Home Live Се огласи Филе- Топки, на необичен начин ја раскажа својата животна приказна

Се огласи Филе- Топки, на необичен начин ја раскажа својата животна приказна

Познатиот спортски новинар и коментатор Игор Филевски Филе повеќе од една деценија е излезен од Македонија, а веќе речиси години живее на Малта.

Инаку, тој претходно добро го пропатува светот. Ја одбрал Малта за дестинација за живеење поради условите што му биле понудени од една спортска данска компанија.

– И така ни се виде целиот тој концепт прекрасен, да работиме и живееме на една мала карпа среде Медитеранот, бидејќи генерално оваа мала островска земја е помала од Скопје – го почнна разговорот Филе за Слободен печат во 2021 година.

– Јазикот не ни имам намера да го совладувам, бидејќи некако не ми е ниту атрактивен, ниту ме привлекува да го знам. Точно е дека е од семитската група на јазици и практично, Малта е единствена држава во ЕУ чиј јазик нема европски корен.

Си го подобрувам англискиот, бидејќи јас сум дете на „француски експеримент“ во Македонија, од онаа генерација која во „Кирил Пејчиновиќ“ учеа од прво одделение француски јазик, додека сите останати училишта со странските јазици се сретнаа дури во петто одделение.

А живеењето во Барселона, ме навлече да се заљубам во шпанскиот јазик. И така сега во Малта сум посветен исклучиво на англискиот. Малтешкиот оставам да го совлада син ми, па покрај него ќе фаќам и јас по некој ред.

А за тоа „одомаќинет“, да. Во право си. Веќе одамна се чувствувам како цел живот да сум бил Медитеранец, морско дете. Веројатно и сум бил во претходниот живот, па сега само си дојдов дома.

За земја од соништата не сум чул, но за земја на витезите, да. Тие се гордеат многу со тоа што се потомци на витезите, кои по крстоносните војни, кога Папата ги распуштил и биле во егзил, една група, витезите болничари, пребегале на островов и нашле засолниште тука.

Така и ја создале државата подоцна. За тоа има многу пишана и археолошка историја на островот и ако човек го сака тој период од европската цивилизација, Малта е најподатливото подрачје за изучување и истражување.

Ако доаѓате во Малта за уживање по плажи, тогаш подобро не доаѓајте. Тука ги нема грчките или турските прекрасни плажи или оние километарски како во Каталонија или Валенсијански, на пример.

Овде има многу историја, од онаа праисторија, па витешката, па барокната итн…

Од плажите убава е Голден Беј, на која се снимаше холивудскиот блокбастер „Троја“.

Убава е песочната плажа во Мелиха, каде што сум и јас најчесто бидејќи ја обожавам, кога ќе сакам да променам од онаа која ми е под балкон, каде што живеам.

Има и уште неколку мали, симпатични плажи кои се наоѓаат на Гозо и имаат прекрасно зајдисонце, но пак ќе кажам, Малта има мали, тесни, повеќе карпести отколку песочни плажи“, кажал Филе во ова интервју за Слободен печат.

Денес Филе славуи роденден и го споделил овој емотивен пост на неговиот Фејсбук профил, и кажал дека во текот на целиот ден ќе раскаже нешто интересно за него. А, тоа е всушност музиката со која пораснал, и многу кажува за него како личност.

– Петок 13-ти, Те сакам. Од овој момент, па во следните 24 часа планирам да ве гњавам со убава музика (и само музика, без ништо друго отстрана!),

но овојпат само онаа со која растев во земјата каде го собираав искуството на младоста, за да го уживам денес, да го густирам и да го хедонирам до максимум надградувајќи ја сегашноста…

И секоја песна ќе си има свое парче историја од моите тефтери кои денес специјално, само за датумов, ќе ги извадам да ги дружиме… Значи стартувам…“, напишал Филе.

А, она што е за него карактеристично е токму таа музика, а ставал песни од групата „Хаустор“ која се вика „Моја прва љубав“, „Ми нисмо сами“ од „Филм“, „Зажмури“ од Бајага, „Мој бјели лабуде“ од „Прљаво казалиште“ и други. Романтично како за роденден.

Previous articleЗаспал на сцена, го покриле со само едно ќебенце-необична приказна на нашиот познат актер
Next articleВистинската, тажна животна приказна на Тома Здравковиќ- овие детали ги немаше во филмот за него