Home Live После сѐ, Тамара и Катарина по дома си пијат вино, а им...

После сѐ, Тамара и Катарина по дома си пијат вино, а им се придружи и Александра, сите три природни и опуштени (ФОТО)

Тамара Тодевска направи „бум“ откако го објави евровизискиот спот за „Proud“, а потоа и откако го освои седмото место на евровизискиот натпревар во Тел Авив.

– Proud е песна што ме опишува баш таква каква што сум сега – помудра, поискусна и посамоуверена – жена што знае што сака и не се плаши тоа да го каже“, рекла Тамара во Женски Магазин во тој период.

– Искрено, помина времето кога се фокусирав на тоа што ќе го кажат луѓето за мене или за мојата работа.

Научив да не се врзвувам ниту за позитивните ниту за негативните коментари. Јас сум стопроцентно сигурна во мојата песна и мојот тим“, изјавила пејачката.

Потоа, добила прашање: На која силна жена ѝ се восхитуваш а не е дел од евровизискиот спот? На ова, таа одговрила на овој начин:

– Дефинитивно мојата мајка. Бескрајно сум ѝ благодарна за поддршката и за тоа што верува во мене тогаш кога и јас самата не верувам во себе.

Без нејзината помош и љубов ниеден мој сон немаше да биде моја реалност“.

Потоа, таа како горда и посветена мајка зборуваше и за своите деца, ќерката Хана и синчето, Дарен и кажа кои карактеристики ги забележува кај нив.

-Хана е родена пејачка. Кога ја гледам неа, се гледам и себеси. Има голема самодоверба и не се плаши да го каже тоа што го мисли.

Како мајка јас само сакам Хана да биде среќна и да верува во себе. Самата ќе си одлучи што сака да биде во животот.

Дарен е многу посмирен од Хана. Уште е премал за да видиме кои таленти ги има наследено, дали оние од тато или оние од мама.

Моите деца се светлината во мојот живот и бескрајно сум благодарна што ја имам можноста да бидам мајка. Јас уживам во секој момент поминат со нив и факт е дека ме направија подобра личност“, рече Тамара.

Тамара е секогаш насмеана и една доста позитивна личност, и иако перед извесно време рече потврди дека се разделува од сопругот Мачка, со кого поради децата ќе остане во добра комуникација, таа кажа дека годината што изминува, по добро ќе ја памети.

Инаку, Тамара останала навистина во добри односи со поранешниот сопруг, а доста медиуми ја објавија сликата каде што тие двајца заедно го прославија роденденот на нивниот син Дарен.

Се сликаа сите семејно, на роденденската прослава на Дарен, на која имало суперхерои за малиот славеник и биле доста нивни пријатели.

Тамара на Инста објави слики каде што е сликана во новогодишен амбиент, во еден наш познат хотел, на едната слика е со ќерка си Хана, а на другите две е сама, и до овие слики, таа напиша:

-Оваа 2022 година да ја паметиме по убавите работи, а ги имаше навистина многу“ стои до сликата од Тамара.

Блиските другарки, пејачката Тамара Тодевска и манекенката Катарина Ивановска во минатото се шпекулираше дека не се во добри односи, напиша Убавина и Здравје, во една прилика

Како што дознава тимот на „Убавина и здравје“, двете другарки не сакале очи да си видат една со друга, а причината наводно била – изневерена доверба.

Еден од доказите дека со нив навистина нешто не е во ред, говори и фактот што двете си ги избришале сите заеднички спомени на социјалните мрежи.

-Да, вистина е дека Тамара и Катарина се скарани. Се налутија една на друга, а точната причина не би сакал да ја откријам. Јавете им се на нив и прашајте ги”, изјави нивни заеднички пријател, кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен.

Ова не е првпат двете другарки да се скараат. Двете не беа во добри односи и пред неколку години, а се шпекулираше дека односите ги расипале пред венчавката на Тамара со Александар, па затоа Катарина ја немаше улогата на старосватица.

Инаку, интересно во љубовната со Мачка е што пред Тамара нејзината најдобра другарка, манекенката Катарина Ивановска – Кики, беше во комбинација со токму со овој поранешен кошаркар.

Наводно, тоа воопшто не им пречело. Напротив, Кики била многу среќна затоа што, според неа, тазе двојката била идеален пар.

Тамара и Катарина и во минатото, според медиумите, често се карале, па се смирувале, но сега се гледа дека нивната другарска врска е зацврстила и пријателството го ставиле пред сѐ.

Тоа го докажува новата слика на Тамара, каде што во домашен амбиент објави слика со Катарина и Александра, сопругата на актерот Атанас Атанасовски.

Трите изгледаа одлично во природно издание, како за по дома и си пиеја вино, додека дечињата си играа.

Previous articleАмериканците го сакаат Даниел Кајмакоски- ископаа нешто интересно од него, а тој ги охрабри (ВИДЕО)
Next articleКога се појави во мојот живот, сакав да го прегрнам целиот свет – Агнеса со емотивна порака за среќата која ја дели со Боби