Агнеса.

Со Агнеса, која важи за една од најпознатите инфлуенсерки кај нас, разговарала во нејзиниот дом. Покажала каде живее и кои ѝ се омилените парчиња облека.

За тоа кој ѝ го дал името Агнеса, во какви односи е денес со поранешниот маж и дали тој ѝ се извини за јавните навреди, како дозна за неговиот статус, но и за мажите што се плашат да ѝ пријдат, колку им попушта на ќерките, па ја убедиле дома да чуваат змија, каква мајка е, таа кажала во ова интервју за „Репортер“.

Во интервју за Бекстејџ, таа рече дека кога оди на ,,дејт” или вечера важно е никогаш да не се става ташната на маса, тоа е бон-тон правило.

-Се става значи на посебен стол, а ако нема стол, да знаете дека се става на земја. Така да, не важи она правило старите што го велат дека ќе немаш пари ако ташната ја ставиш на земја, така да не, кралицата Елизабета ја става на земја ташната“, рече Агнеса.

– Кога е во прашање ваква вечера, сум приметила многу девојки дотерани, убаво средени, нарачуваат пиво. Тој момент не го сакам.

Сепак, може да се порача вино, и некој добар коктел, а пивото може да го остави дома, не ми е дамски“, рече Агнеса, а потоа го коментираше трендот во Скопје- да се излегува во тренерки.

-Да, ми смета. Се знае тренерки каде се носат, во парк, на Водно, на патување кога одиш, да се чувствуваш комотно, еве ќе речеме – ќе го спомнам последниот ИНВЕНТ на кој што бев поканета, на „Винедонија“.

Значи јас бев облечена во фустан, елегантен, нормален, и кога влегов девојките стварно беа шокирани како јас сум се облекла.

Едноставно треба да знаете на такви инвенти како треба да делува една дама, а не да си во обични панталони и кошула. Јас сум секогаш искрена и мислам дека тоа се гледа“, рече Агнеса.

Потоа коментираше дали има џентлмени во Скопје.

-Во Скопје ги има, треба да се најдат мислам дека се кријат, а мислам дека самата жена треба да го поттикне спротивниот пол да биде џентлмен.

Очекувам маж да ми отвори врата од кола значи, тоа вистина го сакам, второ, врата кога ќе ми отвори, кога ќе ми дозволи прва да влезам во ресторан.

И да ми отстапи место, и да ми каже дури он каде јас ќе седам, и да ми намести столица“, рече Агнеса и додаде дека само кога е со другарките користи мобилен телефон кога е излезена, а на официјални излегувања, не.

После некое време, Агнеса беше повторно во очите на јавноста, а во интервју за Бекстејџ имаше интересен ,,квиз” каде што славните личности ги прашуваат дали постои лек за скршено срце?

Помеѓу одговорите, се најдоа многу славни личности како Нора Шакири, Жаре Бербер, а највлијателен коментар остави нашата Агнеса која одговори:

-Досега никој не ми го скршил срцето, изгледа сѐ јас сум кршела, хаха, на шала проговори Агнеса и потоа додаде:

-Лек за скршено срце е да си го прават тоа што ги исполнува, да се дружат со пријателите, со другарките и така ќе ги надминат сите бор би со себе.

Агнеса во првиот месец од годината го прославува роденденот на својата првородена ќерка, Вивиен. По тој повод, мама Агнеса ѝ посвети убава слика и специјална порака, па кажа многу работи за неа:

-Кога се појави во мојот живот, сакав да го прегрнам целиот свет. Ти си мојата убава душа…Знам за што сонуваше изминатите 18 години, но веќе можеш да размислуваш за овој 19 ти сон.

Среќен роденден дете мое. Те сакам знаеш. Me & You forever ♾️ Vivien Ordanoska, напиша Агнеса за нивната прва заедничка среќа со Роберт.

Previous articleПосле сѐ, Тамара и Катарина по дома си пијат вино, а им се придружи и Александра, сите три природни и опуштени (ФОТО)
Next articleБи ја познал ли некој нашата пејачка на оваа слика, се подмлади како да не е таа: Елена, ти ли си? (ФОТО)