Home Live Сека Алексиќ објави видео како вози oпaсна машина и сите ѝ се...

Сека Алексиќ објави видео како вози oпaсна машина и сите ѝ се чудат на храброста (ВИДЕО)

Сека Алексиќ во 2022 година имаше само успеси. Издала албум, а веќе работи на друг, ја лансирала својата колекција гардероба, а на приватен план сè ѝ е во ред.

Пејачката сега ја анализираше годината зад себе и откри дали би променила нешто. Таа откри и кои се нејзините идни цели и планови.

– Мислам дека не треба да менувам ништо, но дефинитивно треба да истрајам на воздржување од одредени намирници за да ја задржам фигурата што ја имам сега и од која сум задоволна.

Ако некој имал проблем со вишокот килограми, знае дека тоа е секојдневна битка со себе, особено кога покрај себе имаш мали деца. Слатките отсекогаш ми биле проблем, но упорноста и силниот карактер решаваат сѐ, па и слатките – започна Сека и додаде:

– Искрено, сега сум најзадоволна од својот изглед и ќе се трудам да го одржам колку што можам. Немој да мислите дека гладувам. Имам пет здрави оброци дневно, а тренирам и така што резултатите се неизбежни.

Во однос на желбите, имам многу повеќе на ум кога е во прашање мојата кариера. Кога го правиш тоа што го правам јас, нема запирање. Секогаш гледам да ја изненадам публиката со нешто ново и уживам во тоа.

Јас и мојот тим подготвуваме грст нови проекти, а публиката дефинитивно ќе биде навремено информирана за сѐ.

Сека се присети и како ѝ поминувале празниците кога била дете.

– Се сеќавам на празниците во селото Липолист, каде што живеев како дете. Се сеќавам дека тетките од Белград и Австрија секогаш доаѓаа кај нас и носеа убави пакетчиња на кои многу се радував.

Се сеќавам дека уживавме да седиме на маса и да поминуваме време заедно шегувајќи се, смеејќи се и пеејќи. Мајка ми е одлична готвачка, но за жал поради целата ситуација во која живеевме можевме да си дозволиме само малку побогат оброк за празниците.

За разлика од моите врсници кои живееја надвор од Босна, јас немав можност да верувам во Дедо Мраз бидејќи поради околностите почнав да заработувам од четиринаесетгодишна возраст.

Дури кога го запознав Вељко, во мене се роди верба, која сепак ме турка да одам напред – вели таа за „24седам“.

– Секогаш ги радувам децата и сопругата со подароци, како и тие мене. Се разбира, децата секогаш со нетрпение очекуваат да отворат подароци, но да бидам искрена, тие не бараат.

Јаков сака ласери, тоа му е ново хоби, а Јован е задоволен со се што има во подарокот. Додуша, Јован е уште доволно млад за да знае што сака од Дедо Мраз, но затоа ние како родители многу добро знаеме што сака, па секогаш има мали коли и играчки.

Но, верувајте Јаков и Јован се најсреќни кога сме сите заедно дома и кога играат со нас.

Трчаат, скокаат, врескаат, се тркалаат со мене и Вељко на подот! Но, тие се возбудени и среќни деца, кои не ги интересираат материјалните работи.

Не е тајна дека фолк-пејачката Сека Алексиќ успеа да го оствари својот најголем сон – да изгради „замок“ далеку од очите на јавноста, во кој ќе ужива со своето семејство.

Токму затоа, Сека, која е голем верник, не заборава секојдневно да му се заблагодри на Господ за сѐ што ѝ овозможил во животот, а и да им посака мир и благосостојба на сите луѓе.

Неодамна таа тоа го стори од својата приватна „џунгла“, поточно од градината во вилата во Стара Пазова, позирајќи во едноделен костим за капење. Таа во својата приватна палата неодамна вложи нови 10.000 евра.

Имено, Сека долго размислуваше на овој потег, и на крајот се одлучи за сауна со средна големина, која е направена од најфини материјали, пишува „Ало!“.

– Со години Сека се грижеше за својот физички изглед и здравје. Бидејќи одамна изгради сала за вежбање во својот дом, долго време размислуваше за инсталирање на сауна, заради сите здравствени придобивки што ги има.

Неодамна, таа реши да ги реализира своите планови – изјави извор близок на пејачката за „Ало!“.

– Сека се одлучи за сауна со димензии 2х2м2, во која може да се сместат четири лица, колку што има нејзиното семејство – изјави извор за гореспоменатиот весник и посочи дека пејачката не заштедила пари за својот спа дел.

– Таа бараше да биде изработена од најскапо дрво, германска опрема, професионални врати … Она што го побара Сека чинеше 10 илјади евра, но цената не ѝ претставуваше проблем.

Таа веднаш плати аванс на компанијата што ја инсталираше сауната, а неодамна го доби готовиот производ. Самото производство траеше околу еден месец“, додал изворот.

Сека Алексиќ, пејачка и водителка на емисијата „Мајки и снаи“ на телевизија Курир, на Инстаграм објави видео како вози трактор и ужива со синот.

Имено, пејачката на своето инстаграм стори објави видео со песната „Тракторче“ и ги насмеа сите, а за храброста на пејачката да се качи на оваа џиновска машина, сите ѝ се воодушевуваат.

Целото видео како Сека вози трактор може да го погледнете ОВДЕ.

Previous articleСпасе од Сител објави слика со Лила од пред 13 години: Преубави бевме и останавме (ФОТО)
Next articleАмериканците го сакаат Даниел Кајмакоски- ископаа нешто интересно од него, а тој ги охрабри (ВИДЕО)