Home Live Каролина откри како ѝ успева да е секогаш згодна, ова е нејзината...

Каролина откри како ѝ успева да е секогаш згодна, ова е нејзината тајна, а објави и невидено добри фотки

Една од најубавите и најнегувани наши поп-ѕвезди има проверен и едноставен начин на нега. Каролина Гочева како гостинка рубриката на „Пред огледало“, на Женски магазин ги откри своите ритуали за убавина.

Изјавила дека со години мириса на ист парфем по кој ја препознаваат најблиските. Она со што сака да експериментира се кремите за сува кожа, и искрено кажува дека шминката во последно време ја сведува на минимум.

Иако има совршена линија со години, Каролина изненадува со изјавата дека е голем гурман. „Сѐ помалку сакам да се шминкам и сериозно шминкање практикувам само за професионални поводи, настапи, концерти, гостувања..

Приватно, шминката ја сведов на минимум, никогаш и не сум била љубител на шминка која менува личен опис, нанесувам малку течна пудра, руменило, малку сенка на очи и кармин во некоја природна нијанса, а ако сум нешто порасположена знам да ставам и црвен кармин.

-Голем гурман сум, иако претпоставувам никој тоа не го очекува и како таква не сакам да се лишувам од омилените јадења.

Особено уживам во нашиве зимски празнични специјалитети, а веројатно единственото нешто кое ми ја одржува линијата е генетикатa, а и најчесто сум умерена во својот хедонизам.

А да, вежбам кампањски од време на време, а последниве неколку месеци сум поприлично редовна“, изјавила Каролина. Поп-пејачката за „Убавина и здравје“ открила со кои трикови се служи за да ја одржи витата става по која е препознатлива.

Вели дека воопшто не размислува за тежината затоа што никогаш не ѝ претставувала проблем.

–Верувам дека најголемата заслуга за тоа им припаѓа на моите гени бидејќи во моето семејство никој нема вишок килограми. Важно ми е да го послушувам својот организам и да ги почитувам неговите „директиви“.

Последниве години не ми се случило да ги покачам килограмите, туку да загубам 2-3 килограма. За разлика од многумина, јас не се дебелеам дури ни за време на новогодишните празници – објаснува Каролина.

На времето, другарка ѝ побарала совет од нутриционист бидејќи сакала да ослаби. Така се решила и таа да се посоветува која храна и одговара, а која не.

-Ми направи режим на исхрана, чијашто цел не беше да ослабам, туку да го одржам здравјето. Следните три-четири години се хранев здраво – јадев многу овошје и зеленчук, пиев многу вода, се откажав од чипс…

Бидејќи не сум љубител на слатки, ги јадам неколку пати месечно, но обожавам чипс и други грицки. Меѓутоа, кога тежината не ви варира, без разлика на тоа како се храните, во еден миг ви станува здодевно да внимавате што ќе изедете, а што не.

Можам да кажам дека во тој период се чувствував подобро, но станува збор за нијанси, кои не би можеле да ми бидат силен мотив за толку откажувања – вели Каролина.

Таа смета дека самата најдобро знае што ѝ треба и во колкаво количество. Проблемот, коментира пејачката, е во тоа што луѓето често се прејадуваат или не јадат затоа што се гладни, туку само затоа што виделе дека некој друг јаде.

Решила да не јаде често пица, а во чипс да ужива само 2-3 пати месечно. Оди на треннзи, секогаш во попладневните часови.

Сака морска храна, обожава плескавица и ќебапи, но, вели, не може да ги јаде често. Солената и зачинета храна е на нејзиното мени – ја сака мексиканската, арапската, кинеската кујна…

Нашата кујна ѝ е совршена во зима. Никогаш не легнува гладна, бидејќи не може да заспие. А Каролина на Инста објави слики на кои се гледа дека го оправдува сево ова горе напишаното.

Зад сцената- напишала таа и објавила слии на кои изгледа како авион, и тоа од последниве концерти кои ги имаше Песни за љубов и копнеж заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски. Секоја чест за Македонското девојче.

Previous articleЛазаров отиде кај Тале дома во Велес – се појави и жена му (ВИДЕО)
Next articleДебарлиева искрено раскажа зошто качила 20 килограми и како се ослободила од нив