Home Live Нашиот познат фудбалеp, омилен кај жените cи ја ќари оваа наша згодна...

Нашиот познат фудбалеp, омилен кај жените cи ја ќари оваа наша згодна водителка- школски пример за љубов (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец Љупчо Марковски-Калц е нов тренер на Работнички, објавина почетокот од јуни минатата година Слободен печат.

Раководството на клубот се договори со досегашниот тренер на Скопје да се пресели во Градски Парк и следната сезона да го предводи тимот на „романтичарите“.

– Работнички му ја доверува шансата на Љупчо Марковски да биде нов шеф на стручниот штаб.

Сметаме дека со неговиот фудбалски авторитет во Македонија и искуството за работа со млади и талентирани фудбалери, ќе успееме заеднички да го подигнеме нивото на младиот тим на Работнички.

Клубот и понатаму останува посветен на продуцирање на македонски играчи кои ќе добиваат шанса за докажување – изјави претседателот на клубот, Драган Поповски тогаш. Но, веќе во септември, клубот на својата веб страница ја објави оваа вест:

-Љупчо Марковски не е веќе шеф на стручниот штаб на Работнички. По вчерашниот убедлив пораз (5-0) од Шкупи, тој заминува од функцијата. Марковски поднесе оставка од морални причини“, стпи во овој текст.

Инаку, во декември, Спорт 1 мк објави дека новото раководство на Тетекс го назначи Љупчо Марковски за нов тренер на првиот тим.

Новото раководство на тетовскиот клуб ги презема првите конкретни чекори, го назначи Љупчо Марковски – Калц за нов тренер на првиот тим.

Негови помошници ќе бидат Дејан Савески и Живорад Радоњиќ. „Почитувани фанови и симпатизери на ФК Тетекс. Ве известуваме дека од денеска Љупчо Марковски – Калц е официјално новиот шеф на стручниот штаб.

Му посакуваме добредојде и успешна работа во ФК Тетекс ! Негови помошници ќе бидат Дејан Савески и Живорад Радоњиќ“, стоеше на Фејсбук профилот на ФК Тетекс во декември минатата година.

Калц заедно со новиот управен одбор треба да донесе нова енергија во клубот кој во овој момент е во долниот дел од Втората македонска лига.

Главната задача сезонава ќе биде тимот да се спаси од испаѓање, а за таа цел ќе добијат и соодветни засилувања.

Веќе се споменуваат одредени фудбалери како можни засилувања, па така се очекуваат подобри денови за поранешниот освојувач на Купот на Македонија, објави Слобиоден печат.

Во 2021 година, Македонија го заврши својот настап на Европското првенство во групната фаза, со три порази, во кои постигнавме два гола.

Во една од тогашните изјави во отвореното студио на МТВ, каде гостин беше Љупчо Марковски Калц, инаку поранешен капитен на репрезентацијата кој има одиграно 30 натпревари и има постигнато еден гол, даде анализа за она што се случуваше на ЕП и за ситуацијата околу тогашниот селектор Ангеловски.

“Прво честитки за тоа што се случуваше на ЕП за Македонија во Букурешт и Амстердам, ова сепак беше прв историски настап на едно големо натпреварување. Овој селектор, овие фудбалери, го донесоа пласманот на ЕП и радоста на нацијата, за тоа треба да им се честита“.

Марковски го прокоментира и заминувањето на селекторот Игор Ангеловски тогаш за чије заминување имаше поделени мислења.

„За мене беше нелогична изјавата на селекторот Ангеловски, за тоа кој ќе биде нов селектор нека анализира што сме сработиле на ЕП.

Капа долу за сите успеси, тој ја водеше Македонија повеќе од 5 години, ретко кој добил шанса толку долго да ја води Македонија и да ја однесе на ЕП.

Сепак, тој ги оправда очекувањата и довербата на федерацијата, тој ја состави оваа репрезентација.

Европското првенство беше врв и сон за секој во Македонија, но мислам дека крајот требаше да биде поубав со Ангеловски“, порача Љупчо Марковски Калц во 2021 година.

На Фејсбук профилот на водителката Татајана Тања Петровска која е водителка на емисијата Фолк Џубокс, е објавена заедничка слика, нејзина со познатиот фудбалер Марковски.

Тие се гупнати и изгледаат како да се пар, а во еден од коментарите до оваа слика, се открива нивната љубов. „Школски пример за љубов“, вели коментарот на водителката Анита Даева.

Инаку, Марковски важеше за еден од најпопуларните фудбалери додека активно играше, кај женскиот пол, а сега срцето ѝ го подарил на оваа убава и атрактивна дама.

Previous articleЕ во вакво издание, ќерката на Мишо Ковач досега не сме ја виделе, ова парче тешко дека може и сукња да се нарече (ФОТО)
Next articleХелена Роза како во најдобрите времиња- ги покажа нозете и докажа дека жената која се негува, не старее (ФОТО)