Home Live Хелена Роза како во најдобрите времиња- ги покажа нозете и докажа дека...

Хелена Роза како во најдобрите времиња- ги покажа нозете и докажа дека жената која се негува, не старее (ФОТО)

Познатата водителка Хелена Роза која веќе неколку години живее со своето семејство во далечнито Нов Зеланд од време на време со своите следбеници на социјалните мрежи споделува дел од нејзиниот живот.

Така неодамна Хелена сподели неколку фотки на кои позира со сопругот Игор. Всушност тие присуствувале на некаков моден настан, но она што нас ни „падна“, во око, а верувам и вам е нејзиниот стајлинг.

Водителката позираше во црн тесен фустан, кој се разбира го истакнува нејзиното бујно деколте, меѓутоа овој пат вниманието го „украде“ и шлицот на фустанот, објави Убавина и здравје.

За животот во Нов Зеланд, таа вели дека е многу смирен, а луѓето таму се многу позитивни и насмеани, и не се чуствува речиси никаков стрес.

„Воздухот е кристално чист, градот и улиците чисти до перфекција, и речиси и да не ти се верува како може некој милионски град да изгледа така чисто и уредно.

Како голем гурман, ги сакам разните видови на кујни од сите делови на светот.

Луѓето се многу позитивни, насмеани, и ако погледнеш некого подолго од две секунди ти се насмевнува и те поздравува.

Ми се допаѓа и тоа што во клубовите нема лица помали од 18 години, а некаде дури и од 21 година и што има дрес код на облекување“, рече Хелена во една прилика во Женски магазин.

Додека синот беше мал, таа рече дека деновите со Тиан и се многу возбудливи, а најмногу уживаат во заедничките утрински прошетки крај океанот, и ручеците со пријателите, додека сопругот Игор и поголемата ќерка Кјара се на работа.

„ Откако ќе се прошетаме, правам две различни јадења за Игор и за Кјара, бидејќи воошто не конзумираат иста храна. Кога ќе се вратат од работа, вечераме заедно и периодот до 21 часот кога Тиан си легнува ни е најубавиот период.

Сите сме околу него, си играме, му пуштаме музика а тој ни возвраќа со насмевки “ раскажала Хелена претходно. Грижата за најмалиот член од семејството е заедничка, водителката вели дека има помош од сопругот и од постарата ќерка, но поголемиот дел од денот е сама со него.

На Хелена најмногу и недостасува внукот Маркијан, најстариот син на сестра и, пејачката и претседателка на здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска-Ристески.

„Маркијан најмногу недостасува. Многу бев среќна и возбудена кога го видов лани во Скопје. На моменти посакувам да си го земам со нас во Нов Зеланд.

Доротеј и Макариј, иако се гледаме на интернет секојдневно, ми беа многу пораснати.“, вели Хелена за нејзините внуци, близнаците на Ребека.

– Секогаш сум имала доста поинакви размислувања од поголемиот број на луѓе кои што живеат овде, затоа и најверојатно си заминав, бидејќи не можев да се пронајдам по толку време во едно општество како нашето.

За жал ,ништо не е сменето за овие години, и поради тоа ми е многу жал, светла точка не гледам. Се е некако заспано. Толку многу зависно од политичките случувања што боли кога гледаш и слушаш“, изјавила Хелена.

Пред да замине од Македонија, Хелена освен како Тв лице беше позната и по провокативните фотосесии. Најгледанана и најкоментирана беше нејзината точка на стр иптиз во шоуто „Јас имам талент“ кое во 2009 го изведе во студиото на „Тв Пинк“ во Белград.

-Проблемот е што доколку си атрактивна, по дифолт ти се одзема правото да бидеш и паметна, и некако се друго од твојот труд паѓа во вода.

За жал во Македонија атрактивноста е сериозна мана“, рекла Хелена.

Хелена Роза на својот Фејсбук профил објави слики од неа во краток фустан, ама тигрест, и со штикли во тон. Со откриени нозе, таа позираше во својот автомобил, и оваа слика ја стави на стори.

Сигурно дека ова стори имало доста прегледи, а Хелена е згодна исто како во времето на нејзините почетоци како ТВ водителка, а сега има 45 години.

Previous articleНашиот познат фудбалеp, омилен кај жените cи ја ќари оваа наша згодна водителка- школски пример за љубов (ФОТО)
Next articleЦеца ги направи лом сите од „Ѕвездите на Гранд“, ифpит лута, ама еве како Марија ѝ се пушти на Вики и како ја нарече