Home Live Дебарлиева искрено раскажа зошто качила 20 килограми и како се ослободила од...

Дебарлиева искрено раскажа зошто качила 20 килограми и како се ослободила од нив

– Она што секогаш сум се трудела е да ги научам да бидат културни и воспитани, да имаат почит кон семејството, но и кон другите луѓе во околината, бидејќи во последно време приметувам дека онаа нишка на почит како да се губи.

Ние поинаку сме се однесувале кон родителите, а денешниве деца сосема на друг начин.“ Ова го кажа Билјана Дебарлиева во едно интервју за Рингераја за своите деца, Ана и Мики.

-Имаат некои свои погледи на реалноста. Сметам дека на секој родител токму ова е најтешката работа да ги научи.

Треба да се истакнуваат позитивните работи, сега веќе отворено се зборува за се, и за сексот, и за дрогата и сите негативни работи кои доаѓаат со нив доколку не се доволно информирани.

Според мене само преку отворен разговор, може да се оствари близина со своите деца.

Доколку постојано сме со оној став, ова не смееш, она не смееш, во детето ќе се роди и некој инает токму тоа да го направи“, рекла нашата позната новинарка.

Таа секогаш го негува македонскиот литератутен јазик, а на оваа тема, Билјана која до пред неколку месеци беше дел од екипата на Тв Канал 5, а сега е дел од Тв 24, има кажано:

-Се менуваат времињата, се менуваат генерациите, ама, за жал, морам да кажам, не на подобро, барем кога станува збор за негувањето на македонскиот литературен јазик, посебно од страна на јавните личности.

Ние, лицата од медиумите сме тие од кои младите генерации треба да го земат примерот за убаво и правилно говорење.

Треба многу да се работи, многу да се чита, да се практикува литературниот говор во секојдневието.

Имав среќа во четирите години од моето средно образование да имам професорка по македонски јазик која толку многу ми ја влеа љубовта кон македонскиот литературен јазик, што беше одлична основа за она што потоа беше моја професионална определба, а ја работам до денес.

Многу е важно прво да сакаш, а потоа и да го зборуваш и да го негуваш литературниот јазик, нешто што, за жал, помладите генерации сè помалку го практикуваат.

-Сите сме веќе свесни колку е важно да внимаваме на здравата исхрана, физичката активност, добриот сон, помалку стрес и најважното, доволно вода во текот на денот, зашто буквално е потребна за секое делче од организмот добро да функционира.

Јадам многу малку леб, ако има месо, тогаш во комбинација со салата, сакам благо, ама веќе поредуцирано. Секако дека има исклучоци поради убави поводи да прекршам некое правило, ама гледам тоа да не биде често.

Немам некои посебни ритуали, освен редовно и темелно отстранување на шминката од лицето по работниот ден, нанесување крема, најчесто само ноќна оти така бара моето лице и типот на кожата, редовни козметички третмани за чистење и хидратација на лицето.

Последниве години дополнително внесувам и додатоци на исхраната кои помагаат и придонесуваат за обнова на колагенот во кожата, за убав, негуван и здрав изглед.

Мојата тајна, всушност, е насмевката, а насмевката кај секого комплетно го разубавува ликот“, кажала Билјана во едно интервју за Бети.мк, а потоа во Рингераја зборувала за еден период од својот живот кога випк килограми.

– Со оглед на тоа дека бев прилично млада, имав 21 година, воопшто не се плашев од самото породување, бидејќи не се водев по ниту еден весник, списание, книга, ги оставив работите сами да си течат по некој нивен тек.

Единствен проблем беа килограмите кои ги качив за време на првата бременост, 20 кг, но за среќа брзо ги симнав потоа. Имав лесно породување и со првата и со втората бремeност без некои потешкотии за 15- 20 минути“, кажала Дебарлиева.

Previous articleКаролина откри како ѝ успева да е секогаш згодна, ова е нејзината тајна, а објави и невидено добри фотки
Next articleУште воз не ме згази во годинава што пројде- Емилија Розман раскажа што лошо ѝ се има случено, а прозборе и за браковите